02.03.2012, 13:20 Мајами и Оклахома продолжуваат да „газат“
Најзаслужен за убедливиот триумф на „жешките“ на гости кај Портланд (107:93) беше Леброн Џејмс со 38 поени.
Кошаркарите на Мајами хит продолжуваат со серијата одлични настапи, па така синоќа на гостувањето против Портланд стигнаа до својата деветта победа во серија (107:93).
Најзаслужен за убедливиот триумф на „жешките“ беше Леброн Џејмс со 38 поени, а извонредна партија прикажа и Двејн Вејд, кој го заврши мечот со 33 поени и 10 скокови. Мајами настапи на овој меч без повредениот Крис Бош, но неговото отсуство воопшто не се почувствува во играта на тимот од Флорида, најмногу поради извонредното издание на двете најголеми ѕвезди на оваа екипа.
МВП на Ол стар натпреварот Кевин Дурент беше најзаслужен за триумфот на Оклахома на гостувањето на Флорида против Орландо од 105:102. Дурент уфрли 38 поени, вклучувајќи 18 коша во последниот период, а Расел Вестбрук придодаде 29 поени и 10 асистенции за Оклахома, која успеа да надополни 14 поени негатива и да ја оствари седмата победа по ред.
Резултати: Орландо - Оклахома 102:105, Феникс - Минесота 104:95, Сакраменто - ЛА Клиперс 100:108, Портланд - Мајами 93:107.
|