02.03.2012, 12:51 Ема Вотсон во новиот филм на Софија Копола
Младата хероина од серијалот за Хари Потер, Ема Вотсон ќе биде една од главните ѕвезди на најновиот филм на режисерката Софија Копола наречен „The Bling Ring“
Филмот се базира на вистинска приказна за група на тинејџери од Калифорнија кои во текот на 2008 и 2009 година ги ограбиле домовите на неколку селебрити личности, меѓу кои беше и Парис Хилтон. Проектот ќе биде продуциран од Копола, Роман Копола и Јури Хенли. Според нивните најави, овој филм е нив начин да прикажат отрезнувачки поглед на денешната модерна култура.
„Возбудена сум што полека се екипираме и едвај чекам да почнеме со работа. Снимањето ќе почне на пролет во Лос Анџелес“, изјави Копола.
Освен овој проект Ема Вотсон во следниот период ќе биде ангажирана и на сетот на филмот „ Твојот глас во мојата глава“ на режисерот на Хари Потер, Дејвид Јетс.
|