Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
29.02.2012, 13:51
Циклус американски класици за судниците



Во рамките на оваа ревија насловена „Закон филмови!“ ќе можат да се видат седум ремек-дела

Од 1 до 8 март во Кинотеката на Македонија ќе се одржи ревија од седум американски филма кои се однесуваат на правото и правниот систем. Станува збор за нов циклус насловен „Закон филмови!“, во кој се опфатени извонреден избор на неколку незаборавни класици на оваа тема, чиј пристап и начин на обработка е еднакво провокативен и денес.

Така, публиката ќе може да ги види ремек-делата „12 гневни луѓе“, „„Сведок на обвинението“, „Анатомија на едно убиство“, „Судењето во Нирнберг“, „Правда за сите“. „Филмските остварувања кои ќе бидат дел од оваа ревија во своите приказни како стожер на дејствието ги претставуваат правото и законот, кои рамо до рамо чекорат со комплексните етички прашања што ја разнишуваат рамнодушноста кај

гледачот“, вели Мими Ѓоргоска - Илиевска, директорка на Кинотека. Додека американскиот амбасадор Пол Волерс ги кани гледачите додавајќи дека пошироките концепти за право, правда и правила на фер-игра се појдовна точка на нашето разбирање за тоа кои сме и како да го разбереме светот. Ние само ќе додадеме дека изборот на овие дела за американското судство, за вината и човечкото, за коруптивноста и неправдата, за предрасудите, за стравот од различното и за длабоката психолошка анализа кога секој од нас ќе се најде соочен со овие прашања, се нешто што задолжително треба да се види.

На 1 и 2 март ќе се прикаже извонредната драма за поротниците во „12 гневни луѓе“ на Сидни Ламет, следува „Сведок на обвинението“ на Били Вајлдер, кој го прави сценариото заедно со Агата Кристи, па „Анатаомија на едно убиство“ на Ото Преминџер, кој на извонреден начин говори за честа и вината и култната класика за судењето на нацистите во „Судењето во Нирнберг“ на Стенли Крамер. Тоа се црно-бели филмови од крајот на 1950-тите и почетокот на 1960-тите години. По нив следуваат и три извонредни филма од понов датум, и тоа: „Правда за сите“ (1979) на Норман Џуисон, „Филаделфија“ (1993) на Џонатан Деми и „Избеганиот поротник“ (2003) на Гери Фледер. Сите филмови во Кинотека се од 20 часот, а истиот циклус ќе може да се погледне од 22 до 28 март и во Сити центарот во Гостивар. (С.У.)



Статијата е прочитана 375 пати.

Испрати коментар



Лауреатот на „Балканика“ ќе се избира викендов во Скопје
Прв Арт фестивал во Битола „Муза на уметноста - уметноста на музеите“
Ема Вотсон во новиот филм на Софија Копола
Galaxy S II и iPad 2 најуспешни на MWC во Барселона
Францускиот културен центар се ребрендира во Француски институт
Клуни - Не ми пречи што се зборува дека сум геј
(ВИДЕО) Калиопи ја претстави евровизиската песна
(ФОТО) Избрани најдобрите фотографии со мотиви од Скопје
Џенифер Гарнер и Бен Афлек добија трето дете
Владимир Николов работел на музиката во „Уметникот“
Тајно се омажи Натали Портман



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 0°C

Ведро

Петок
Ведро
Макс: 8°C, Мин: 0°C

Сабота
Сончево
Макс: 11°C, Мин: -2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |