02.03.2012, 15:32 Де Геа мора повеќе да јаде за да брани во Премиер-лигата
Искусниот менаџер на Манчестер јунајтед, Алекс Фергусон, призна дека неговиот прв голман Давид де Геа има проблем со недостиг од килограми и дека се труди да добие на маса
Тој од своето доаѓање од Атлетико Мадрид се бори да се адаптира на цврстиот англиски фудбал. На повеќето фудбалери тоа им е голем проблем, но на младиот Шпанец не му оди во прилог тенката става. Вистина, Де Геа брани се' подобро, но и натаму му претставуваат проблем високите топки во шеснаесетникот.
„Момчето е талентирано, брз е како молња, но тешко се навикнува на некои делови од играта во Премиер-лигата. Проблемот е неговата градба, па со него многу напорно работиме во вежбалницата. Се надеваме дека ќе фрли некој килограм плус, а притоа да не загуби на брзината, рефлексот и флексибилноста. Мора да се здебели“, кажа Фергусон.
|