04.03.2012, 12:20 Торнадата во САД однесоа 39 животи
Спасувачките тимовии во САД продолжуваат да трагаат по преживеани под урнатините во државите погодени од серијата торнада, кои го зафатија крајбрежјето на Мексиканскиот Залив па се до регионот на Големите езера на север, при што животот го загубија 39 лица.
Метеоролошките служби предупредуваат за можноста од влошување на временските услови во сојузните држави Џорџија, Флорида и Алабама.
Серијата од 83 торнада погодија голем дел од централниот дел на САД, во најголем дел државите Кентаки, Индијана, но и Охајо, Тенеси и Илиноис.
Претседателот Барак Обама вети дека Агенцијата за управување со кризни ситуации ќе помогне на погодените држави.
Кентаки беше погодено од 13 торнада и според најновите податоци убиени се 18, а повредени се над 300 луѓе. Торнадата нанесоа штети во населени места во 40 окрузи и оставија без електрична енергија над 22.000 лица.
Во државата Индијана загинаа 14 лица, 20 во Кентакти и еден во Охајо. Има многу повредени, соопштија локалните медиуми.
Торнадото носеше покриви на куќи и поголеми згради, нанесени се големи штети на строго чуваниот затвор и практично го срамни со земја малото градче Мерисвил во Индијана, кој има околу 2.000 жители. Во торнадото многу е погоден и соседниот град Хенривал. Штети има и во Тенеси и во Алабама.
Минатата недела во САД беа регистрирани 133 торнада.
Сезоната на торнада вообичаено започнува во март во јужниот дел на земјата. Во северниот дел на земјата торнада се појавуваат само кон крајот на пролетта.
Во 2011 година во торнада животот во изгубија 545 луѓе во САД, што претставува рекордна бројка од 1936 година наваму.
|