Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
29.02.2012, 14:37
Волерс: Инцидентот во Гостивар да се решава законски



Во врска со инцидентот во Гостивар треба да се почитуваaт законот и правните процедури, порачаа министерот за правда Блерим Беџети и американскиот амбасадор Пол Волерс, по денешната промоција на кампањата „За општо добро“ финансирана од Амбасадата на САД во Македонија.

Беџети додаде дека истрагата за инцидентот е сеуште во тек и нема нови сознанија. - Законот треба да се почитува од сите. Не знам што изјавил порпраолот, но МВР и судството ќе продолжат со нивната работа, рече Беџети запрашан за тоа дали ќе побара одговорност од портпаролот на МВР кој дал изјава за случајот во Гостивар само врз основа на информации од починителот на делото.

Амбасадорот Волерс посочи оти истрагата се уште е во тек и не знае повеќе од фактите презентирани во медиумите, и оти ова е добар пример каде концептот на владеење на правото треба да се примени дали полицијата ја врши својата истражна работа и дали процедурите што се применуваат се согласно законот. Во меѓувреме, порача, треба да се биде мирен и да се чека на резултатите од истрагата.

- Владеењето на правото треба да надвладее во овој момент и да следи редовна истражна постапка. Сите треба да чекаат тоа да заврши. Во меѓувреме, треба да се биде мирен и да са остави правната процедура да се спроведе. Така се спроведува владеењето на правото, така функционира демократијата и ова е добра можност да се следат правилата, порача Волерс.

Министерот за правда Беџети смета дека не е одложена примената на Законот за кривична постапка, туку се праваат последните подготовки за негова примена. - Владата во комуникација и соработка со сите партнери и поддржувачи на реформите кои се многу значајни за државата и нашите евроинтегративни процеси ја прикажува реалната состојба и цврсто е решена за продолжување со имплементирање на реформските закони како што е и овој закон, вели Беџети.

Предлагач на овој закон, посочи Беџети, е Министерството за правда и во работната група се вклучени претставници од различни области како од судството, обвинителството и други институции кои имаат надлежност согласно Законот за кривична постапка.

- Тоа координативно тело согласно Акцискиот план и анализата на Обвинителството констатира и дојде до одлука да се одложи имплементацијата на Законот, рече министерот за правда и посочи на искуството во Хрватска каде новините во Законот за кривична постапка се применуваат во прво време само во одделот за органиизран криминал. Укажа и дека законските измени се уште не се поминати на Влада.









Статијата е прочитана 1278 пати.

Испрати коментар



Марјан Цветковски на чело на МРТВ
Евроамбасадорот Орав ја презеде функцијата
Годинава ќе биде потешка од лани
Лидерите на ЕУ го потпишаа фискалниот договор
(ФОТО) Вардар ќе добие бродови
Трибина за минималната плата
Албанскиот Парламент го разреши Крешник Спахиу
Дијалогот на високо ниво со ЕУ стартува на 15. март
Банките нема да можат да ги враќаат заемите на ЕЦБ
Градоначалникот против руска црква во Париз
Македонските парламентарци на средби во Сиднеј
Делегацијата на ЕУ бара смиреност по инцидентот
Договори за доделување училишни автобуси во 23 општини
Битола остана без градски автобуски превоз
Две бомби експлодираа во Истанбул, третата деактивирана
Херман Ван Ромпуј доби втор мандат
Претседателот Иванов во посета на Австрија
Романија и Бугарија остануваат надвор од Шенген
Србија доби кандидатски статус за членство во ЕУ
Груевски и Пападимос се тестираа во Брисел
Клуч за фирмата чии работници настрадаа од лифт
Вељановски лобира за укинување на австралиските визи
(ФОТО) Инцидентот го запали Гостивар
ОБСЕ повикува на смиреност по инцидентот во Гостивар
Повредени работници по пад од скеле
Светска банка - Сиромаштијата се намалува
Вулф во пензија со 200.000 евра годишно
Јанкулоска - МВР има нови информации за уривањето на „кингерот“
Русија и Македонија негуваат одлични односи
Патнички воз излета пред станицата во Тетово
Пазарната вредност на „Епл“ надмина 500 милијарди долари
Почнува дводневниот Самит на ЕУ
Хрватскиот ДДВ од денеска изнесува 25 отсто
Најмалку 12 загинати во торнадо во САД
Викиликс - Санадер од политиката го избрка мафијата
Десет ренети во експлозија на бомба во Истанбул
Новиот еврoамбасадор Аиво Орав пристигнува во Македoнија
Средба Груевски - Пападимос во Брисел
Пресудата за „Пајажина“ за две недели
Србите имаат најниски плати на Балканот
Владата и ЗНМ се уште далеку од договор
Иванов - Самитот на НАТО во Чикаго не е за проширување
Кривична пријава за убиство против полицаецот од Гостивар
Ховит - Македонија е подготвена за преговори со ЕУ
Затворската ќелија на Тито туристичка атракција
„Децата не се виновни“ за поквалитетна социјална грижа
Меркел е убедливо најпопуларниот германски политичар
Стаса втората тура од 68 двокатни автобуси
Тадиќ - Србија нема да прифати невозможни услови
Владата бара нова истрагата за загинувањето на Трајковски
Во Европскиот парламент почнува расправата за АКТА
Ханфрис - Австралија треба да ја признае Македонија под уставното име
Расмусен - Прво решение за името, па членство во НАТО
САД нема да застанат зад БЈРМ
Во ГТЦ ќе профункционира лифт
Ќе се бара одговорност за несреќата со лифтот



Makedonec vo SAD, 29.02.2012 15:18:53
Opa bato, posle vcherashnoto veto za NATO plesnato vo lice direktno, sega g-dinot ambasador kje ni gi regulira I vnatreshnite krivichni zakoni. Bash me interesira kolku godini zatvor dobija policajcite vo New York, koga chetvorica od niv zastrelaa nevooruzhen imigrant od Somalija, so 42 kurshumi. Dobija na krajot osloboditelni presudi.
Nekogo, 29.02.2012 18:52:40
Volers za President !!! Obama za Cezar. Do 85 godina, se vozea vo avtobusite posebno za belci, posebno za crnci.Istoto i so Evropa, gi opelesija Afrika, Kina, Juzna Amerika i sega ke im delat pamet.Isto kako sto na Indija i na Kina im delat pamet za nekakvi gasovi vo atmosferata.Ama im odgovorija odlicno.Pa prestanete da proizveduvate avtomobili, i nema da imate CO2, a nas ostajte ne da se razvivame.I tolku bese.Samo Kina i Indija ne se Makedonija , Srbija, Hrvatska itn.
Дај земетесе насебе, 29.02.2012 19:36:19
Кој е тој Пол Волерс и што има он да кажува како да се решава случајот има ли право и нашиот амбасадор во уса да им налага шо и како да прават амбасадор е едно а гувернер друго и ја незнам шо толку и новинариве ја тупчат со таквие глупости

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 0°C

Ведро

Петок
Ведро
Макс: 8°C, Мин: 0°C

Сабота
Сончево
Макс: 11°C, Мин: -2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |