Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
29.02.2012, 14:13
Ховит: Македонија е подготвена за преговори со ЕУ



Известувачот за Македонија во Европскиот парламент во интервју за „МИА“ 

Македонија веќе подолго време е подготвена да ги започне преговори за влез во Европската Унија, истакнува во интервју за МИА известувачот за Република Македонија во Европскиот парламент (ЕП) Ричард Ховит.

На 6 март во ЕП во организација на Ховит ќе се одржи трибина насловена како „Да ја направиме 2012 година на успех“ на која еден од говорниците ќе биде и еврокомесарот Штефан Фуле. Според Ховит, тоа ќе биде можност за пошироко запознавање на јавноста со процесот на преговарање меѓу политичарите, и можност за добивање поддршка на балканските земји аспиранти за ЕУ.

- Хашката пресуда и почитувањето на меѓународното право - главниот аргумент со кои Република Македонија настојува да си го отвори патот кон евроинтеративниот процес е факт што Советот на ЕУ, одделно секоја држава - членка на ЕУ, како и секоја останата меѓународна институција, треба да го почитува, вели Ховит, но додава и дека, тоа не вклучува и постоење на кратка варијанта за решавање на спорот. Хашката пресуда, наведува тој, придонесува за надминување на проблемот, но решението ќе произлезе единствено од преговорите.

Во март ЕП треба да го усвои извештајот за напредокот на Македонија за 2011 година, во која Ховит повторно ја враќа придавката македонски, употребувајќи ги термините македонски јазик, македонски идентитет, македонска култура.

- Тоа е нешто што сметам дека е во целосна согласност со Обединетите нации, изјави Ховит. Генерално извештајот на Ховит претставува порака до ЕК за употреба на терминот македонски, и штетноста која изоставувањето на истата ја предизвика на државата, па и на регионот.

Поради неговиот став најавени се 164 амандмани за претстојната парламентарна седница на 14 март. Ховит признава дека неколку негови колеги веќе му најавиле дека ќе се изјаснат против извештајот.

Статус-кво ситацијата на Македонија е неприфатлива, смета Ховит. Тој го поздрави најавениот дијалог на високо ниво меѓу еврокомесарот Филе и премиерот Груевски. Според него, Европската комисија испраќа јасен сигнал дека сака да и помогне на земјата, но потсети и на предупредувањето на Филе дека препораката не е врежена во камен. Таа порака, смета Ховит, беше насочена во два правца. Едниот кон македонската Влада, а другиот кон ЕУ.

- Не можеме и не смееме да се држиме настрана и само да посматраме, изјави Ховит. Тој повтори и дека едно од решенијата може да биде и од неодамна креативниот предлог за постоење на временска рамка во која би отпочнал скрининг процесот. Тоа подразбира формирање на тимови и во Брисел и во Скопје кои би работеле на техничкиот дел за подготовка за почеток на преговорите за членство во ЕУ, а во меѓувреме да се водат преговорите за решавање на спорот со името.





Статијата е прочитана 561 пати.

Испрати коментар



Марјан Цветковски на чело на МРТВ
Евроамбасадорот Орав ја презеде функцијат��
Годинава ќе биде потешка од лани
Лидерите на ЕУ го потпишаа фискалниот договор
(ФОТО) Вардар ќе добие бродови
Трибина за минималната плата
Албанскиот Парламент го разреши Крешник Спахиу
Дијалогот на високо ниво со ЕУ стартува на 15. март
Банките нема да можат да ги враќаат заемите на ЕЦБ
Градоначалникот против руска црква во Париз
Македонските парламентарци на средби во Сиднеј
Делегацијата на ЕУ бара смиреност по инцидентот
Договори за доделување училишни автобуси во 23 општини
Битола остана без градски автобуски превоз
Две бомби експлодираа во Истанбул, третата деактивирана
Херман Ван Ромпуј доби втор мандат
Претседателот Иванов во посета на Австрија
Романија и Бугарија остануваат надвор од Шенген
Србија доби кандидатски статус за членство во ЕУ
Груевски и Пападимос се тестираа во Брисел
Клуч за фирмата чии работници настрадаа од лифт
Вељановски лобира за укинување на австралиските визи
(ФОТО) Инцидентот го запали Гостивар
ОБСЕ повикува на смиреност по инцидентот во Гостивар
Повредени работници по пад од скеле
Светска банка - Сиромаштијата се намалува
Вулф во пензија со 200.000 евра годишно
Јанкулоска - МВР има нови информации за уривањето на „кингерот“
Русија и Македонија негуваат одлични односи
Патнички воз излета пред станицата во Тетово
Пазарната вредност на „Епл“ надмина 500 милијарди долари
Почнува дводневниот Самит на ЕУ
Хрватскиот ДДВ од денеска изнесува 25 отсто
Најмалку 12 загинати во торнадо во САД
Викиликс - Санадер од политиката го избрка мафијата
Десет ренети во експлозија на бомба во Истанбул
Новиот еврoамбасадор Аиво Орав пристигнува во Македoнија
Средба Груевски - Пападимос во Брисел
Пресудата за „Пајажина“ за две недели
Србите имаат најниски плати на Балканот
Владата и ЗНМ се уште далеку од договор
Иванов - Самитот на НАТО во Чикаго не е за проширување
Волерс - Инцидентот во Гостивар да се решава според законот
Кривична пријава за убиство против полицаецот од Гостивар
Затворската ќелија на Тито туристичка атракција
„Децата не се виновни“ за поквалитетна социјална грижа
Меркел е убедливо најпопуларниот германски политичар
Стаса втората тура од 68 двокатни автобуси
Тадиќ - Србија нема да прифати невозможни услови
Владата бара нова истрагата за загинувањето на Трајковски
Во Европскиот парламент почнува расправата за АКТА
Ханфрис - Австралија треба да ја признае Македонија под уставното име
Расмусен - Прво решение за името, па членство во НАТО
САД нема да застанат зад БЈРМ
Во ГТЦ ќе профункционира лифт
Ќе се бара одговорност за несреќата со лифтот



pile, 29.02.2012 20:57:43
Gi pozdravuvam naporite na izvestuvacot za Makedonija vo EP G-din Hovit i primenetite Evropski vrednosti vo iznesenite stavovi vo tekstot,vo delot na Haskata presuda i pocituvanje na megjunarodnoto pravo i usoglasenosta na tekstot od Izvestajot so aktite na ON, a koi se odnesuvaat za zaclenuvanje na R.Makedonija vo megjunarodnite institucii, a vo vrska so sporot so razlikite za imeto so sosedna Grcija.Go ohrabruvam gospodinot Hovit i drugite ne samo prijateli na Makedonija, tuku i prijateli na R.Grcija, uste pojasno i odlucno da zastanat na stranata na megjunarodnoto pravo, a ne vo ovoj slucaj da nosat politicka odluka po princip na solidarnost i neresavanjeto na sporot da se istaknuva kako glavna precka-argument za dobivanje na datum za predpristapni pregovori za clenstvo vo EU na R.Makedonija.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 0°C

Ведро

Петок
Ведро
Макс: 8°C, Мин: 0°C

Сабота
Сончево
Макс: 11°C, Мин: -2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |