01.03.2012, 14:40 Повредени работници по пад од скеле
Двајца работници од Скопје се здобиле со фрактури на нозе во несреќа што се случи утринава на објект во изградба во скопската населба Карпош 4.
Од СВР Скопје известија дека околу 9,30 часот работниците на возраст од 36, односно 31 година паднале од скеле високо околу четири метри. Веднаш биле префрлени во Ургентниот центар, каде им се констатирани фрактури на нозете. Надлежните излегоа на терен и ги истражуваат причините за несреќата. (Г.А.)
|