02.03.2012, 11:10 Антиќ против Мекејлеб во Фајнал ејт на Евролигата
Капитенот на македонската репрезентација Перо Антиќ со својот Олимпијакос славеше со 88:81 против Галатасарај во директниот дуел за второто место во групата Е
Антиќ за скоро 15 минути игра постигна 8 поени и 6 скока, а најзаслужен за значајната победа на грчкиот тим во последното 6. коло од фазата топ 16 беше Спанулис со 20 поени и 8 асистенции.
Олимпијакос за противник во Топ 8 ќе го има тимот на Лестер Бо Меккејлеб, Монтепаски Сиена, кој иако загуби на домашен терен од Реал Мадрид со 90:102, сепак го освои првото место во групата Ф.
Меккејлеб за 28 минути поминати на паркетот оствари ефект од 15 поени, два скока и три асистенции. „Кралскиот клуб“ е елиминиран откако Билбао со победата над Уникаха (59-55) го освои второто место во групата поради подобрата кош-разлика, иако сите три екипи имаат идентичен скор од 4-2.
Покрај Монтепаски и Олимпијакос, во рамките на Фајнал ејт ќе се сретнат уште и ЦСКА Москва - Билбао, Панатинаикос - Макаби Тел Авив и Барселона - Уникс. Првите четвртфинални пресметки ќе се одиграат на 20. март.
Резултати од последното коло:
Група Е: Ефес – ЦСКА Москва 65-82, Олимпијакос – Галатасарај 88-81. Табела: ЦСКА 5-1, Олимпијакос 3-3, Галатасарај 3-3, Ефес 1-5.
Група Ф: Уникаха – Билбао 59-55, Монтепаски - Реал Мадрид 90-102. Табела: Монтепаски 4-2, Билбао 4-2, Реал 4-2, Уникаха 0-6.
Група Г: Уникс - Панатинаикос 63-68, Армани - Фенербахче 85-72. Табела: Панатинаикос 4-2, Уникс 3-3, Армани 3-3, Фенербахче 2-4.
Група Х: Жалгирис - Канту 71-77, Барселона - Макаби 70-67. Табела: Барселона 6-0, Макаби 3-3, Канту 3-3, Жалгирис 0-6.
|