Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
01.03.2012, 13:58

Русија и Македонија негуваат одлични односи



Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов денеска се сретна со Владимир Генадиевиќ Титов, заменик министер за надворешни работи на Руската Федерација

Претседателот Иванов и заменик министерот Титов на средбата констатираа дека Република Македонија и Руската Федерација негуваат блиски и пријателски односи, со континуиран политички дијалог на високо ниво, што придонесува кон натамошното развивање на политичките, економските и културните врски, соопшти кабинетот на претседателот.

Иванов изрази задоволство од активностите насочени кон поврзување на Република Македонија на стратегискиот проект Јужен поток, додавајќи дека со тоа ќе се отвори нова перспектива за економски развој на земјата. Двајцата соговорници посебно се осврнаа на можностите за продлабочена економска соработка, за натамошно зголемување на трговската размена водејќи се од позитивните трендови во извозот на македонски производи во Русија, и за можностите за зголемувањето на руските директни инвестиции во Македонија.

Соговорниците на средбата разменија мислења и за состојбите во регионот на Југоисточна Европа, европската финансиска криза и глобалната безбедност.

Претседателот Иванов се заблагодари на постојаното и принципиелно почитување на уставното име на Република Македонија, идентитетот и културната традиција на македонскиот народ од страна на Руската Федерација. Го информираше заменик министерот Титов и за актуелната состојба во разговорите за надминување на прашањето за името кое Република Грција го наметнува пред Република Македонија, соопшти кабинетот на македонскиот претседател.

Македонија и Русија потпишаа Програма за соработка во културата

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и заменик-министерот за надворешни работи на Руската Федерација Владимир Титов денеска ја потпишаа Програмата за соработка во областа на културата, образованието, науката и спортот меѓу Владата на Руската Федерација и Владата на Република Македонија со важност од 2012-2015 година.

Оваа Програма претставува правна рамка за интензивирање на односите меѓу Македонија и Руската Федерација, за поинтензивна соработка меѓу институциите, размена на проекти и уметници. Се отвора можност за заемно признавање на дипломите од високо-образовните установи во двете држави, а наскоро треба да се потпише и Спогодба за основање на културни центри.

Пред потпишувањето на Програмата, Канческа-Милевска оствари работна средба со Титов. На средбата таа изразила благодарност за поддршката од Руската Федерација околу уставното име, култура и идентитет.

Министерката Канческа–Милевска истакна дека досега со Руската Федерација имаат реализирано голем број проекти на институционално ниво и потсети на Деновите на македонската култура што се реализираа во Москва и во Санкт Петербург, на добро организираната културна соработка меѓу националните институции и на манифестацијата Денови на руската духовна култура во Република Македонија од 2010 година.

Таа им се заблагодари на сите уметници кои изработиле дел од експонатите, сликите и сцените во новата Национална установа „Музеј на македонската борба за државност и самостојност“ Музеј на ВМРО и Музеј на жртвите од комунистичкиот режим кој, како што рече, претставува гордост за Македонија.

Канческа - Милевска изрази задоволство од преведувачката и издавачката дејност меѓу Македонија и Руската Федерација, односно што голем број книги се преведени од македонски на руски јазик.

- Не планираме да прекинеме со соработката на културен и образовен план, туку да ја унапредуваме. Активно работиме на отворање на културно-информативни центри во двете држави, рече заменик-министерот Титов и ја потенцира важноста од овој документ за следните четири години.








Статијата е прочитана 678 пати.

Испрати коментар



Марјан Цветковски на чело на МРТВ
Евроамбасадорот Орав ја презеде функцијата
Годинава ќе биде потешка од лани
Лидерите на ЕУ го потпишаа фискалниот договор
(ФОТО) Вардар ќе добие бродови
Трибина за минималната плата
Албанскиот Парламент го разреши Крешник Спахиу
Дијалогот на високо ниво со ЕУ стартува на 15. март
Банките нема да можат да ги враќаат заемите на ЕЦБ
Градоначалникот против руска црква во Париз
Македонските парламентарци на средби во Сиднеј
Делегацијата на ЕУ бара смиреност по инцидентот
Договори за доделување училишни автобуси во 23 општини
Битола остана без градски автобуски превоз
Две бомби експлодираа во Истанбул, третата деактивирана
Херман Ван Ромпуј доби втор мандат
Претседателот Иванов во посета на Австрија
Романија и Бугарија остануваат надвор од Шенген
Србија доби кандидатски статус за членство во ЕУ
Груевски и Пападимос се тестираа во Брисел
Клуч за фирмата чии работници настрадаа од лифт
Вељановски лобира за укинување на австралиските визи
(ФОТО) Инцидентот го запали Гостивар
ОБСЕ повикува на смиреност по инцидентот во Гостивар
Повредени работници по пад од скеле
Светска банка - Сиромаштијата се намалува
Вулф во пензија со 200.000 евра годишно
Јанкулоска - МВР има нови информации за уривањето на „кингерот“
Патнички воз излета пред станицата во Тетово
Пазарната вредност на „Епл“ надмина 500 милијарди долари
Почнува дводневниот Самит на ЕУ
Хрватскиот ДДВ од денеска изнесува 25 отсто
Најмалку 12 загинати во торнадо во САД
Викиликс - Санадер од политиката го избрка мафијата
Десет ренети во експлозија на бомба во Истанбул
Новиот еврoамбасадор Аиво Орав пристигнува во Македoнија
Средба Груевски - Пападимос во Брисел
Пресудата за „Пајажина“ за две недели
Србите имаат најниски плати на Балканот
Владата и ЗНМ се уште далеку од договор
Иванов - Самитот на НАТО во Чикаго не е за проширување
Волерс - Инцидентот во Гостивар да се решава според законот
Кривична пријава за убиство против полицаецот од Гостивар
Ховит - Македонија е подготвена за преговори со ЕУ
Затворската ќелија на Тито туристичка атракција
„Децата не се виновни“ за поквалитетна социјална грижа
Меркел е убедливо најпопуларниот германски политичар
Стаса втората тура од 68 двокатни автобуси
Тадиќ - Србија нема да прифати невозможни услови
Владата бара нова истрагата за загинувањето на Трајковски
Во Европскиот парламент почнува расправата за АКТА
Ханфрис - Австралија треба да ја признае Македонија под уставното име
Расмусен - Прво решение за името, па членство во НАТО
САД нема да застанат зад БЈРМ
Во ГТЦ ќе профункционира лифт
Ќе се бара одговорност за несреќата со лифтот



Albani, 01.03.2012 14:20:15
e pa tuka e problemot po shto MKD ne saka Eu i nato tuka saka da se pervrzuva so Rusija.. A ova e rizik za rajonot i samo vojna snosi ova sorabotka.
Napred kon sestrata Rusija, 01.03.2012 15:18:10
Makedonija treba da se svrti kon majkata pravoslavna Rusija. So toa ce ni bidat reseni problemite so Albancite koi se najgolemi potencijakni unistuvaci na makedonskata drzava i nacija, a isto taka i ekonomski ce zajakneme. Kakov NATO i EU, se samo izduvani baloni, idninata na svetot se Kina i Rusija, toa go znaqat site. Propadna Rimskoto carstvo, propadna vizantiskoto, osmanliskoto, angliskiot kolonijalen sistem, na red e propast na amerikanskata policiska sila. Doadjaat Rusite i Konezite.
До albani., 01.03.2012 18:43:51
Како може културна соработка да носи воjна?Соработка со земjа на чии културно-уметнички достигнувана им се восхитуваат и САД и ЕУ и целиот културен свет. Ама верувам дека таквите како тебе не ги знаат и културните вредности ниту на ЕУ ниту на САД па ниту своите вистински вредности. Толку ти е мизерен и параноичен коментарот што верувам 4 класаа основно дека имаш завршено. И некоjа си диплома ваша, обавезно е тоа сега нели? Тебе ниту за воjна не те бидува, за никаде си.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 0°C

Ведро

Петок
Ведро
Макс: 8°C, Мин: 0°C

Сабота
Сончево
Макс: 11°C, Мин: -2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |