01.03.2012, 11:50 Почнува дводневниот Самит на ЕУ
Шефовите на држави или влади на членки на ЕУ ќе се соберат денеска во Брисел на дводневна средба на Европскиот совет.
Главна тема на Самитот, кој почнува во пладневните часови, ќе биде координирањето на економската и финансиската политика на ЕУ и должничката криза во еврозоната.
Вечерва лидерите на ЕУ ќе одржат работна вечера на која ќе се разговара за доделувањето на кандидатски статус на Србија и за проширувањето на Шенген зоната.
Самитот продолжува утре за кога е предвидено лидерите на ЕУ да го потпишат Договорот за стабилност, координација и управување на Економската и монетрана унија, попознат како „фискален пакт“.
Во текот на утрешниот дел од средбата шефовите на државилте или владите на членките на ЕУ ќе разговараат и за состојбата во Сирија, за случувањата на Блискиот Исток и во Северна Африка по т.н. „арапска пролет“, за партнерството со јужните соседи на ЕУ, како и за претстојните самити на Г-8 и Г-20 и за конференцијата на ОН „Рио + 20“, што ќе се одржи од 20 до 22 јуни.
|