Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
01.03.2012, 11:46

Чикаго го напаѓа првото место на Мајами



Со победата од 96:89 на гостувањето кај Сан Антонио, Булси се доближија до скорот на водечката екипа во Источната конференција

Дерек Роуз и неговите соиграчи синоќа славеа на гостувањето против Сан Антонио (96:89), со што станаа само вториот тим сезонава што успеал да ги покори спарси на домашен терен. Најзаслужен за големиот триумф беше Роуз со 29 поени, додека Ноа стигна до дабл-дабл од 10 поени и 13 скокови. Кај Сан Антонио најпрецизен беше „резервистот“ Нил со 21 поен, но потфрли Тони Паркер, кој реализираше само 11 поени со шут од поле 5/16.

Коби Брајант играше со заштитна маска на лицето поради повредата на носот заработена на олстар викендот, но тоа не му пречеше на овој суперстар да ги предводи ЛА лејкерс до триумф на дуелот со Минесота. Коби го заврши мечот со 31 постигнат поен, а солидна помош доби и од Гасол со 15 поени и Бајнам со 13 поени и 13 скокови.

Џереми Лин оствари 19 поени и 13 асистенции во победата на Њујорк од 120:103 над Кливленд, но главната улога сепак ја имаа резервните играчи на Никси, предводени од Стив Новак (17 коша).

Останати резултати: Филаделфија – Оклахома Сити 88:92, Вашингтон – Орландо 95:102, Бостон – Милвоки 102:96, Атланта – Голден Стејт 82:85, Детроит – Шарлот 109:94, Мемфис – Далас 96:85, Њу Орлеанс – Торонто 84:95, Денвер – Портланд 104:95, Јута – Хјустон 104:83.

Вечерва играат: Орландо – Оклахома Сити, Феникс – Минесота, Сакраменто – Лос Анџелес Клиперс и Портланд – Мајами.

ИСТОК: Мајами 27-7 (победи-порази), Чикаго 29-8, Индијана 22-12, Филаделфија 21-15, Орландо 23-13, Атланта 20-15, Бостон 17-17, Њујорк 18-18 итн.

ЗАПАД: Оклахома Сити 28-7, Сан Антонио 24-11, Лос Анџелес Клиперс 20-12, Лос Анџелес Лејкерс 21-14, Далас 21-15, Хјустон 21-15, Мемфис 20-15, Денвер 19-17 итн.







Статијата е прочитана 246 пати.

Испрати коментар



Де Геа мора повеќе да јаде за да брани во Премиер-лигата
Мајами и Оклахома продолжуваат да „газат“
Барикело ќе се обиде во Индикар
Антиќ против Мекејлеб во Фајнал ејт на Евролигата
ПС�� нуди неверојатни 80 милиони евра за Чави!
Кире Лазаров до 2014 во Атлетико Мадрид
Наноси од снег целосно го блокираа патот Тетово - Попова шапка
Пандев - Време е и ние играчите да се погледнеме во очи
МЗТ Скопје убедлив против вечниот ривал Работнички
Миркуловски донесе победа со гол во последниот напад
Срамен пораз од аматерите на Луксембург
Половина репрезентација во четвртфиналето на Еврокупот
ВБЦ го суспендираше Чисора на неодредено време
Мурињо бара куќа во Лондон, се враќа во Премиер лигата?
Шампионот Далас без решение за Брук Лопез
Македонија фаворит во мечот со Луксембург

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 0°C

Ведро

Петок
Ведро
Макс: 8°C, Мин: 0°C

Сабота
Сончево
Макс: 11°C, Мин: -2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |