Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
01.03.2012, 11:27
Хрватскиот ДДВ од денеска изнесува 25 отсто



Стапката на данокот на додадена вредност (ДДВ) во Хрватска од денеска се зголемува од 23 на 25 проценти, што претставува втора по големина стапка во Европа.

Оваа основната стапка важи за сите стоки и услуги со исклучок на маслото и мастите, детската храна и водата, кои имаат стапка на ДДВ од 10 отсто.

Со измените на Законот за ДДВ, што Хрватскиот сабор ги усвои пред две недели, се предвидува од почетокот на идната година пониската стапка на данокот од 10 проценти да се применува и за храната, безалкохолните пијалоци, виното и пивото во угостителските објекти.

Експертите очекуваат новата стапка на ДДВ да резултира со раст на цените на поголемиот број стоки и услуги за 1,5 до два проценти.

Во следниве седум дена се очекува и зголемување на цените на бензините и тоа во два наврати - прво поради повисоката стапка на ДДВ-то, а потоа и во рамките на редовното усогласување со цената на нафтата на светските берзи.

Од денеска поскапува и градскиот превоз во Загреб. Билет за едно возење ќе чини 15 куни (два евра), дневниот билет 40 куни (5,4 евра), месечните билети за ученици и студенти 90 куни (11,9 евра), а месечните билети за граѓаните 360 куни (47,6 евра).

Покрај новиот ДДВ, од денеска во сила стапуваат и измените на Законот за данок на доход, со кои нивото на приходите ослободени од оданочување е зголемено од досегашните 1.800 на 2.200 куни (237 на 290 евра).


Статијата е прочитана 334 пати.

Испрати коментар



Марјан Цветковски на чело на МРТВ
Евроамбасадорот Орав ја презеде функцијата
Годинава ќе биде потешка од лани
Лидерите на ЕУ го потпишаа фискалниот договор
(ФОТО) Вардар ќе добие бродови
Трибина за минималната плата
Албанскиот Парламент го разреши Крешник Спахиу
Дијалогот на високо ниво со ЕУ стартува на 15. март
Банките нема да можат да ги враќаат заемите на ЕЦБ
Градоначалникот против руска црква во Париз
Македонските парламентарци на средби во Сиднеј
Делегацијата на ЕУ бара смиреност по инцидентот
Договори за доделување училишни автобуси во 23 општини
Битола остана без градски автобуски превоз
Две бомби експлодираа во Истанбул, третата деактивирана
Херман Ван Ромпуј доби втор мандат
Претседателот Иванов во посета на Австрија
Романија и Бугарија остануваат надвор од Шенген
Србија доби кандидатски статус за членство во ЕУ
Груевски и Пападимос се тестираа во Брисел
Клуч за фирмата чии работници настрадаа од лифт
Вељановски лобира за укинување на австралиските визи
(ФОТО) Инцидентот го запали Гостивар
ОБСЕ повикува на смиреност по инцидентот во Гостивар
Повредени работници по пад од скеле
Светска банка - Сиромаштијата се намалува
Вулф во пензија со 200.000 евра годишно
Јанкулоска - МВР има нови информации за уривањето на „кингерот“
Русија и Македонија негуваат одлични односи
Патнички воз излета пред станицата во Тетово
Пазарната вредност на „Епл“ надмина 500 милијарди долари
Почнува дводневниот Самит на ЕУ
Најмалку 12 загинати во торнадо во САД
Викиликс - Санадер од политиката го избрка мафијата
Десет ренети во експлозија на бомба во Истанбул
Новиот еврoамбасадор Аиво Орав пристигнува во Македoнија
Средба Груевски - Пападимос во Брисел
Пресудата за „Пајажина“ за две недели
Србите имаат најниски плати на Балканот
Владата и ЗНМ се уште далеку од договор
Иванов - Самитот на НАТО во Чикаго не е за проширување
Волерс - Инцидентот во Гостивар да се решава според законот
Кривична пријава за убиство против полицаецот од Гостивар
Ховит - Македонија е подготвена за преговори со ЕУ
Затворската ќелија на Тито туристичка атракција
„Децата не се виновни“ за поквалитетна социјална грижа
Меркел е убедливо најпопуларниот германски политичар
Стаса втората тура од 68 двокатни автобуси
Тадиќ - Србија нема да прифати невозможни услови
Владата бара нова истрагата за загинувањето на Трајковски
Во Европскиот парламент почнува расправата за АКТА
Ханфрис - Австралија треба да ја признае Македонија под уставното име
Расмусен - Прво решение за името, па членство во НАТО
САД нема да застанат зад БЈРМ
Во ГТЦ ќе профункционира лифт
Ќе се бара одговорност за несреќата со лифтот

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 0°C

Ведро

Петок
Ведро
Макс: 8°C, Мин: 0°C

Сабота
Сончево
Макс: 11°C, Мин: -2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |