01.03.2012, 09:33 Миркуловски донесе победа со гол во последниот напад
Македонскиот првак Металург победи со 21:20 во Цетиње против Ловќен во рамките на СЕХА лигата
Филип Миркуловски со голот во последните секунди му донесе победа на Металург на синоќа одиграниот натпревар во Цетиње против Ловќен во рамките на СЕХА лигата. Македонскиот првак Металург победи со 21:20. Во последниот напад тренерот Лино Червар, го повлече голманот и Металург со „маркер“ успеа да го реализира нападот.
Поради повреди на овој натпревар не играа Наумче Мојсоски, Миладин Козлина и Милан Левов, додека иако беше во составот Дарко Станиќ не бранеше. Во текот на натпреварот се повреди и Ацо Јоноски, а само 20-тина минути настапи и Жарко Марковиќ.
Најефикасни во тимот на Металург со по четири голови беа Филип Миркуловски и Жарко Марковиќ, додека голманот Петар Ангелов имаше 15 одбрани.
Вчера се одигра уште еден натпревар од 18.коло, во кој Борац Бања Лука ја победи Босна со 36:14.
Металург според договорените термини на 7 и на 8 март во Скопје ќе ги одигра двата натпревара со Босна.
Табела: Вард��р Про 41 бод (17 натпревари), Загреб 38 (15), Татран Прешов 37 (17), Металург 36 (15), Нексе 33 (17), Борац 29 (18...
|