Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Коментари
02.03.2012, 17:50

Мислења

Ќе биде ли забранета опозицијата?

Ѓорѓи Спасов

Опозицијата има обврска да демонстрира моќ, а не само да повторува што правел Груевски

За разлика од демократските земји, оние кои така не можат да се означат се одликуваат со власт која не поднесува опозиција. Постојат два вида такви недемократски режими. Едни во кои опозицијата е со закон забранета (како во Северна Кореја, Кина, Куба), познати како еднопартиски системи; и други, како што е Белорусија, во коja формално опозициските партии не се забранети, но во коja партијата на власт ги третира опозициските партии како непријателски групи или како остатоци од „стариот“ режим.

Ако Македонија се анализира врз основа на овие критериуми во овој момент, според многу елементи од дејствувањето на актуелната власт, поблиску сме до вториот вид политички систем. Недостасува само уште да го протераме амбасадорот на САД затоа што НАТО не ја признава пресудата од Хаг.

Од победата на Груевски во 2006 година, а особено од победата во 2008 , Македонија влезе во фаза во која клучниот елемент за зачувување на власта не е исполнувањето на изборните ветувања, туку политичкото оневозможување на опозицијата во однос на која било глупост на власта. Опозицијата не е формално забранета со закон, но со сите инструменти на власта е ставено јасно до знаење дека она што се нарекува политичка опозиција, всушност, е една „криминална банда за која најдобро би било да биде уапсена“. Тоа според пропагандата на некои од владините миленичиња во медиумите е еден сој на луѓе познат во историјата како „национални предавници кои заслужуваат смрт, а не власт“. А враќањето на таква партија на власт во земјата би значело враќање на власт на еден комунистички режим кој е виновен за сите зла во минатото и за време на транзицијата. Затоа, според таа пропаганда, секој што јавно подржува или не дај боже финансира партија од опозицијата, е непријател не само на партијата на власт, туку и на земјата. И, замислете, тоа доаѓа од една партија во чии редови се наоѓаат многу довчерашни сојузници на таа опозиција, како што му беше Груевски на Георгиевски, Ѕинго и Стојменов на Бранко Црвенковски, Амди Бајрам на сите и многу други.

И во демократските земји за време на изборите политичките консултанти препорачуваат „противникот да се смести во некој темен агол и таму да се чува колку што е можно подолго“. Но, таму противникот има можности да се одбрани. Во Македонија, на противникот му се одземени сите средства за одбрана, а Груевски ги користи сите инструменти за политички притисок.

Во прв ред се медиумите. Јавниот радиодифузен сервис функционира како во времето на еднопартизмот и неговата информативна програма е сведена на борба против „класниот и националниот непријател“, при што редовно се нагласува дека Македонија под водство на Водачот, секој ден, во секој поглед, се' повеќе и повеќе напредува. Уште послободни на тој план се телевизиите чии политички превртливи сопственици се денес дел од највисокото раководство на власта и чиј бизнис зависи од милоста на власта. Секој што на тој план би се обидел да ја расипе сликата на власта за опозицијата и да и' остави простор за јавно дејствување може да биде уништен како медиум и затворен заедно со неговиот сопственик. Оцените за загрозената слобода на медиумите оваа власт не ја интересираат.

Бидејќи опозицијата е дефинирана како „непријател“, а не како легален и легитимен преставник на голем дел од народот, Груевски смета дека нема што да разговара или да дебатира со „непријателот“. Освен во Собранието, кај што не може да ја избегне опозицијата и кај што и' предвидува „политичка смрт“ власта не дебатира со претставници на опозицијата во медиумите, бидејќи „тие претставници немале кредибилитет да ја критикуваат и контролираат власта“ и не биле достојни да разговараат на рамна нога со неа. Власта преку медиумите што ги држи под контрола разговара само со народот и тоа со оној дел од својот народ кој само неа ја почитува или од лицемерство јавно го изјавува тоа. Овој модел на избегнување јавни дебати дополнително ја праќа пораката дека опозицијата во земјава не заслужува рамноправен статус, таа е неважна, непријателска, предавничка и опасна за иднината на Македонија. Секој што ќе и' додели на опозицијата статус на релевантен политички субјект е веќе непријател на власта.

Пропагандата од овој вид, како што ќе забележи Хана Арент, во „Изворите на тоталитаризмот“ ни случајно не би била толку ефикасна ако не е комбинирана со реални закани и репресии кон политичките неистомисленици. Водачите на таквите режими често во улога на пророци јавно претскажуваат дека „ако така продо��жи опозицијата, може нешто уште полошо да ја снајде“.

И почнува да ја снајдува. Во првата фаза, некој од опозиционерите ќе остане без работа, некој нема да биде примен на работа, трет ќе биде деградиран или нема да напредува, четврт треба да заборави на можноста за водење приватен бизнис... Во подоцнежните фази таквата власт може да посегне и по апсење на политички лидери, кон затворање опозициски медиуми, осудување новинари, откривање кодоши, предавници и криминалци само во редовите на опозицијата и казнувања на некои опозициски бунтовници за пример на сите останати. Во такви услови, некој да каже дека би и' помогнал, легално, финансиски на опозицијата е исто како да изјавил дека ќе финансира терористичка организација.

Деновиве откако Љупчо Георгиевски изјави дека Груевски ќе си има со него работа на следните избори, Тодор Петров, кој беше еден од кандидатите од ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Македонија, побара од Груевски да биде забранета партијата на Георгиевски. Оттука само прашање на денот е кога и ДУИ може да побара да се забранат ДПА или НДП, или ВМРО да побара да се забрани СДСМ ако се оцени дека станува опасност за зачувувањето на власта.

Опозицијата во такви услови не може да се надева на фер избори и нема големи изгледи на успех. Таа веројатно ќе биде принудена, преку протести и со меѓународна подршка, како пред паѓањето на комунизмот, прво да се избори за фер третман во медиумите. За изборен законик донесен со консензус. За јавна финансиска подршка со која ќе учествува рамноправно на изборите. За забрана за кандидирање на полициски функционери и службеници. И за спречување на злоупотребата на државните фондови и јавниот радиодифузен сервис за партиски цели на власта. Таа мора да биде способна, на пример, да ги повика оние 400 илјади граѓани што гласаа за промени на власта да престанат да плаќаат радиодифузна такса за сервис кој не е во функција на граѓаните и да излезе од состојбата на нем набљудувач. Треба да повика на промени за кои граѓаните со колективна акција, граѓанска непослушност или отпор можат да ги остварат. Во спротивно, сегашната власт ќе ги смета за наивни и ќе им повторува колку пати ги победувала на избори.

Оваа власт сака избори во такви околности и по секоја победа мисли дека се стекнала одново со лиценца за угнетување на своите политички неистомисленици. Затоа опозицијата има обврска да демонстрира моќ, а не само да повторува што правел Груевски.

(Авторот е универзитетски професор)

Наш став



Објавувањето колумни и мислења од надворешни автори е одраз на намерата на „Утрински весник“ да биде моќен и влијателен глас на заедницата. Но, напоменуваме дека не се согласуваме секогаш со ставовите што ги изнесуваат некои од нашите колумнисти, особено кога станува збор за лични дисквалификации, етикетирања без основа и извртување на контексти со цел да се наштети на друга политичка личност или личност од која било сфера. „Утрински весник“ се оградува од таквиот речник и конотации и ги смета за непримерни во јавната комуникација.


Статијата е прочитана 2627 пати.

Испрати коментар



Точка на Хаг
Петта брзина
Суштината на Путин
Клопчето „Телеком“
Урбанизација на охридски начин



jovan, 03.03.2012 01:13:19
Koga veke go spomna Zingo vo tekstot, vo Kratovo odamna funkcionira toa sto si go opisal. Onoj koj e protiv gazdata, odamna e unisten ili proteran od Kratovo. Mozebi sega po toj terk sakaat i Makedonija da ja sredat. I onaka stabot na Vladata e vo Sitel. Tamu se se resava, Dr.Latas soopstuva, Grujo izvrsava. Sto se odnesuva do opozicijata (SDSM) i samiot kaza deka sega tie dovcerasnite SDSMovci, se denesni VMROvci, pa prasanje e koj na kogo ke demonstrira sila/mok. Branko na Zingo, ili Zingo na Branko, ili toa tie e edno isto. (Grujo manete go, toj e samo izvrsitel). Mnogu raboti vo drzavava, pogotovo odnosot Vlada-opozicija se nerazjasneti. Site osekaat deka nesto ne e vo red, no nikoj nemoze da svati sto e. Samo se znae deka koga e vo prasanje kriminal ili rascistuvanje na kriminal, se solidarni(Telekom). Solidarni se i koga ke se pojavi nekoj nov na politickata scena. Togas zaednicki go napagaat.
USA, 03.03.2012 05:56:44
Без разлика на анализите, позицијата се окрупнува а опозицијата сеуште коалицира. Можеби тука е силата или слабоста. Замисли го ова сценарио. Груевски ја внесува Македонија во ЕУ и НАТО и се повлекува од политиката дур Бранко сеуште чучи во опозиција!!!!!
eks sdsmovec, 03.03.2012 06:58:25
Ne e do tolku grujo,pa da ja zabrani sds pa da pocni da gubi,sds mu e gromobran.Ai ona dali opozicijata e mafija,jas mislam i poveke,zosto;20g politikata,veke gi nema,tacer,mejdjor,bler,bus,kol, i neznam uste koj, koj se zasluzni za jacinata i ekonomijata za svoite zemji,a kaj nas te edni isti,a zemjata kako fico site ja prestignuvaat.A od druga strana koga gi slusam i citam kolumnite na mislitelite,ekspertite,dr na nauki,magistri,i uste ne kakvi tituli, si mislam kakvi ednostrani stavovi zazemaat a ne gledaat deka kade zastana sds prodolzi dpmne,pak sme dobri.
B. Betinski, 03.03.2012 07:42:09
Staro pravilo e: vo vreme na dramaticni socijalni polariazicii neutralni nema; ili si vlast ili si opozicija! Koga vekje znaes deka taa vlast ni od daleku ne e demokratska; koga znaes, isto taka, deka opozicijata ni od daleku ne e vo sostojba da ja spreci ako, vekje, ne moze da ja eliminira nejzinata antidemokratija, togas tebe ti ostanuva: ili da napravis struktura (politicka sila) koja ke moze da go napravi toa sto go sovetuvas javno, ili sam da postapis onaka, kako sto postapi Jan Palah vo CSR koga velgoa tenkovite na Breznev. Se drugo e, g. Spasov, bajat moralizam koj vi obezbeduva alibi deka vie pravite nesto krupno po - sovest; deka ste ne samo poumen, tuku i pohrabar od uspanata opoziciha. Veruvam deka dobro vi e poznata crtata koja go deli vistinskiot moral od smirisaniot, bajat moralizam, glavno oruzje na tolkumina nasi uceni kolumnisti.
Ljubotan Trade Name, 03.03.2012 07:43:23
Profesore,profesore.profesore! Jas pominav mnogu stradanija i povlastici. Ama,da bidem naroden, toa e bericet na povinunane. Site ustavi se napraveni -ubavo spakuvani vo multi ,,ne politicki tuku Filosovski-Humano EU-i Judeo Hriscanski- Izraelski i Papski- Tie se Kriteriumi. Profesore! Nema povece Mono,,ni vo zemjite sto ni gi nabroja;Kuba S.Koreja, taa e izlizana Rec -Zbor, tuku e Teror Kapitala i Dogme !! Vi preporacuvam , da go citate,il neka vas mentor za vtor Dr il Ph bide Boris Petrovic Viseslavec- Kulturni Lugje za Kulturnite Problemi ! P.S. Ve Molam Bez Senzura
Tajo, 03.03.2012 08:18:45
Profesore, dobro znaete deka ne e problemot tolku kaj crniot Grujo, tuku kaj Branko vecno nesposobniot. Da ne sakate Grujo so sila da mu ja pokloni vlasta na sdsm. Taa ne e sposobna da gi brani ni osnovnite vrednosti kako shto e demokratijata, mediumite, pa koj ke veruva deka istata ke ima kapacitet da ja vodi drzavata. Ke bide beter od Grujo. Koj e toj sdsm so Shema li? so Mema, so Natasha? kako glavna!!!
ПРИЛЕПЧАНЕЦ, 03.03.2012 08:50:07
Професоре,написот е извонреден,во тој контекст сакам да кажам нешто за неодамнешното поставување скриени камери во дозни за инсталација во средното училиште РИСТЕ РИСТЕСКИ _ РИЧКО во Прилеп.Камерите за време на зимскиот распуст само во 4 кабинети каде предаваат професори од СДСМ тајно ги постави ДИРЕКТОРОТ ПЕТРЕ ЧЕШЕЛКОВСКИ,кој патем да споменам директорува 25 години ( вгодина заминува во пензија).Се превртува од партија во партија,класичен камелеон и безкичмењак е,рез интегритет и достоинство,но ГОЛЕМ ПОЛТРОН на актуелнава власт,која сака да елиминира се што не е со нив.
Leonid, 03.03.2012 09:10:38
Господине Спасов, дали се обидувате на ни го доловите во Вашиот текст мрачнот период од 1992 до 1998 година, на владеење на СДС без парламентарна опозиција со два медиуми под контрола на режимот на Бранко, со многу неразјаснети убиства, со шиканирање на опозицијата и економско уништување на сите оние што се дрзнале да се спротистават на власта или за некој друг период зборувате...
od ostrijot, 03.03.2012 09:31:41
ako gi sledime slucuvanjata vo belorusija i madjarska togas i nije nesme daleku od niv.
Prosto prasanje uste poprost odgovor, 03.03.2012 10:21:58
Grujo nema potreba da ja ukinuva opozicijata. Taa sama ke se ukine (kako sto trgnale), ako toa ne se sluci do slednite izbori togas sigurno narodot ke ja ukine.
sime, 03.03.2012 12:03:04
Mnogu dobro napravena analiza,tocno e se i najzalosno sto narodot e zbunet i ne znae komu da mu veruva,a ocigledno edino toj najmnogu gubi.Nevrabotenost ,korupcija,kriminal....do koga?
nema kritichna masa, 03.03.2012 12:07:57
Licencata za ugnetuvanje vlasta ja dobi od gragjanite i sega do maksimum ja koristi. No, teshko deka istiot toj narod ke se reshi so protesti i gragjanska neposlushnost da ja smeni vlasta. Nema dovolno intelektualna i gragjansko svesna kritichna masa koja ke povede. Lazhnjaci magistri i doktori imame na kilo, ama toa shto vistinski se podrazbira pod terminot intelekualec, da si priznaeme, nemame
Стојко, 03.03.2012 12:42:28
Во сегашната ситуација опозицијата треба да ја интернационализира и да ја изнесе на виделина состојбата во Македонија. Опозиционерите треба да собираат конкретни докази со кои ќе ја демаскираат политиката на Груевски. И како последно политичко средство да го напуштат парламентот и институциите и да почнат со сериозна борба. Економската и политичка мизерија во која се наоѓаме станува сé понеиздржлива. Ако продолжи вака како што е, опозицијата многу бргу сама ќе исчезне, без да има потреба да биде забранета.
девичанецот, 03.03.2012 13:02:47
Професоре, Ако сакаш да бидеш пак во Елитата, премини си во ВМРО, со мирна совст, како што го направија тоа некои генерални секретати од СДСМ. Биди сигурен во едно: Опозицијата предводена од пензионерот, не се надевај дека во блиска иднина ќе направи нешто. Само вака, безидејно ќе си лае по власта, ама: кучињата ќе лајат, караванот ќе си поминува,
Marioec od Azija, 03.03.2012 13:46:46
Ne bre taman rabota,kakva zabrana.Grujo da barase ovakva opozicija so ckorce pa nemozese da najdit.Kolku jaka opozicija tolku jaka i vlast toa si odit zaedno,pa vaka ce si delat po nekoe tenderce,i nema da se zamaraat so rabota i ednite i drugite,ce vrlat po nekoj jadec,novinarite ce go goltnat pa ce imat i zaniv nekoe kovce ama za siromav narod nisto nema da ostanit samo makata.Ne go procitav teksto i ne e bitno,se znae koja ploca vrtit na 33.
kiki, 03.03.2012 15:00:03
Profesore cestitam za kolumnata odnosno javno iznesenata vistina. Samo se plasam deka ste napolno vo pravo a sega navistina sakam da ne bidete vo pravo. Strasna e ovaa vistina za Makedonija. Neznam zosto vlasta ne moze da svati deka opozicijata ne se pratenicite vo sobranieto. Opozicijata proizleguva od ovie rezultati soopsteni od DIK: Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ освои 438.138 гласови или 38,98 отсто од гласовите, коалицијата предводена од СДСМ 368.496 или 32,78 проценти. So 6% nemoze dase odnesuvate kako petel.
citatel, 03.03.2012 15:24:02
Sto bese potrebno da se ogradite od tekstot? No nivo e napisano, i analizata stoi 100 procenti. Znaci, odma stigna potvrdata od avtoroto za simptomite na totalitarizmot, i toa samiot vesnik go potvrdi! Bog da cuva!
xcfghiop, 03.03.2012 20:23:40
Od aspekt na Makedonija i makedonskiot narod opozicijata generalno sigurno ne no sdsm bezalternativno da se zabrani e najdobroto resenie bez koe tesko deka ke ja bide Makedonija kako normalna i pristojna drzava. Tuku drugo mi bese zborot. sdsm e vo teska situacija potocno korsokak i besperspektivnost sto nalaga introspekcija za odluka kako i sto ponatamu. Imeno, nitu Grcija a uste pomalku NATO i EU se seguvaat deka bez resenie nema asocijacija a Gruevski kaza deka toa ke potrae poveke od 5 godini. NATO ima kapacitet da prezivee i bez Makedonija a kako ke prezivee sdsm bez datum i NATO i dali ke se vraka nazad ili po preki pat ke se priklucuva na novata sostojba, prasanjeto za sdsm e sega? Bidejki osven bez datum na lokalnite nekoi novi opoziciski klinci moze da ve ostavat i bez ona malkute opstini ta digajki go nosot so nego da udrite vo zemja.
Џабе е, немаме понуда., 03.03.2012 21:05:24
Еве, нека е точно сето што го напишал г-нот Спасов. Не ми пречи и да го напаѓа еднопартискиот систем, иако тој одеше во Кумровец да учи како да го брани тој систем. Мислам дека не е добро да повикува на некаков отпор, непочитување на закони и граѓанска непослушност. Јас нема да го послушам. Затоа што не сакам да се врати на власт Црвенковски, тој што ни ја украде фабриката и што ме избрка од работа.
Кадавер, 04.03.2012 10:31:27
има и друга работа... нашата опозиција е премногу нестрплива да се врати на лагодниот живот на власт, иако и сега има многу моќни подржувачи; поради тоа често иѕбрѕува во не секогаш аргументирани критики и потпалување омраѕа против институциите на државата, особено против полицијата, а исто така ѕаговара безусловна капитулација во спорот со Грција... е то ѕначи давање Самомат, шаховски термин, барем кај етничките македонци, кој сепак се уште се мнозинство во оваа државичка
od makedonec, 04.03.2012 12:48:09
zal mi e samo samo za pokojniot pocituvan gispodin KIRO GLIGOROV koj sto uspea da ja na mkren nacin da donese demokratija vo MAKEDONIJA a segsnata vlast se obiduva na sekoj nacin da ja otrgne demokratijata od MAKEDONIJA bidejki bez opozicija nema demokratija

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 3°C

Облачно

Четврток
Обилни врнежи
Макс: 7°C, Мин: 1°C

Петок
Обилни врнежи
Макс: 10°C, Мин: 2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |