04.03.2012, 11:15 Тачи: Србија нема да не попречува на патот за ЕУ
Косовскиот премиер Хашим Тачи, на средба со новинарите, по враќањето од Брисел, изјави дека Косово и Србија не може да си попречуваат еден на друг на патот кон ЕУ и оти изолација за Косово нема да има.
- Патот кон Еврпската унија нема да биде кус, но во тој правец нема да има стагнација, има многу работ,а а Косово нема да има попречувања од Србија во тој правец, изјави Тачи.
Тој апелираше на политичко единство и заедничка ангажираност за европско Косово, додавајќи дека физибилити студијата за Спогодбата за асоцијација и стабилизација е еден голем успех за косовската политика и држава.
Тачи зборуваше и за северот на Косово.
- Планот за северот се базира на оној на Марти Ахтисари и имаме целосна поддршка за да воспоставиме ред и закон во тој дел од земјата, изјави Тачи.
Косовоскиот премиер не сакаше да ги коментира изјавите за одржување српски избори на Косово, велејќи дека Србија има обврска да се однесува на потребниот начин кон Косово.
|