04.03.2012, 12:22 Мит Ромни победи и во Вашингтон
Непосредно пред „супер вторникот“, кога во 10 американски сојузни држави ќе бидат одржани првични избори на републикацните, Мит Ромни забележа уште една победа во трката за претседателски кандидат на републиканската партија.
Ромни победи во државата Вашингтон со 37,2 проценти од гласовите на избирачите. Втор е Рон Пол со 24,1 процент, а веднаш по него е Рик Санторум со 23,9 проецнти. Њут Гингрич освои само 11 проценти од гласовите.
Во вторник избори ќе се одржат во Алјаска, Џорџија, Ајдахо, Охајо, Масачусетс, Северна Дакота, Оклахома, Тенеси, Вермонт и Вирџинија.
|