29.02.2012, 12:52 Владимир Николов работел на музиката во „Уметникот“
Македонскиот композитор учествувал како оркестратор на музиката за францускиот црно-бел нем филм, кој освои пет „Оскари“, меѓу кои и тој за музиката на Лудовик Борс
Македонскиот композитор Владимир Николов учествувал како оркестратор на музиката за францускиот црно-бел нем филм „Уметникот“ на Мишел Хазанависиус, кој освои пет „Оскари“, меѓу кои и тој за музиката на Лудовик Борс. Во тесна соработка со композиторот Борс, Николов подготвил голем дел од едночасовниот репертоарот на овој мјузикл, кој беше најголемото филмско изненадување лани. По неговата светска премиера во Кан овој филм освои бројни награди, а пред доделувањето на „Оскарите“ важеше и за најголем критичарски фаворит.
Екипата што работела на музиката била огромна, но како што вели Николов, тој подготвувал оркестрации и работел на цели 20 минути од музиката во овој филм. За останатиот дел биле задолжени оркестратори од Франција, додека материјатлот бил снимен од Бриселската филхармонија под водство на Ернст Ван Тил. Саундтракот за „Уметникот“ е издаден лани во ноември во продукција на Sony Music, а Николов стои позади шест наслови на ова ЦД. (С.У.)
|