29.02.2012, 12:55 Џенифер Гарнер и Бен Афлек добија трето дете
Холивудската двојка доби син, откако веќе ги има ќерките Вајолет Ен и Серафина Роуз
Актерката Џенифер Гарнер и нејзиниот сопруг Бен Афлек добија син. Тоа е трето дете на познатиот пар, кој веќе ги има ќерките Вајолет Ен и Серафина Роуз.
Џенифер Гарнер и Бен Афлек станале горди родители на момче, на кое се' уште не му го одредиле името.
Парот е во брак од 2005. година, а во август минатата година, актерката објави дека е бремена по трет пат.
За сега не познато како ќе се вика момчето, но неговите асестри веќе им ги дале своите предлози на родителите. „Девојчињата предложија бебето да се вика Пајо Паторот, ако биде машко, или Мини Маус ако е девојче“- открила Џенифер минатиот месец, гостувајќи кај Џеј Лено.
|