29.02.2012, 15:05 (ФОТО) Избрани најдобрите фотографии со мотиви од Скопје
Градските власти и стручната комисија ги прогласија добитниците на награди од распишаниот конкурс за избор на најдобра фотографија со мотиви од Скопје
За темата „Скопје - Градот што се менува“ добитник на првата награда е Наќе Батев од Скопје за фотографијата - Фонтаната на плоштадот „Македонија“ со споменикот „Воинот на коњ“. Сања Бадаровска од Скопје со фотографијата „Чаршија 1“ е првонаградена за темата „Старата скопска чаршија и знаменитостите, односно сакралните објекти во Чаршијата и Калето“, а Влахо Бранџолица од Скопје доби признание за фотографијата „Чамци - Матка“ од темата „Водите и убавините на Скопје“.
Инаку, по објавениот конкурс стигнаа 80 апликации со околу 800 фотографии. Наградите ќе им бидат врачени на добитниците на отворањето на организираната изложба во една од културните институции на Град Скопје. (Б.Ш.)
|