Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
27.02.2012, 17:41

Владата на пат - на ред дојдоа Индија и Малезија

Голема делегација тргнува во лов на инвеститори во Њу Делхи, Бомбај , Куала Лумпур

По Велика Британија, Германија, Австрија, Сингапур, Јапонија, Белгија, Холандија и Турција, дојдоа на ред и Индија и Малезија. Од следната недела владина делегација на чело со премиерот Никола Груевски, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, министерот за странски инвестиции Бил Павлевски и Виктор Мизо, директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, заминуваат право за Индија. Таму ќе посетат неколку градови, Њу Делхи, Бомбај и Пуна, град кој е центар на автомобилската индустрија. Овој сектор за нашата Влада како да стана целна група за привлекување инвеститори ако се има предвид дека постојните и најавените компании во зоната „Бунарџик“ се токму од автомобилската индустрија.

„Во овие неколку градови ќе ги претставиме можностите за инвестирање во Македонија. Посетите се организирани со помош на коморите од овие места и асоцијациите на автомобилската индустрија. Во Индија, на пример, ќе ни се приклучат и локални инвеститори на ’Џонсон мети‘ и на ’Мадерсан‘, кои се веќе во зоната ’Бунарџик’. Во Малезија, односно во Куала Лупмур ќе бидеме еден ден. Главно ќе разговараме со компании кои се веќе присутни на европскиот пазар или што сакаат да влезат на кај нас. Станува збор за големи компании кои работат во овие земји, а кои бараат нови локации каде што ќе ги доработуваат своите производи и ќе ги пласираат на европскиот пазар“, ни изјави вчера директорот на Дирекцијата за управување со слободни зони, Виктор Мизо. Тој не сакаше да открие нови информации во врска со странските инвеститори со кои веќе течат преговорите со Владата.

Засега нема информации ниту за ефектите од досегашните роуд-шоуа на Владата.

Последните податоци од Народна банка на Македонија покажаа дека во земјава лани влегле речиси 300 милиони евра, но овие вложувања немаат никаква поврзаност со роуд-шоуата од последниве шест месеци. Дали овој летачки поход по странски инвестиции ќе ни донесе инвеститори, ќе видиме по најмалку една година.

Економски експерти сметаат дека таквите патувања на Владата ја чинат државната каса стотици илјади евра. Со други зборови, иако има позитивни раздвижувања во економијата, сепак, факт е дека не се доволни само даночните ослободувања, туку дека треба да се средат уште многу политички и административни работи за да се намамат инвеститорите. Потврда за тоа е, според економистите, фактот што масовните посети на повеќе земји досега не донесоа конкретни инвестиции. (С.М.)


Статијата е прочитана 1221 пати.

Испрати коментар



Се плете ли свилен гајтан околу Шврговски?
Песимизам место предлози за Пападимос
И универзитетите ќе слават еден век албанско знаме
Интервју
Како да се голтне жаба
Што (ќе) значи за СДСМ рехабилитацијата на Димов



Ljubomoren, 28.02.2012 01:04:32
A Milenko? Ili ovoj pat Latas ce odi. Neka im e so sreca. Pametni ludje, si ja naredile rabotata, ne kako nas. Gledam mladite site vadat knishki na DPMNE, ama nece da mozat site da dojdat na red za ovakvi privilegii, pa ce usledi nezadovolstvo, da ne kazam bunt i raslojuvanje (kontra deneshnoto okrupnivanje). Brane, sekoj shto nametnal barem ednash vmro-vski dres, vo SDSM samo na gosti i kafe, vo clenstvo nikako. Onaka kulturno da im se zablagodarite i na site shto se primeni na rabota (platen spisok) netransparentno, voglavno so partiska knishka od DPMNE, a ima gi ohoho. Se vo svoe vreme.
citatel, 28.02.2012 01:07:59
Abe nekoj napravil cost-benefit analiza od ovie patuvanja na premierot. Pa toa ne e bespari, koj e efektot. Nula
cvete, 28.02.2012 10:04:26
ne bi se soglasila dekaefektoto od oviepatuvanja e nula. naprotiv, nula e efektot od niza beskorisni patuvanja po NATO i EU lelekanja.
mio, 28.02.2012 10:11:04
Nemojte taka vo Prilep vo slobodnata zona Metalec eve vrija od investitori, a i site mladi pa i stari se vrabotija nema poveke nevraboteni.So da vi kazam od ubo poubo, koj ne veruva neka dojdi neka se uveri sam, zonata se naoga na okolu 2300km severo-zapadno od Prilep,,, so daleku?? kako be, eve so valispeti si odime site na rabota do tamu. Abe so da vi kazuvam poveke nekako ste mi somnicavi kako da ne mi veruvate,,,,,,,,,,,
РНД, 28.02.2012 10:28:43
Целиот свет инвестира во Македонија. Леле владо наша што направивте!!!! Ај да не се лажеме дека шак ќе се отвараат фабрики и ќе има вработувања. Шетајте што ќе шетате ама кога ќе се вратите ве молиме да бидете од корист и да ни кажете дали е убаво во Индија и Малезија за да се преселиме таму...
Go zaboravivte Tuvalu, 28.02.2012 10:52:34
A dali se planira edna poseta na delegacija vo uvalu i Fidji , za da se unapredi medjusebnata stopanska sorabotka i politickite odnosi.?
Цветко, 28.02.2012 12:42:32
Така е Цвете,резултатот не е нула , туку нула:нула!
Исток, 28.02.2012 12:58:44
Neka si gi zemat so niv i Milenko, Mirka, Janko, Ivona i latas za drim timot da bide kompleten i da vidat kakvi ne vodat, a najdobro so investiciite po pat da kupat i po nekoja lopata zosto gi potrosivme i sega ke nema so sto da rabotat koga ke navalat investitorite. Od silni investicii ostanavme bez lopati za snegot, no ostanavme i bez rabota i bez leb. Toa zlo od ovaa Vlada sto pobrzo da zamine od Maedonija, a da ostanat vo Indija uste poveke ke ne usrekat.
Tina, 28.02.2012 13:05:59
Ne sakam da se mesame so drzavite kade ljugeto oste ziveat zaedno so gluscite i drugite vermiti, po nijna religijska doktrina. I taka nasite delegati ke donesat epidemiji vo Makedonija. Kao sto e vo Indija, glusci lazat na ljudski grbovi, i se na sekade deka ljugeto ziveat i rabotat. Begajte ljuge, ne ni treba epidemija. Dosta ni e so zemjite so takvi obicaji? Dosta ni e od vikopedija i lagite, oste ni treba epidemija.
Mark, 28.02.2012 13:50:42
Lele vie pa-Milenko ta Latas ta Mirka? Sega na slednoto peep-pardon road show treba da gi zeme Felix i devicanec-pa tie se povredni i od spomnatite!?!
patriot, 28.02.2012 13:54:17
zamislete vo toa i e razlikata investitorite gi molea komunjarive da dojdat vo makedonija da investiraat a ovie gi otkacvea koj e toj audi da dojde vo mak i da izgradi uste fabrika a !! a vmro-ovcive kutri odat od vrata na vrata i nikoj ne gi udirat od remen ....
jimmy1, 28.02.2012 14:09:36
Ovie treba da gi proglasime za svetski patnici. Se iznasetaja pod sloganot Barame investicii, a nigde gi nema. E izoraja Makedonija so godini kopaki dupki pa sega e redno malu da se prosetaat, edni vo Indija a drugite vo Avstralija. Koja ke bide drugata destinacija??? Fidzi ili Tonga??? Vo pravo si Cvete, rezultatot nee nula tuke e NULA na kubik a ne na kvadrat.
Трпе, 28.02.2012 18:09:22
Овој ваков,таков народ само ваква влада заслужува.Од глаата си патиме.Со прост народ лесно се владее па бладата може да биде само со основно образование и да го познава јазикот на Александар Бабачкиот.Но незнам што ке правиме со толку многу странски инвеститори ке мора да ги понудиме на соседите.А ние како скромен народ ке си работиме за плата колку да опстанеме во живот.Корењата ке си ги чуваме како десерт.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 5°C

Претежно облачно

Среда
Обилни врнежи
Макс: 7°C, Мин: -3°C

Четврток
Делумно облачно
Макс: 7°C, Мин: -3°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |