Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
27.02.2012, 17:28

Интервју: Политиката е моја најголема грешка

По се' што се случи, многу е силно чувството на горчина да се вратам во Македонија, вели Владо Димов, поранешен министер за здравство

Жаклина Хаџи-Зафирова


Размислувате ли да се вратите во Македонија откако е повлечена потерницата за Вас во врска со судскиот процес за наводна злоупотреба на службената должност?

Искрено да ви кажам, не сум размислувал за тоа. Во принцип, нема зошто да не се вратам, ама чувството ми е многу горчливо од сите овие години. Тоа не можам да го скријам. Во Македонија не сум бил веќе пет години. Засега не правам никакви планови, кога ќе мислам, ќе дојдам. Но, уште еднаш кажувам чувството на горчина ми е многу силно, зашто со ништо немам заслужено ваков однос. Ваква хајка и ваков линч каде што и вие како новинари сте учествувале не би сакал на никого да му се случи. Колку што јас знам, и професионално и како доктор, ништо не стои зад мене со што би заслужил такво нешто, ама се случи тоа. Чувството дека некој сака да ве направи најголем криминалец во државата и да ве срамнува со некој на кој не сакам да му го спомнам името, помислете како би се чувствувале?



Како се чувствувате далеку од Македонија? Дали се пронајдовте себеси како шеф на одделот за миниинвазивна и лапароскопска хирургија во софиската болница „Токуда“?

Не знам како би се чувствувале вие ако ви се случи сето она што ми се случи мене. По сето она што беше кажано, изречено, како може да се чувствува? Сигурно не може пријатно да му биде. Ама, во исто време не можам да се изначудам зошто (тоа веќе мислам на секого му е јасно) се оди толку многу контра некој човек. Сигурно, чувството не ми е пријатно. Во животот никогаш не сум имал проблеми професионално да се реализирам, а немам ни сега, како што гледате. Можеби најголем грев е човек да се занимава со политика. Ова го сметам како поука за себе и за другите. Можеби тој што во Македонија има друга професија освен политика и го бидува и за друго нешто, не е убаво да се занимава со политика, зашто еве и вакви работи можат да му се случуваат.



Добро, но ако се вратите во Македонија, дали би се вратиле само туристички? Не мислите можеби да се занимавате со политика понатаму?

Мислам дека ако некој човек може и умее да направи нешто за државата, би требало да го направи тоа, зашто тоа е некаков долг. Така сум размислувал цел живот. Во поглед на политичкото активирање, не сум размислувал, особено не во овој момент. Не размислувам нешто особено за тоа прашање.



Одржувате ли контакти со луѓе од СДСМ откако заминавте во Бугарија?

Одржувам врски со сите што ми биле пријатели. Одржувам врски и со пријатели и со луѓе од ВМРО-ДПМНЕ. Не сум себичен кога треба да дадам помош на кого било, без разлика што ми се враќаат работите на таков начин. Сепак, не сакам да генерализирам за целата држава, бидејќи тоа се лоши чувства. Инаку, нема ден, а да немам пациент од Македонија. Никогаш пациентите од Македонија не сум ги делел по боја, партиски или по друга основа. Тогаш не би бил професионалец. За мене тие се само пациенти. Никогаш професијата не ја мешам со политика. На пример, моја пациентка беше и Доста Димовска.



Мислите ли дека најголема грешка Ви беше тоа што се занимававте со политика?

Не можам да извлечам друг заклучок. За мене никогаш немало афери во струката, никогаш немало афери ни како министер. Или на некого лично му пречам како човек или на некого му пречело моето присуство во политиката. Ако ме прашувате за последните збиднувања, тоа е голема работа и мислам дека, сепак, зборува дека државата има судски систем. Зошто го кажувам ова? Затоа што тоа што ми се случувало мене може реално секому да му се случи. Од тој аспект, најдобро е дека таму, сепак, изгледа има луѓе кои имаат доблест, лице и размислуваат како вистински професионалци. Тука не зборувам само за правосудниот систем.



Како тогаш ги коментирате обвинувањата во судската постапка дека нелегално сте вработиле 17 луѓе во струмичкиот Медицински центар?

Ако сакате на еден човек да му измислите нешто, особено таму каде што има политички влијанија, се' ќе му извадите. Ама, само затоа се покренува едно прашање кое апсолутно не држи - министер не потпишува решение за вработувања. Не ги примам јас. Може ли како министер да распишете оглас, да примите некого на работа, да му потпишете решение и да го пријавите во Биро за вработување? Можно ли е тоа? Министрите поднесуваат барања за вработување за кадри што им се потребни, но тие не можат да вработуваат, зашто министрите не вработуваат. Второ, дали знаете дека тие луѓе уште работат? Никој досега не го оспорил нивното вработување, бидејќи секогаш се потребни кадри. Тоа е толку проѕирно и јасно што немам коментар за ова.



Дали имавте тогаш дозвола за вработување од Министерството за финансии?

Улогата на министерот за здравство во процесот на вработување е да дава мислење. Кога еден директор ќе ви објасни дека не може да прави дијализи, дека не може да работи брзата помош зашто нема доктори или шофери итн., тогаш сте должни да дадете мислење дали нешто такво е оправдано или не. И тука сопира целата ваша ингеренција. Ниту вработувам, ниту бркам од работа, ниту ги имам тие права и ингеренции. Ниту можам да му потпишам решение ниту да пријавам вработување во Биро.

Очекувате ли државата да Ви врати данок од над 400 илјади евра, како што беше објавено во медиумите?

Тоа се само произволни толкувања. Не сум дал 500 илјади евра за да ми вратат 500 илјади. Не сум дал ниту, пак, очекувам државата да ми врати толку пари. Од друга страна, целиот мој имот да се продаде два пати не може да се наплатат парите од данокот, зашто е јасно дека, како што покажува и судската одлука, тоа е апсолутна глупост. Тоа е оспорено од судот по сите основи. Јас сум единствен министер кој целиот свој живот го напишал во анкетниот лист. Ако треба, утре пак ќе го направам истото тоа зашто тоа ми е законска должност. Притоа, вие го проценувате имотот што сте го стекнале во животот по цени што се пазарни. И тука е сосема јасно. Ако татко ви, на пример, купил стан пред 20 години, колку ќе го пишете станот - 2.000 евра? Веројатно ќе го напишете со денешни цени, што нема никаква основа. Не сакам да ги коментирам тие работи зашто сум единствениот и изгледа најбогат на што веројатно секој се смее, кој сум напишал се' што имам како имот - јас и моето семејство. При стапување на должност и заминување од должноста, нема никаква промена во мојот имот. Целта на имотниот лист е точно тоа - дали има промена. Тоа е злоупотребено, но, на моја радост, судскиот систем во Македонија покажа дека има кондиција.

 


Статијата е прочитана 5834 пати.

Испрати коментар



Се плете ли свилен гајтан околу Шврговски?
Владата на пат - на ред дојдоа Индија и Малезија
Песимизам место предлози за Пападимос
И универзитетите ќе слават еден век албанско знаме
Како да се голтне жаба
Што (ќе) значи за СДСМ рехабилитацијата на Димов



Mile Kitich, 28.02.2012 01:13:27
Ako ne bil vinoven zosto begal a i zosto izvadil BG pasos ????
aleks, 28.02.2012 02:22:35
pa ako si bil vo politika nikoj ne te terase da zloupotrebuvas pozicija za licno bogatenje.
jimmy1, 28.02.2012 04:56:56
Do Mile: Mile ne velam deka nee kriv, a mozebi covekot navistina nema nisto nezakonski napraveno zatoa e sudot da odluci. Po se izbegal zosto kaj nas mnogu nevini luge lezat po zatvorite pogotovo ako ne mislat isto kako Grujo i ako ne si partiski vojnik. Dodusa i sudstvoto dosuduva po negova naredba, nema pravedni presudi, so nekoj mal isklucok. Za Grujo site se vinovni a samo toj e praveden. Zarem negledas za site negovi greski sekogas obvinuva drug. VMRO e na vlast, za sve sto se slucuva vo Makedonija odgovornosta e nivna, a tie sekogas e obvinuvaat SDSM. Od covek sto nesnosi svoja odgovornos i obvinuva drug ne baraj air, toj e sambendisan sto velat englezite Self fish.
Serpico, 28.02.2012 04:58:53
kutra Dosta...zatoa taka brgu si otisla na onoj svet...ja lecel strucnjak od Makedonija so Bugarski pasosh - LAKRDIJA
melbourne, 28.02.2012 06:38:19
Abe mile kitic,Ljube Boskovski ne sakase da zamine od tuka pa zamina vo zatvor.Ista sudbina ke go cekase i ovoj covek,ako ne zaminese.A nie sme uporni da gi brkame makedoncite od ovaa(makedonija) drzava,pa i po cena eden nikoj da ne ostane vo nea.
titan, 28.02.2012 06:38:25
koe intervju. so kogo. so najgolemiot titan vo makeodnskata politika. abe dali e ova za vo vesnik. se pretvorivte vo zolt pecat. e sega mu e polesno na makedonija.
Istocna Makedonija, 28.02.2012 06:59:15
Nepobitni argumenti za strucnosta na Dimov vo negovata vokacija e visokata funkcija i na prestiz nata klinika vo Sofija.No i komplikaciite koi,licno gi imal e,uste eden dokaz deka trebalo da bide poveke posveten na doktorskata profesija.Sepak mnogu vrvni lekari ga preferiraa politikata pred profesijata,na nejzina i sopstvena steta.
Борче, 28.02.2012 07:40:52
Да, дефинитивно згрешил со политиката. Прво згрешил што фатил работа со Црвенковски. Второ згреши што се криеше до сега. Трето греши и сега што се распишал по весници и што се фали, како да направил не знам што.
Agent 007, 28.02.2012 07:55:28
Toj ne najbogatiot Strumicanec toa e tocno , ame ne e daleko od niv. tuka e nasiot G. Gradonacalnik i nekolku drugi Aramii.
Кемал Ататурк, 28.02.2012 07:57:16
Адекватно на мислењето на Миле Китиќ дали сите што имаат БГ пасош од владеечката партија се ВИНОВНИ ? П.С. Пишувај кирилица
девичанецот, 28.02.2012 08:14:18
Зошто нема прашање како се чувствувал човекот, кога со државни пари купуваше и н делеше поклони за 8-март? Ако е чесен и ако е достоен човек, не му требаа ни бугарски пасош ни бегање. Чесно и поштено ќе си докажеше дека е во право.
pperica, 28.02.2012 08:29:51
Ke se vrati, ke se vrati ko popce i uste ke si odraboti kaj bate Sase u Sistina ko site drugi uceneti.
Nikola, 28.02.2012 08:41:30
Za Mile Kitich i drugi slicni: A sto trebase da pravi Dimov? Da dozvoli da mu pravat ona sto im pravat na onie od Pero Nakov? Da dozvoli da se izzivuvaat vo dolga istraga? Ova e strashno sto se slucuva! ne vi vredi osloboditelna presuda posle takvo iskustvo!
Bond, 28.02.2012 09:06:52
od kade mu bese togas Tuaregot od 80 000 evra za edna godina minesteruvanje. Od kade mu bea akcii vo Krka koga bese minister? Ima i to avrska so kupuvnanje lekovi od krka? Ne znam zosto ovie raboti ne se obide da gi rascisti vo intervjuto.
Djole Dzoka do Mile Kitic, 28.02.2012 09:22:26
ako tebe Kiticu te gonat za gluposti ke fatish Argentina (koga bi mozel) i ke shetash bez pasosh..
Do Mile Kitic, 28.02.2012 09:27:32
Odgovorot e ednostave, covekot ne mu dozvoli na Grujo i drugarcinjata da bide predmet na politicki linc na isfrustrirani nacionalisti i fasisti. Stetata sto nie ke ja placame za Dimov, Ramkovski, Canoski i drugi maloletni izleti na Vladata.
Sile, 28.02.2012 09:35:56
@Mile Kitich Zatoa sho ne saka da lezi zatvor nevin...
Славе, 28.02.2012 10:19:04
Има луѓе кои од сопствената мајка ке го укратдат детето. А за овој незнам? А има и големи бандити во прикриена форма.
ohrid.mk, 28.02.2012 12:05:19
Sekako ima tuka nesto nedoreceno,no kako i da e covekot zaminal i nema namera da se vrati.Za volja na vistinata ne oti nekoj pak da recis premnogu se vozbudi,naprotiv,velime nisto,koja majka ke odi....Tuku muabetov mi bese ja znaete onaa narodnata so kurvata i kopilkata...Nesto taka kako da mi mirisa rabotava....Eve eden konkreten primer....jas so sigurnost tvrdam dragi moi braka i sestri...Po direktiva na ministerkata za kultura Eli otvoren e semeen teatar vo....Ne veruvate????Proverete.....I sto prajme sega so spomenatava gospoga koja popatno i doktorska disertacija ekspresno ni polozi????Aj sega najdi mu go krajot brate felikse....i aj da si gi trgneme veke ednas maskive i maski dasi se iznapcueme brate(kako sto ne uci petre)...ova dosta kukavicki mi izgleda...i ne mnolgu doblesno...aj so zdravje moram na rabota...dvanaeset sati treba da rngam maski ne davaat badijala pari janezive...
sime, 28.02.2012 12:08:31
Abe Mile Kitic sto ti trebase?
Milan, 28.02.2012 12:58:36
Neka kaze za kolku mu zavrsi rabota na Azmanov za placevite ( Azmanov prizna kolku mu dal za toa ) koristejci ja funkcijata Minister.
deko, 28.02.2012 22:16:43
Dali Dimov znae deka go vikaa gospodin 30%,site sto rabotea vo zdrastvoto i sega se uste rabotat znaat deka od sekoj tender 30% odese za Dimov,sto mislite od kaj tie grdni pari gi zarabotil od plata sigurno mnogu stedel,ne jadel se staval na kniska devizna.ha.ha.ha.Covekot e ziva mafija samo sto e doktor a oni ne podlezat,i ne odgovarat za kriminal,doktorite se posebna fela i se uste ne sum videl deka nekoj doktor e osuden bez razlika kolku kradel.Ima mnogu kriminalci kako nego vo sutka samo nikoj ne pisuva i se grizi za niv,a ovoj pobegna od zakonot i zivee kako sultan,da go zalis.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 6°C

Претежно облачно

Четврток
Делумно облачно
Макс: 7°C, Мин: -4°C

Петок
Претежно облачно
Макс: 9°C, Мин: 1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |