Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
27.02.2012, 17:43

Поглед

Франкенштајн во Скопје

Љупчо Поповски

Доколку во една екстремно надреална приказна Коце Трајановски се разбудеше како градоначалник на Париз, уште недорасонет ќе се затрчаше кон „чудовиштето“ во срцето на градот на светлината. Културниот центар „Жорж Помпиду“, популарно наречен Бобур, со архитектура што личи на рафинерија за нафта, беше дел од од најцрните кошмари на Трајановски – тој не можеше да замисли во барокната идила еден модерен натрапник. Брррр... каков ужас, како може некој да размислува и да создава во чекор со времето, да биде дел од модерната, па дури и пред времето. Па уште оној супермодерен кварт Дефанс – да не се овие Французи луди, тие сакаат да го уништат Париз!

Има некоја вселенска леснотија со која политичарите трошат огромни туѓи пари за проекти што го навредуваат здравиот ум. Коце Трајановски, без да поцрвени од срам, сега сака да ја смени стаклената фасада на поранешната Стоковна куќа и на скопското ремек-дело на модерната, зградата на „Метропол“ изградена во 1933 година. И тие требало да имаат барокна фасадата како околните згради за да не се делеле. Види мајката - прво им ги менуваат фасадите на зградите околу нив и потоа архитектонските убавици ги нарекуваат копилиња.

Вакво самоволие, уништување на времиња и вредности немало ниту во времето на Калигула. Неколкумина политичари мислат дека се определени од Бога да бидат господари на животот и смртта, на грдото и убавото, на спомените, на радоста и тагата. Ќе бидат потребни неколку истражувања за психолошките профили на урбанистите кои по нарачка го создаваат овој Франкенштајн во Скопје и на архитектите кои прифатија да ги спроведат нивните замисли. Ги мачи ли некаква совест, се препотуваат ли во сон кога некој им се обраќа со зборовите: „Добредојдовте во ужасот што сами го создадовте“.


Статијата е прочитана 3028 пати.

Испрати коментар



За задолжницата, за родителите и за децата
Фусноти
Што ги возбудува Македонците



Hari, 28.02.2012 00:39:36
Zborovite sto gi upotrebuva avtorot se preblagi za havarijata sto ja napravija seljacanata od dpmne i platenite ubijci na Skopje kako Bozinovski i onaa avtorka na Ace, Valentina li se vikase? Se grozam od moeto Skopje, 3014 e ednakvo na Skopje 1963 godina. Isfrustrirani tvorci na najgolemiot kiceraj.
граѓанин, 28.02.2012 01:01:14
Уште почудни ми се нивните објаснувања дека со тоа сакале да привлечат туристи?- Навистина не ми е јасно кој е мотивот за упорно терање инат со овој апсурден проект? 1. Дали можеби градење споменици и фасади им е најлесен начин да исперат пари и тоа да го прикријат? 2. Дали Груевски е до толку е самозаљубен па сака по секоја цена да си го трансфорнира градов според своја желба - којзнае може во иднина ќе го преименува и според своето име (како цар Петар)? 3. Дали е тоа најлесниот начин да прикажат дека ете власта работи врз нешто суштинско- бидејќи делата се гледаат??? - Не знам, не знам како до нив не успеа да допре гласот на народот кој тоне во беда, гласот на светската јавност што ни се потсмева, гласот на стручната јавност според кој огромен дел од она што е направено и ќе се прави е промашување вод секој можен аспект - државата е драстично заслабена економски, политички, еколошки, културно духовно..ама баш му е гајле и на Коце и на Грујо и на секој нивни Мујо !!!!
Goran, 28.02.2012 05:35:46
Како професионален дизајнер да кажам, прво од културниот центар „Жорж Помпиду“ до Метропол, што би рекле старите има од тука до Стамбол разлика. Културниот центар „Жорж Помпиду“ е светско чудо на архитектурата, метропол е една најобична зграда која надвор општина центар ама баш нема никакво архитектонско значење. По таа логика, ако Метропол беше толку значаен, сега ќе ги имавме сите тие милиони турсти кои секојдневно го посетуваат Културниот центар „Жорж Помпиду“ и кај нас во Скопје. Реалноста, Скопје архитектонски е вреден колку едно просечно предградие во Романија, и тоа се гледа по бројот на туристички посети, и непостоењето на мапата на убави градови во ниедна светска турстичка агенција. За поздравување е што конечно некој реши да ги разубави фасадите во Скопје. Ме интересира колку новинарот успеал да донесе гости од странство да го видат и уживаат во убавините на Метропол ако е толку нели убав.
Itar Pejo, 28.02.2012 07:01:59
Fenomenonot na Potemkinovi sela e poznat. Barem na onie koi sto imaat minimum kultura steknata vo osmoletka. Megutoa Potemkinovite sela se gradele so vkus. Sega se stvara nov fenomen, koj sto mozda ce vleze vo svetskata istorija kako Kocev barok.
До „граѓанин“, 28.02.2012 07:45:49
Чудни ти се објаснувањата дека со тоа се сакало да привлечат туристи? Па излези на плоштадот и во еден ден ќе видиш гости и странци колку што порано имало села година. Само треба да ги отвориш очите што ти ги затвора Бранко.
Prijatel, 28.02.2012 09:23:58
Ljupcho, ne znam zoshto se voznemiruvash, pa kaj nas postoi tradicija za barok. Ete, proshetaj niz skopskata naselba Shutka i tamu ke zabelezhish elementi na barok po privatnite objekti koi tamu se koristi so decenii. Vreme beshe toj pravec vo arhitekturata da dojde i vo centarot na gradot.
Viziite na Koce, 28.02.2012 09:47:20
Ubavi idei ima nas Koce.Samo ne znam zosto uste ne mu padnalo na pamet da izgradi Koloseum vo Gradskiot park , pa tamu da se organiziraat zabavi i igri za narodot, a istoi taka ne znam zosto se otkaza od idejata , da gi vrati starite kocki na plostadot Makedonija. Kolku ubavo ce licea . Mozebi zenite stiklite ce si gi iskrsea gazejci po niv, ama pa odot ce im bese graciozen , bidejci ce moraa da se nisaat so kolkovite.Toa mozebi ce imase pozitivno vlijanie na natalitetot. Taka Koce samo napred! kakvi vizii i idei imas nema da se zacudam i Vavilonska kula da izgradis!?
mikimaus, 28.02.2012 10:42:55
Pa posle ke pominat od drugata strana na plostadot pa i zgradata na Telekom i tie novi banki sto se so temno stakleni fasadi ke gi napravat vo barok,da ne bidat vo kontrast so celata slika!!!Nenormalno.Samo ova Koce TTrajanovski i Todorovik sami ne mozat da go izmislat,pozadi niv e familijata,najgolema peralnica za pari.Grozen e centarot i ne izleguvam na plostad!
petre klukajdrvec, 28.02.2012 10:59:02
Mislam deka ne ste vo pravo. Koce kockata nema poim ni sto e Moderna nitu sto e Barok. Koce ne zaslizuva da se najde vo nieden kontekst koga se zboruva za arhitektura, umetnost i slicni za nego apstrakcii. Zato mislam deka nego da go kritikuvate e vistinska utka. Toj nema vina bidejki ne znae sto pravi, taka mu kazale. A bilo kakva kritika pa i vasata samo mu dava znacaj koj go nema i ne go zasluzuva. Edinstvena negova vina e sto e toa sto e. A nam gospod neka ni e na pomos, no da bideme svesni, sami si go baravme.
do goran, 28.02.2012 11:31:19
Gorane ne tresi gluposti ,ne se brukaj profesionalno! i makedoniumot do sea bese marginaliziran od samite nas ama pogledni blagodarenie na internet sto pravi posle tolku vreme od negovoto postoenje,...ili mozebi i toa e romanska arhitektura?? samo za tvoja kultura malce da se educiras eve ti edno sajtce napraven bas od kapitalizmot za vrednostite na kumunistickata arhitektura....pa ti davi se ponatamu u tvojot barok: fuj za takvi ko tebe:-( http://www.ostarchitektur.com/architektur.html
нормаљ, 28.02.2012 12:07:53
Читајки ги коментариве, заклучувам дека не е чудно ова што се случува.
gragjanin na RM, 28.02.2012 12:38:57
Ima edna stara narodna pogovorka,SELO GORI BABA SE CESLA i so toa se e kazano.No sepak najprvo cestitki za avtorot na napisot.RM ne gi resila najvaznite politicko egzistencijalni prasanja a se zanimava so ovakvi periferni raboti.Ne e priznaena kako drzava pod svoeto ustavno ima ogromni ekonomski problemi,megju koj e najgolem nevrabotenosta koja iznesuva nad 35 %,najniski prosecni plati i penzii vo regionot,skoro nikakvi stranski investicii,kaktastrofalno javno zdravstvo i skolstvo i da ne nabrojuvam ponatamu, Komentar ne e potreben.Panem et circenses!!!
лудебит, 28.02.2012 12:43:54
Каков Коце какви бакрачи, кој го шиша, па гледате дека е обичен потрчко, и се занесува кога ќе објаснува некоја идеја,а Коце го пдзаборавил напишаното. Каде најдувате капацитет у Коцета, да се стави на Б...метар ќе се види неговата интелегенција. Но баш му е гајле тој го шета светов на наш грб, и плус не прави Г Л У П А В И.1254
kosmopolit 1, 28.02.2012 13:40:42
Do Goran Toa sto si profesionaen dizjaner ne znaci deka te biva za taa rabota.Pariz ne go posetuvaat zaradi taa grdotija Bobur, tuku zaradi toa sto Pariz e Pariz so vekovi.Pa normalno deka Skopje ne moze da se meri so Pariz, pa ni so poseti na stranski turisti.A ako go sporedis opkruzuvanjeto (nie sme sami klosari i goltari ama i site nasi komsii ne se podobri), infastrukturata, soobracajnite vrski, itn., ne treba mnogu pamet da dojdes do zaklucok. A ako imas diploma mozes da ja skines.Tuku sega sekoja budala ima diploma.
do ludebit, 28.02.2012 15:04:41
Tokmu taka, no prosekot na inteligencija na Kockata ne e ponizok od prosekot na inteligencija na makedonskiot narod. Toa ne smee da se zaboravi.
BitolaHamiltonCanada, 28.02.2012 22:34:03
DO TOJ SHTO MU ODGOVARA NA GRAGANIN,Ne toa e samo opticka varka.Plostadot sega e poln so kicheraj.Prostorot za luge sega e mnogu,mnogu pomal.I koga ke ima desetina luge vo taka drasticno smalen prostor, ke izgleda kako da se sto i poveke.Tvojot omilen MEGALO NIKOS shiroko ti gi zatvoril ochite za da gledas toa toj shto ke ti reci.Ti treba da odis kaj Branko da ti gi otvori.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 5°C

Претежно облачно

Среда
Обилни врнежи
Макс: 7°C, Мин: -3°C

Четврток
Делумно облачно
Макс: 7°C, Мин: -3°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |