27.02.2012, 19:22 Мислења
Што ги возбудува Македонците
Слободан Најдовски
Оваа состојба не води никаде. Потребно е нешто да го подмрдне тркалото на апатичност и депресија на македонскиот граѓанин
Македонската јавност дозна на што се возбудуваат дел од македонските пратеници додека се во собраниската сала. Пораките на мобилен телефон биле силен афродизијак за некои членови на македонското Собрание.
Шегата настрана. Случајот во Собранието е скандал од прв ред. Дури и во држави со низок степен на демократија тоа ќе предизвикаше лавина од реакции во јавноста. Реакциите, пред се' на медиумите, невладините организации и интелектуалците за кратко време ќе го принудеа пратеникот да се повлече од функцијата. Причината е едноставна. Тоа претставува деградација на институцијата и навреда на граѓаните кои издвојуваат пари за финансирање на државата. Доколку тоа не го направи пратеникот, лидерот на партијата јавно ќе се дистанцира од таков носител на функција и ќе побара тој да се повлече. Постои и друга варијанта, лидерот на партијата да застане во одбрана на пратеникот и така да го затвори случајот наспроти мислењето на јавноста и врз себе ќе ја преземе одговорноста. Значи скандалот ќе се разрешеше за ден-два и немаше да биде тема за забава на граѓаните, бидејќи тие имаат многу посериозни проблеми со кои се соочуваат секојдневно. Но, тоа што е нормално за други не е доволно инспиративно за реакција кај нас.
Затоа интересно е да се дебатира за прашањето на што и како реагираат Македонците или што е тоа што нив ги возбудува и иритира кога е во прашање нивниот начин на живеење. Зошто проблемите од секојдневниот живот не ги инспирира на манифестација, на адекватна реакција која ќе го сврти вниманието на надлежните и ќе ги поттикне да се ангажираат на нивно решавање? Што е тоа што ќе ги поттикне јавно да го искажат своето мислење и реакција. Кога пишувам Македонците, не мислам само на етничка припадност, туку на државна припадност на граѓаните во нашата земја.
Досегашното искуство не' тера да го бараме одговорот на прашањето за приликите кои ги интригираат и ги тераат на реакција македонските граѓани.
Според сите анкети, главните проблеми ко�� ги посочуваат граѓаните се поврзани со економијата, незадоволство од функционирање на државната администрација, нискиот степен на демократија. Невработеноста, нискиот животен стандард, недоволно развиената демократија се високо на листата на прашањата кои најмногу ги мачат граѓаните. Реално е да се очеку��а и нивна најголема реакција кога се изострува проблемот во овие сфери. Но, не е така.
Лондонски „Економист“ не' сместува на прво место по мизерно живеење, а кај нас се молчи. Поскапува електричната енергија, никој не реагира. Во сметките за електрична енергија плаќаме улично осветление, а со денови улиците се во мрак. Цената на парното се крева до небеса, пак се молчи или се коментира ама вртејќи се околу себе да не не' чуе некој. Прогресивно расте долгот на државата, а реакциите се ексцесни и изолирани, без да предизвикаат загриженост кај креаторите на фискалната политика во државата. Според главните показатели за стандардот на живеење, се движиме кон дното, а граѓаните речиси и да не реагираат.
Ако изостанува реакцијата за лошата економска состојба, посебно за сиромаштијата, тогаш би требало реакцијата за нивото на демократија да биде на прво место. Но, ајде да видиме како реагираа граѓаните на вестa за рангирање на слободата на македонските медиуми, што е основен услов за демократско општество, а според која сме на 94. место. Освен по некој новинар и политичките партии од опозицијата, немаше реакција од друго место. Каде е новинарската фела или и тие како нас, политичарите, ќе се изедат меѓу себе па немаат време да реагираат. Толку институти се формирани, толку катедри на државни и приватни универзитети, а реакција нема. Каде се експертите за човекови права? Каде се бројните т.н. медиумски перјаници. Каде им е на сите нив македонштината со која само тие се гордеат и која само за себе си ја припишуваат. Се плашат ли дека ќе им залепат етикета дека се опозициски настроени? А, зошто се помируваат со фактот дека молчејќи ја поддржуваат Владата и се соучесници во оваа деградација на македонската медиумска слика.
Не мислам дека тие треба да застанат и да бараат оставка од Владата за да и' помогнат на опозицијата, туку да застанат во одбрана на развојот на демократското општество за да им помогнат на граѓаните. Да дебатираат стручно. Нека им порачаат на политичарите да се тргнат од нив. Но, можеби некои поединци се подготвуваат да кажат дека опозицијата врши притисок врз медиумите и во соработка со странците и' скроија капа на Владата и затоа не' рангираа на 94. место. Рангирањето на опашката според слободите на медиумите не е алармантно туку е убиствено за македонската држава, а тие избраа да молчат. Сигурно нешто не е во ред со оние кои избраа метод на молчење во очекување на помош од Владата. Во заблуда се ако очекуваат реакција на Владата, парламентот или друга државна институција. Нивниот метод на работа е причината за проблемите и не треба да се очекува да бидат чинители на нивното решение. Можеби државните институции ќе реагираат следната година ако бидеме рангирани некое место подобро и тоа ќе го покажат како голем успех, но дотогаш ќе настојуваат да ги потиснат овие проблеми.
Но, без реакција за проблемите од егзистенцијална природа, тешко е да се очекува реакција на загрозеноста на демократијата.
Што е тоа што го тера огромниот дел од македонските граѓани да молчат, да чмаат во сивилото и да подголтнуваат наместо да зборуваат. Дали е во прашање стравот од власта? Дали е во прашање потребата да се преживее? Можеби е во прашање и изгубената верба дека има шанса нешто да се промени во државата? Без разлика што и да е во прашање, молчењето не е добро и молчењето секогаш не е злато.
Како ништо повеќе да не ги возбудува Македонците, кога е во прашање општественото живеење. Летаргијата и препуштање на случајноста стануваат наше секојдневие. Затоа да не не' чуди кога анкетите ќе покажат дека македонските граѓани се склони повеќе кон цврста рака отколку кон демократско општество.
Оваа состојба не води никаде. Потребно е нешто да го подмрдне тркалото на апатичност и депресија на македонскиот граѓанин. Таа улога треба да ја преземат пред се' интелектуалците, универзитетската јавност, асоцијациите на одредени интересни групи.
Но, по се' изгледа, се' уште ќе трае времето во кое ќе се вртиме во круг. На прашањето зошто не реагира јавноста ќе следи одговор дека нема информација. А, зошто нема информација, затоа што нема слобода во изразувањето итн. Исто како кога ќелавиот отишол на доктор и побарал лек против ќелавоста. Докторот го прашува дали се нервира. На потврдниот одговор на пациентот, докторот го прашал, а зошто се нервираш? Ќелавиот одговорил - па, затоа што ми паѓа косата.
(Авторот е поранешен пратеник)
Наш став
Објавувањето колумни и мислења од надворешни автори е одраз на намерата на „Утрински весник“ да биде моќен и влијателен глас на заедницата, што е посакувана улога на секое јавно гласило. Но сакаме и да напоменеме дека не се согласуваме секогаш со ставовите што ги изнесуваат некои од нашите колумнисти, особено кога станува збор за лични дисквалификации, етикетирања без основа и извртување на контексти со цел да се наштети на друга политичка личност или личност од која било сфера. Во таа смисла „Утрински весник“ целосно се оградува од таквиот речник и конотации, и ги смета за непримерни во јавната комуникација. |
|
Статијата е прочитана 5015 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Predavnik, 28.02.2012 01:51:27 | Ima i treta varijanta, liderot da podnese ostavka. Ama toa e tolku nevozmozno kaj nas, da i vie ne razmisluvate za taa opcija. A za narodot, makedonski? Toj e voinstven, reagira na sekoja nepravda i lopovluk, toj e pravichen i dobronameren, toj ne e pakosen i zavidliv, nepodmitliv e i pameten, a vo pravo e duri i koga greshi itn. Sepak, ne se chustvuvam posebno srecen i ponosen shto sum del od tokmu takov, falen i patriotski narod. |
| pameten, 28.02.2012 06:34:25 | Makedoncite kako i ljugeto vo site drzhavi sakat edno i isto.: bezbednost, rabota, dobro zdravstvo, dobro shkoluvanje za decata, sigurni penzii sa starite... 20 godini ne se viduva shansa ovo da stane Makedonskata realnost. Logichno ima letargija. |
| cobe, 28.02.2012 07:29:16 | лек едноставно нема........ ова не е народ, ова е АМОРФНА супстанца............ |
| Престсани да пишуваш!, 28.02.2012 07:53:32 | Оваа состојба не водела никаде, па било потребно нешто да го подмрдне тркалото на апатичност и депресија??? Точно! Јас се чувствувам особено апатичен и депресивен кога ги читам колумните на поранешниот пратеник Најдовски. |
| seirdzija, 28.02.2012 09:25:06 | Verojatano i kolumnistot ima slusnato za potpisanite menici od strana na pratenicite,pa otuka i e razumno deka tie nemaat obvrski sprema narodot tuku samo sprema liderot.Sto da ocekuvas od takov pratenik???Da se grizi za drzavnite interesi???Ha!...Ha,ha!Pa im ostanuva da si razmisluvaat na sto da gi potrosat dnevnicite,platata verojatno odi za semejstvo,a tuka ima prostor za DLABOKOrazmisluvanje... |
| Verbalen Bozdogan, 28.02.2012 11:31:45 | Kako toa narodot nema pari, a najisplatlivi biznisi se kafichi i supermarketi? Od kade rastat depozitite na naselenie sekoj mesec? Dosta vekje so depresivni tekstovi, ako imate podobri resenija, prezentirajte gi. |
| do Slobodan, 28.02.2012 14:42:10 | Slobodane ubavo ti go dale imeto da se boris za sloboda,arno ama takvite borciskapo gi cini. |
| jovan, 28.02.2012 16:30:33 | Koga opozicijata molci, duri vo edna prilika svoeto molcenje go pravdaa so toa deka bilo opasno da se sprotistavuvas na ovaa Vlast bidejki apsela, togas nesvakam kako ocekuvate narodot da prevzeme nesto. Onaka spontano da izleze na ulica, da pocni da krsi, da se stvori haos, i opozicijata samo da sedne na Vlast? Se dodeka imame vakva opozicija, koja polovina od nivnite clenovi (sega deklarirani kako bivsi) se vo Vlasta (primeri eden kup, eve dva-tri, Ugrinovski, Zingo, Kamcev.....) i koja ima zadaca da glumi opozicija, ovde krajot na ova sivilo ke dojde koga Makedonija ke propadne. Posle toa, mozebi narodot ke ima sreka, pa ke dojde nekoj podobar okupator od ovie nasive, ili pa ke zavladee totalen i vecen mrak za Makedonecot. Vo toj slucaj, uzivajte uste malku vo sivilovo. Sepak podobro e od mrak. |
| Vace, 28.02.2012 23:13:49 | Ova vekje gramofonska ploca sto ripa stana , i sega sto ,site ja znaeme dijagnozata am lek nema nikade. Lesno e da se kritikuva ama nikoj nejke da gi zasuka rakavite,golemi biseri stanavme filozofi nevideni. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 5°C
Делумно облачно
|
Среда
Обилни врнежи
Макс: 7°C, Мин: -3°C
|
Четврток
Делумно облачно
Макс: 7°C, Мин: -3°C
|
|
|
|
|
|