Хороскоп
Овен
Многу нешто приведовте кон крај. На добро работно метсо сте, но остана уште нешто важно да се направи. Финансиите се стабилни. Тајна средба со некој кој живее близу до вас. Здравствено сте подобри.
Бик
Денот ќе го започнете малку нервозни, поради тоа што ќе имате премногу обврски. Самите сте виновни за тоа. Наредниот пат распоредете ја работата и завршете се' на време. Очекувате нечие враќање од пат.
Близнаци
На полето на кариерата можно е ненадејно унапредување, што не сте го очекувале. Финансискта состојба е променлива. Партнерот ќе ви предложи кратко викенд- патување. Не пропуштајте го тоа.
Рак
Денес ќе бидете многу подобро расположени од вчера. Ќе се фрлите на работа полни со полет, со желба се' што не е добро да го разрешите уште денес. МОжна е поголема добивка. Партнерот сака да ја поттикнува вашата љубомора.
Лав
Размислувате како подобро да ја завршите работата што е пред вас, а парите ќе ги добиете многу брзо. Можеби веќе утре. Ако не сте во врска или во брак, очекувајте наскоро почеток на убава романса. Здравјето е добро.
Девица
Воопшто не мислите на работата. Н аполето на финасиите е релативно добро. На емотивен план ситуацијата се смирува. Со партнерот можете да го надминете проблемот, но само ако вие нешто коригирате.
Терезија
Ја надминавте здравствената криза. Сега се чувствувате многу подобро, но не брзате да завршите се' што сте пропуштиле. Финансиите се' уште се нестабилни. Емотивниот живот е основната причина за вашата нервоза.
Скорпија
Не сте сигурни дека имате донесено вистински одлуки во последно време. За сега треба помалку да размислувате, а повеќе да се олабавите. Оставете работите да одат по свој тек. Здравјето е постабилно од изминатите денови.
Стрелец
Весели сте и оптимистично настроени. Целосната посветеност на работата ќе попушти, зашто моментално имате нешто друго во план. Емотивно сте позадоволни. Нема потреба да криете со кого сте во врска.
Јарец
Подготвени сте на сите видови ризик, како и евентуалните деловни изненадувања. Со некои колеги станувате се' поблиски, па и атмосферата е полабава. Во љубовта сте несигурни. Здравјето е добро.
Водолија
На работа ќе бидете присутни, но никој нема да има корист од вас. Мислите дека се трудите да дадете максимум кога е во прашање љубовниот живот, но само се инаетите. Односот со партнерот не е задоволувачки.
Риби
Партнерот поинаку доживува некои работи од вас, но тоа не значи дека не сте еден за друг. Кога ќе го прифатите тоа, се' ќе биде во ред. Можни се проблеми во односот со родителите, но ништо сериозно.
|