25.04.2012, 17:03 Декларација за НАТО - зошто?
Определбата на Македонија за членство во НАТО никогаш не била доведена во прашање и оттука е нејасно зошто се прави театар за јавноста
Жаклина Хаџи-Зафирова
Уште пред да биде изгласана, Предлог-декларацијата за реафирмирање на реализацијата на стратешката цел за членство на Македонија во НАТО доби амин од опозицијата, но поддршката ја изразија со резерва дека нешто ќе се постигне со овој документ. Документот, кој завчера го поднесоа ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, доби поддршка од сите партии, со исклучок на ДПА кои оценија дека се работи за „празна демагогија“. Предлог-декларацијата се носи во пресрет на долгоочекуваниот Самит на НАТО во Чикаго, кој е планирано да се одржи кон крајот на мај, за што постојат сомнежи кај опозициските партии дека овој настан може да биде пресвртница за иднината на земјата пред да се реши проблемот со името.
Во Предлог-декларацијата која до сите парламентарни партии ја поднесоа двете најголеми владејачки партии се потенцира дека интеграцијата на земјата во НАТО треба да биде главната политичка определба и цел на сите политички партии, општествени чинители и граѓани. Декларацијата повикува на почитување на принципите на отворени врати на НАТО и се посочува дека земјата ги има исполнето сите критериуми и услови за членство во НАТО. Во неа, исто така, се бара да се уважи пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг и препораките од таа пресуда кои се во функција на објективно отсликување на состојбите кои имаат влијание на евроатлантската интеграција на Македонија.
Најголемата опозициска партија, СДСМ ја поддржи Предлог-декларацијата. Пратеникот на СДСМ Андреј Петров од собраниската говорница порача дека даваат „искрена поддршка од опозицијата за една стратешка цел“. На барање на СДСМ, документот кој беше потпишан од опозициските партии беше ставен за прва точка на дневен ред. Тој изрази жалење што на седницата не присуствуваат претседателот и премиерот.
„Заклучуваме дека власта има план како да ја внесе Македонија во НАТО на претстојниот Самит во Чикаго. Затоа ја поддржуваме декларацијата и очекуваме резултати“, изјави вчера Петров. Тој рече дека за СДСМ највисок приоритет се евроатланските интеграции на Македонија. Петров нагласи дека доколку владејачкото мнозинство смета дека со оваа декларација на Владата ќе и' се олесни работата за членство на Македонија во НАТО на мајскиот Самит во Чикаго, тогаш безрезервно ќе ја поддржат.
Поддршката за Предлог-декларацијата за членство на Македонија во НАТО вчера од собраниската говорница ја дадоа и НСДП, ЛП, ПЕИ и СЛ. Зборувајќи за проблемот со името, Тито Петковски од НСДП изјави дека треба да се дискутира за овој проблем и да се обезбеди национално единство. Според него, времето не е наш сојузник и може лошо да се одрази на стабилноста на државата. Тој потенцира дека документот не е патот што води кон НАТО, туку дека државниот врв треба да понуди алтернатива за државата.
Додека, Сафет Бишевац од СЛ оцени дека се работи за „обичен маркетиншки ефект“ и дека на сите ни е јасно дека таа цел нема да биде остварена.
Имер Алиу од ДПА образложи дека не ставиле потпис на декларацијата бидејќи нејзиното носење го сметаат за „празна демагогија“. „Не знам каде се гледа оправданоста за оваа декларација кога се знае јасно дека услов за членството е Македонија да го смени името“, рече Алиу, посочувајќи дека со декларацијата се прави обид да се покрие неспособноста за на��ѓање решение за името. |
|
Статијата е прочитана 1562 пати.
|
Испрати коментар
|
|
пријател, 26.04.2012 00:34:09 | Ако е главна цел влегување во НАТО тоа значи исполнување на условите на НАТО.Во тие услови најважен е решавање на спорот околу името во преговори со Грција.А за да се реши спорот во преговори треба страните во спорот да нудат предлози преку кои би се дошло до компромис.Ако грчката страна понуди име со географска одредница ерга омнес и Македонија треба да даде свој предлог.Ако досега Македонија нема дадено никаков конкретен предлог од своја страна околу кој би се воделе преговори,како мисли да се дојде до решение?Дали предлогот кој за Македонија значи заштита на идентитетот треба да дојде од Македонија или од Нимиц и од Грција? |
| Istocna Makedonija, 26.04.2012 00:46:06 | ,,Deklaracija za NATO-zosto?Prasanjevo e bas
retoricko i bez odgovor!Taktiziranje,seenje magla
,,igra bez topka,baranje na alibi.Komparativno,
sakam da go preplivam La Mans,ama ne znam da
plivam!Ili,bi sakal vo stranstvo,nemam pasos! |
| demokrat, 26.04.2012 01:09:02 | Декларација за НАТО - зошто?
Za da gledame besplaten teatar! |
| Todor, 26.04.2012 06:25:37 | Театарче лево ќоше или К-15.... |
| koki, 26.04.2012 07:15:31 | Обична лакрдија на ВМРО-вчињата, алиби за вождот односно Пастирот, демек во стилот еве ние работиме 24/7 и сме единствени по однос на НАТО и ЕУ, во суштина на сите до еден им е јасно дека од ова ништо не бидува........дури и на Феликс му е потполно јасно, нели Феликс??????? |
| pile, 26.04.2012 07:59:12 | VMRO-DPMNE Rezolucijata 817 i 845 na SB pri OON, vo aktite na partijata ne gi priznava kako i neodamnesnata izjava na najpatriotskiot Premier, deka VS od 1995 godina e zjiva katastrofa,razbirlivi se vakvite dodvoruvanja kon megjunarodnata javnost vo 5do 12 casot, pa i pred elektoratot, ako se znae deka vo Bukurest 2008 godina Premierot zamina so soglasnost za ime Republika Makedonija (Skopje).DPMNE treba prvo da rascisti so sopstvenite stavovi i da gi usoglasi svoite baranje spored osnivackite akti ili da gi ukine odredbite, a ne da vodi celofan politika i da see magla kaj Makedonskite gragjani.I sto bidna koj ja vodi drzjavata,ili nekoi prasanja nezasluzjuvaat da Vi bidat postaveni. |
| Edenl list A4 format, 26.04.2012 09:33:12 | Deklaracija za NATO-zosto? Pa sto ne kosta eden list A4 format da go potpiseme i pratiume. Znaeme deka nikoj nema ni da go procita, no vazno ce go pratime. Obicna demagogija i nisto drugo. Nam ni se kazani kriteriumite i uslovite za priem vo NATO i ako sakame i da placeme i vreskame okolu zgradata vo Cikago , nikoj nema da ne primi.I za sudot vo Hag jasno mni kaza deka e samo gubenje na vreme, no eve nie uporno se fativme za nego Eve sega i Ban tiu Mun ne moze da kaze sto da pravime so presudata.!? |
| ФЕЛИКС, 26.04.2012 09:36:29 | Ако сето ова е безпотребно и театарски настап што тогаш опозицијата статира во тој театар а посебно оној подржувач на смоки криминалот на својот газда.Попоштено би било да се отфрли ваквата улога и не потпишиувајте вакво нешто.Вака ем критикуваат ем го прифаќаат критикуваното, однесување типично и очекувано од опозицијата,нејзините подржувачи и ептен независните медиумски одработувачи.Ако нема декларација,,зошто нема,,ако има пак,,абе театарско однесување,,.Кажете веќе еднаш јасно и гласно,,не сакаме вакво однесување и не потпишуваме,,Ова би се случило ако се нема ,,прпа,,што ќе кажат оние од Брисел.Па вака како вејка на ветрот се ориентираат во кој правец дува ветерот. |
| od ostrijot, 26.04.2012 10:56:36 | sdsm ja potpisa deklaracijata zadaim pomogne na vladejackite partiji koj se vlezeni vo korsokak i nikako nemozat da izlezat od nego. |
| P.Petar, 26.04.2012 12:26:19 | Stapot ima dva kraja. Na ednata strana deklaracija za clenstvo vo NATO a na druga strana deklaracija za neutralnost i neclenuvanje vo NATO!! Koja e pravata strana??? |
| BitolaHamiltonCanada, 26.04.2012 15:00:10 | Deklaracija za NATO-zoshto???????
Za da mu pukni na SDSM i da se snevidat.Edinstveno DPA pokaza hrabrost i go imenuva ovoj dokument so vistinskoto ime i prezime PRAZNA DEMAGOGIJA.
A SDSM!?!?....kukavici i poltroni.So vakvo poltronsko odnesuvanje ke si sedime vo opozicija i ke si igrame kako shto ni svirat portokalite,ushte dolgo vreme. |
| radev, 26.04.2012 15:27:28 | vmro po sekoja cena pa duri i so smesna deklaracija misli moze vo nato sakat sto posloro nato mislat ce gi spasi od baranjata na albancite za otcepuvanje dodeka dui misli ..a fakticki i e mozno..vo nato bez bolno ce se otcepat po pat na glasanje... |
| do radev, 26.04.2012 17:17:28 | Ne moze nikoj da se otcepi od Makedonija.Probaa vo 2001 g.i ne uspeea.Toa im e pouka i znaat deka ne mozat povtorno da baraat otcepuvanja i federalizacii.Koj ke bara vakvo nesto,tesko nego. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 16°C
Ведро
|
Среда
Ведро
Макс: 28°C, Мин: 11°C
|
Четврток
Сончево
Макс: 31°C, Мин: 13°C
|
|
|
|
|
|