Хороскоп
ОВЕН
Ве интересира само личната слобода, размислувајќи за работите кои може да ви бидат од лична корист. Бидејќи поседувате неисцрпна енергија, искористете ја за учење и креирање на односите во блиската околина. Се наоѓате во ситуација која бара итна одлука.
БИК
Зошто сте несигурни кога сите аргументи одат во ваш прилог? Чувството на друштвена неприфатеност и страв од можна отфрленост - немаат реална основа и се производ на вашите лични инсинуации. Постои можност за создавање на подобри животни услови.
БЛИЗНАЦИ
Мора да се прилагодите на настаните и да сфатите дека влегувате во ново животно поглавје. Се наоѓате во фаза на преиспитување, размислување за идентитетот и односите со околината. Од вас се очекува да ги следите туѓите желби. Не барајте реванш.
РАК
Ако сте незадоволни од работата, погрешно е да страдате, а ништо да не преземате за да ја поправите ситуацијата. Се обидувате да извршите замена на тезите во поглед на разни вредности, а ако не можете нешто да постигнете, ќе се задоволите со лошата варијанта.
ЛАВ
Романтично сте расположени, желни за промени, посебно на емотивен план. Никогаш доста од љубов! Слободните моменти минете ги во креативно расположение, во желбата да бидете забележани. Па, Лав сте, зарем не? Со насмевка ја разоружувате саканата личност!
ДЕВИЦА
Се наоѓате во конфликт со самите себе. Сакате да ги задоволите и личните потреби, но и потребите на членовите на семејството. Бидејќи ве очекува тешка работа, психички ќе се подготвувате за неа. Денов е во знак на претресување на семејните проблеми.
ТЕРЕЗИЈА
За чудо, уживате во самотијата во која ги следите своите чувства. Односите со околината се конфликтни, па ќе решите да се дистанцирате. Сепак, пријателите нема да ве остават на мира. Ќе ве малтретиа некоја личност која има емотивни проблеми.
СКОРПИЈА
Во хаос сте! Некој друг не би можел да ја издржи оваа состојба, но вие некако се снаоѓате. Каде и да се свртите- конфузија: тајни врски, нерешени статуси... Треба да направите внатрешна трансформација на личноста или ќе имате сериозни проблеми.
СТРЕЛЕЦ
Чувствувате потреба за независност. Бидејќи претеравте со себичноста, мора отворено да се соочите со вистинската состојба на работите и да научите да не земате се за себе, туку и да давате. Стрелците најчесто не се свесни за оваа своја слабост.
ЈАРЕЦ
Бегате од одговорностите. Зошто преземате толку многу обврски кои не можете да ги завршите? Тоа не лични на вас. Можни се болести од психосоматска природа, како и емотивни блокади, кои треба да се лекуваат. Свртете се кон потсвеста.
ВОДОЛИЈА
Доколку сакате да го збогатите животот, а притоа да не станете роб на ниските страсти, свртете се кон креативната работа и имагинација. Чувствувате потреба да се дружите, но од себе ги оддалечувате луѓето кои ви укажуваат на реалноста и ве критикуваат.
РИБИ
Можни се семејни проблеми, поради кои сте загрижени. Можеби имате причина за тоа, но за несигурноста сигурно немате. Поседувате авторитет и умеете доминантно да настапувате таму каде што треба. Искористете ги овие свои особини на најдобар можен начин.
|