25.04.2012, 17:27 Кому би му користела војна во Македонија
Шпекулациите во врска со извршителите и планерите на меѓуетничкото насилство се зголемуваат, но досега нема цврсти докази во поглед на виновникот
Јануш Бугајски
Топлата пролет се заканува да се претвори во уште потопло лето, бидејќи тензиите во Македонија растат откако беа убиени во стил на егзекуција пет невооружени Македонци. Низата насилни инциденти, што се случија оваа година, изгледаат како намерни провокации со цел да се дестабилизира земјата со предизвикување на отворен судир меѓу Словените и Албанците. Но, кој би имал најголема корист од македонската катастрофа?
Шпекулациите во врска со извршителите и планерите на меѓуетничкото насилство растат, но досега нема цврсти докази во поглед на виновниците. Не може да се отфрли можноста за судир меѓу криминалните банди околу територии. Меѓутоа, прстите се вперени во неколкумина од нив кои би можеле да имаат корист од оваа ситуација и сите мора да бидат истражени.
Закани со одмазда
Неодамнешните убиства се поклопија со соопштението за појава на нова герилска група наречена Армија за ослободување на окупираните албански земји. Во извештаите на македонските медиуми се наведува дека групата и' дала ултиматум на владата во Скопје да се повлече од „окупираните албански територии“ или во спротивно ќе се соочи со одмазда, вклучувајќи и напади на полицијата и силите за безбедност.
Од бунтот и краткотрајната војна во 2001 година, тврдокорните албански елементи повремено се закануваа со обнова на непријателствата, тврдејќи дека Македонците и понатаму ги дискриминираат Албанците. Иако бунтовниците имаа ограничена, ако и воопшто имаа, поддршка меѓу албанската популација, од блиското минато е јасно дека за предизвикување на војна доволно е и малцинство. Ескалацијатата на етнички судири би довела до распад на коалициската влада, бидејќи поддршката за албанскиот партнер, Демократска унија за интеграција, во албанската заедница би можела нагло да опадне. Но, на ниту една од двете главни албански партии не би им користел уште еден судир бидејќи би биле вовлечени во непредвидливо политичко натпреварување со можност за формирање на некоја трета сила која промовира отворен албански сепаратизам.
Голема е веројатноста дека милитантите ќе настојуваат да ја привлечат фрустрираната младина, тврдејќи дека владата предводена од ВМРО ги крши правата на Албанците. Радикалната програма нема да ја поддржи ниту една соседна држава или меѓународна заедница. Сепак, би можела да предизвика меѓуетнички судири и понатамошна поделба на заедницата што би ја уназадило Македонија.
Албанската и косовската влада нема со задоволство да ја прифатат дестабилизираната Македонија, особено ако постојат притисоци за интервенција во име на загрозената албанска заедница. Таквото сценарио би можело да биде предизвик за владите во Тирана и Приштина и би можело да создаде загриженост од националистичка и иредентистичка реакција во двете држави. Некои набљудувачи веруваат дека зад ексалирачките тензии можеби стојат елементи на самата администрација на ВМРО, кои сакаат да ја зголемат јавната поддршка за владата во време додека земјата се соочува со економска стагнација и никакви изгледи во мај на самитот во Чикаго да биде поканета да влезе во НАТО.
Обвинениjа и кон Грциjа
Но, таквата стратегија би била самопоразувачка ако реакцијата на Албанците би била отпор, а етничките тензии би излегле од контрола. Под��лбата на земјата не ја поддржуваат политичарите кои тврдат дека нивната нација води директно потекло од античките Македонци и кои можеби негуваат сонови за Голема Македонија. Конечиот исход од крвавите судири би можел да биде намалена словенска македонска држава и зголемена меѓународна изолација.
Некои ја обвинуваат и Грција дека е конспиратор или провокатор на судирот. Тоа подразбира или дека Атина испратила специјални агенти во Македонија со цел да организираат инциденти и да ги зголемат домашните тензии или врбувала соработници во земјата за изведување на тие работи.
Иако грчките власти и мнозинството од грчката опозиција се согласуваат во својата политика кон Скопје, дестабилизацијата на Македонија не е во интерес на Атина. Тоа би можело да кулминира со поделба на Македонија, нерешавање на спорот со името и би имало негативни последици по Грција. Поттикнување на албанскиот сепаратизам во Македонија ќе го запали огнот на национализам во целиот регион, а пламенот можеби нема да може да се локализира внатре во границите на земјата.
Сомнеж може да падне и на радикалните бугарски националисти – оние во Бугарија или внатре во Македонија – кои не ја прифаќаат македонската државност и своите соседи ги сметаат за дел од иста нација. Без сомнение, тие би го поздравиле распадот на Македонија, бидејќи без албанските региони остатоткот од земјата би можел „повторно да и се приклучи“ на Бугарија.
Меѓутоа, пробугарскиот елемент во Македонија забележително е ослабнат во последниве неколку години, а владата на ВМРО ја преправа историјата тврдејќи дека многу од бугарските цареви всушност се македонски, иако Македонија како нација или држава не е спомената во историските записи до крајот на 20-ти век.
Србија е уште еден кандидат под сомнеж за поттикнување на падот на Македонија. Но, Белград има уште помалку причини, отколку Грција или Бугарија, да го распарчи својот сосед. Токму спротивното, националистичките сили во Србија фаворизираат блиски врски со Скопје против наводната албанска закана.
Во реалноста, можеби постојат неколку истовремени заговори за дестабилизирање на се' поранливата македонска држава. Исто така е возможно воопшто да нема никакви заговори, туку дека станува збор за низа локални инциденти и напади од одмазда кои, ако лошо им се пристапи, може да имаат ист ефект како и софистициран и координиран домашен или меѓународен заговор.
Без оглед на нејзиното потекло, ексалирачката спирала на конфликтниот национализам ќе одалечи неколку земји од европскиот проект, ќе спречи економски развој и ќе го осуди регионот на уште едно мрачно поглавје на изолација и стагнација.
(Авторот предава на студиите за Југоисточна Европа при Центарот за стратешки
и меѓународни студии во Вашингтон.
Текстот е објавен во Ал џезира-Балканс) |
|
Статијата е прочитана 3752 пати.
|
Испрати коментар
|
|
jovan, 26.04.2012 00:19:01 | Spored napisanovo, na nikogo ne mu e vo interes da ima vojna, no nekoj, uporno inicira da ima vojna.Vo tekstov isto taka ne se spomnati vnatresnite politicko-kriminalni grupacii koj sekogas koga ke se pocustvuvaat zagrozeni, i se zakanuvaat na drzavata so razni metodi, pa i destabilizacija.Ako pogledneme podaleku, interes za destabiliziranje na Balkanov ima i Rusija, pa i Iran.Rusija na Balkanot ima vekovno vlijanie, no vo posledno vreme znacitelno zagubi, pa saka povratok.Iran isto taka ima interes Balkanot da go pretvori vo baza za izvoz na islamot kon Evropa. Zainteresirani za destabiliziranje i vojna na Balkanov se uste ima mnogu.Koj bil, i sto im e celta na onie koj go napravija incidentot kaj Smiljkovci, se uste moze samo da se spekulira. Mozebi so istragata imaat nekoj soznanija, no za javnosta se uste nisto ne e poznato, pa ostanuva samo da se nagaga, a mozno e da bide bilo koj od gorespomenatite i spomenatite vo textot, pa i nekoj sosema novi.Mozno e da se ubieni i po greska. |
| perica, 26.04.2012 01:32:09 | A mozda e i Cacko? |
| Sydney Australia, 26.04.2012 09:32:57 | Gospodinot predavac na instituto za Balkanski studii , gresi koga veli deak VMRO ja preprava istorijata, ovaa vlada na VMRO ja koregira istorijata, a Makedonija e odamna psomnata vo site vzani knigi vo svetot a duri i vo biblijata i vo kuranot.
Gospodine ti treba da go najdis toa kade se makedonija e spomnata i od koga postoti i sto vsusnost bila Makedonija dali zamo nacija drzava ili mnogyu poveke od toa.
Ti si expert ti treba nas da ne ucis |
| Горан, 26.04.2012 09:57:24 | „иако Македонија како нација или држава не е спомената во историските записи до крајот на 20-ти век.“
ТИ ДЕЧКО НЕШТО СЛАБО СИ ЧИТАЛ ИСТОРИЈА!!! |
| Tina, 26.04.2012 10:11:57 | Po proslosta ke se meri sto ke stane utre.
A nie Makedoncite si ja znaime crnata proslost.
So tie denesni Kosovski i Tetovski mentalitet na ne civilizovan stav kon idnina vo Makedonija,
se kroji nepocit, novi lagi i pretenziji kon nasata zemja, istorija i nasledstvo.
Za site tie koji sakat vojna za da ja rascepat
Makedonija, edno e prasanjeto.
So nas vo mir i spokoj, ili vonka od Makedonija.
A nie ke mnimavame vasite pokreti.
Jas te gledam. Za site kriminalni cekori.
Jas te gledam. |
| Mudrec, 26.04.2012 10:40:50 | Mi smeta koga zboruvaat za konflikt megju Slovenite i Albancite. Ne deka ne sme sloveni, ama ova e bezobrazen nacin na izbegnuvanje da se spomne Makedonskata nacija. Zosto na primer koga zborat za Chechenija, ne zborat za konflikt megju Sloveni i Muslimani? |
| srebre, 26.04.2012 10:51:28 | dragi sidnej i sl istorija nemoze da se koregira,korekcija znaci falsifikat toa sto bilo bilo nemoze da tvdris germanec e rimjanin ili italijanec zatoasto germanija bila del od rimsko carstvo pred 2 ilj godini a narod vo denesnana makedonija nikoj ne go so prisila teral da se izjasnuva za bugarin do 1913g..... |
| bb, 26.04.2012 11:55:48 | Na tie sto mislat deka na vakov nacin se uzurpira teritorija,ne dzabe Tito ne dozvoluvashe da se vmesuva niedna sila koja i da e .A uste pak i povekepartiskiot sistem za koj sme nedorasnati.,se mrazi covek so covek zatoa sto razlicno razmisluva i.................... |
| )P.Petar, 26.04.2012 12:17:18 | I vo tekstot i vo komentarite nigde ne se spomenuva interesot na USA na Balkanot a mozebi tamu lezi zajakot!! |
| patriot, 26.04.2012 15:47:21 | што е ова, конфликт помеѓу словени и албанци?!??!?! Кој се тие словени? Барајте ти надвор, пошто овде има само МАКЕДОНЦИ. Кој е овој Јануш нека се сокри под камен, глупердо една |
| asd, 26.04.2012 16:37:03 | abe kakva vojna batalete vakvi glupavi tekstovi.. za ekonomija nekoja novost kazete ni preku glava ni e od vojna sakame zivot pari rabota zdravje ... |
| do neinformiranite, 26.04.2012 17:05:55 | Na mnogu mesta se spomnati Makedonija i Makedoncite.Na primer vo dokumentite od 19 vek vo Rusija.Vo dokumentite od 17 vek vo Vatikan se spomnati Makedonija i makedonskiot narod.Za namerite za destabilizacija na Makedonija ne treba da se iskluci i SAD i negovata namera da destabilizira. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 31°C
Делумно облачно
|
Сабота
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 17°C
|
Недела
Сончево
Макс: 35°C, Мин: 17°C
|
|
|
|
|
|