25.04.2012, 17:31 Мое ќоше
Страв во ВМРО-ДПМНЕ
Ерол Ризаов
Какви промени подготвува Никола Груевски?
Најавите за темелна реконструкција во првиот, вториот и третиот ешалон на најголемата партија на власт предизвика поголем страв од пресметката со опозицијата и со Бранко Црвенковски. Видлива е тивката паника кај вмровскиот естаблишмент, но и кај целата владејачка партиска, но и коалициона структура. Сите нивни погледи се вперени кон лидерот Никола Груевски. Дворските игри и подметнувања се одвиваат преку тешка подземна битка. Престројувањата за подобри позиции меѓу патриотите и по вертикала и по хоризонтала се' уште се конспиративни, достојни на традицијата на историската ВМРО. Но, тоа е само впечаток на прв поглед и според она што само малку се наsира од некои изјави, нешто повеќе од некои премолчувања, а најмалку од медиумски информации и анализи.
Овојпат стравот е многу поголем од најавите за реконструкции на владата кои се вообичаени кога ќе дојде до замор на материјалот, големи неповолни политички потреси, економска криза, пад на популарноста на власта, грешки на министри, сканадали и афери. Во таков случај, премиерите за да ја дефокусираат јавноста применуваат добро испробана тактика позната уште откако постои државата и власта. Смените на поданиците, високите функционери и блиски луѓе до владетелот секогаш предизвикувале исклучително големо внимание. А, според тоа кој си оди, а кој доаѓа, јавноста си создава своја слика и приказна за значењето на крупните промени. Најновата реконструкција на Владата која е неминовна има сосема друга изнудена стратегија која треба да покрие неколку крупни нерешливи проблеми со кои се соочуваат граѓаните на Македонија.
Прво, ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски влегуваат во седмата година на владеење. Досега ниту една партија немала таков ��днократен мандат, а до редовните парламентарни избори има уште цели три години. Не палат веќе обвинувањата што правеле претходните власти „15 години“ кога и де факто ВМРО-ДПМНЕ е повеќе на власт од СДСМ. Меѓутоа, локалните избори иако во суштина се комунални, се мерило на расположението на граѓаните цели две години пред парламентарни избори од што страхува Груевски. Но, дури и ова не е основниот мотив за големата реконструкција и за големите промени што се најавуваат.
Главна и најзначајна мотивација на Никола Груевски за евентуални крупни персонални и стратешки промени во политиките на владата произлегува од неминовните факти дека во изминатите шест години владеење, Македонија не ги унапреди демократските процеси, а според многу издржани критики македонската демократија со владеењето на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ назадуваше. Најголемите светски државници, особено на малите народи и држави, одамна ја откриле формулата за развој на земјите кои немаат големи природни ресурси. Тоа пред се' се демократијата и образованието. Преродбата на Никола Груевски по шест години веќе се виде не се' одвиваше во ��аа насока. Вториот клучен момент е што во изминатите шест години не се подобри стандардот и квалитетот на живеење на граѓаните. Македонија и натаму е најсиромашна држава и со најголема стапка на невработеност во Европа. И натаму се блокирани стратешките определби за членство во ЕУ и во НАТО. Вината на соседите, особено на Грција, во блокирањето на Македонија веќе е потрошен ресурс за одржување на власта.
Како единствен крупен адут за одржување на власта останува зачувувањето на името на државата, каде што Груевски се појавува како заштитен знак и како посигурен гарант дека во евентуалните меѓуетнички конфликти со Албанците, тој е посигурен бранител на македонските интереси. По се' изгледа дека ни ова веќе не е доволно за одржување на власта и големи изборни победи. Единствена среќна околност за Груевски е што опозицијата се' уште е анемична и лошо организирана без доволна мотивација да се порази политиката на Груевски.
И конечно, што може да се очекува од големите најавени промени во политиката на ВМРО-ДПМНЕ. Ништо спектакуларно и драматично. Единствено е можна поголема пластична операција и подмладување на истиот политички остарен организам кој не може да понуди излезни решенија во петте клучни и најголеми интереси на Македонија: демократија и слобода, правна држава, стандард, работни места, Европа и НАТО. Не може за тоа постојано некој друг да биде виновен. Козметичките решенија како нова надеж ќе бидат лесно препознаени. |
|
Статијата е прочитана 6357 пати.
|
Испрати коментар
|
|
konstrnirani, 26.04.2012 00:22:13 | опозицијата се уште е анемична и лошо организирана без доволна мотивација да се порази политиката на Груевски. veli Rizaov. A koj bi bil motiviran da dojde na vlast koga znae shto go cheka: otplata na ogromni dolgovi, nemanje izvor od kade bi doshle pari za otplata na istite, nevrabotenst, raznishani institucii koi treba od koren povtorno da gi sozdavash i t.n. Ne znam koj bi imal motiv da dojde na vlast vo vakva situacija koga ne mozsh VEDNASH da pokazhesh rezultati bidejki povtorno, kako i 2002-ta, kje morash da gi opravash rabotite, a narodot vekje nema trpenie
|
| jovan, 26.04.2012 00:25:39 | Se dodeka nekolkute oligarsi(a veke i znaeme koj) go drzat i stojat pozadi Gruevski i ova VMRO, se dotogas toj ke bide na vlast i ke pobeduva na izbori, a Branko ke glumi opozicija. Se drugo sto ke se slucuva vo meguvreme, ke bide samo *zabava* za rajata. |
| Itar Pejo, 26.04.2012 00:34:17 | Vo sekoja drzava visoki funkcioneri od vreme na vreme si pravat rokadi. Slusam deka eden direktor zaminal za ambasador. Sekade e toa normalna pojava osven vo bibliskava zemja kade sto toa se predstavuva kako BRAN. Sekade vo svetot redovno starite avtobusi se zamenuvaat so novi bez nikoj da znae, kaj nas se osvetuvaat od Premierot i potoa se setaat so bajracinja od vladinata partija. Predpostavuvam deka naskoro ce bide objaveno deak blagodarenie na vladat jagodite pocnale da zreat, pa cresite, pa kajsiite, pa grozjeto ... |
| Mozeme da odeme vo rikverc do nedogled, 26.04.2012 00:45:52 | Prema soopstenijata koi se dadeni od stabot na prerodbenicite i nivniot vozd, promentite ili t.n. golem bran9 da ne bidi cunami). ce go zafati samo vtoriot i tretiot esalon i nekoi funkcioneri vo gradovite. Zasega prviot esalon kako sto barem se najavuvase ne pokazuval zamor na materijalot i pokraj intenzivnata rabota 27/7 na nazaduvanje i uporopastuvanje na idninata na Makedonija.Tie seuste imaat moznosti i kapaciteti da ne vratat uste ponazad i od najsiromaska i najmizerna zemja vo Evropa da ne tokmosaat sosubafrickite zemji. Za niv nisto ne e nemozno Mozeme da ja stasame pa i nadmineme Ruanda i Burundi po stadardot i ubavina na ziveenjeto.Inakum so drugite Vasi konstatacii se slozuvam.Tie se svesni deka popularnosta naglo im padja duri i kaj nivnite sopratici, pa so vakvi sminkersko- manipulativni potezi sakaat da go zamajat narodot. Posebno mi e interesna anemicnata opozicijata , koja ednostavno edna vakva sterilna i grogi vlada ne moze da ja razoblici i dovede do nejzin pad. |
| demokrat, 26.04.2012 01:04:05 | Edno od glavnite obrazlozenija koj gi posoci premierot e deka rakovoditelite se umorni. Kako togas imeto na umorniot Cingovski se najde na listata na ambasadorite, neli umoren bese covekot? Za drugoto veke pisuvav... so ova samo se menuva temata so sto grozomornoto petkratno ubistvo se stava vo senka. |
| пријател, 26.04.2012 01:11:42 | Ова е тема за која не вреди да се пишува.ВМРО е истрошена партија во секој поглед.Никакви промени не можат да доведат до квалитет.ВМРО е составено од пубертетлии кои комплексите од детството ги лечат од највисоките раководни места во државата.Растени во беда и сиромаштија. во Македонија изолирана од сите благодети кои ги уживавме додека постоеше СФРЈ,овие кои денеска ја водат државава не можат да ги сокријат комплексите на ниска вредност и тоа сакаат да го надоместат со градење на мегаломански споменици и китење со туѓи перја.Тоа е карактеристика на сите членови и симпатизери на ВМРО,така да кој и да е заменет во ешалоните,се`ќе биде исто. |
| Libero, 26.04.2012 05:25:18 | Ekazi sega Erole sto moze da ocekuvame od opozicjata osven promena na ime identitet postavuvanje na premier na Makedonija Albanec samo da se dojde na vlast i ti samiot ne zanes.Sto dobi ovaa drzava so promena na imeto vo firom sto dobi ovaa drzava so promena na znameto nisto.Sto ke dobieme so promena na imeto pak nisto.Narodot toa go znae i zatoa glasa kako sto glasa,Plukas na sekoj poteg na vlasta zarem mislis deka ne znaeme koj e Branko. Vprocem SDSM go smeni imeto vo FIROM Site ovie problemi se plod na sdsm i tvojot Kiro Gligorov,Sakale priznale ili ne ja krkame nivnata corba |
| Ljubotan Trade Name, 26.04.2012 05:36:22 | ,,Овојпат стравот е многу поголем од најавите за реконструкции на владата кои се вообичаени кога ќе дојде до замор на MATERIALOT, големи неповолни политички потреси, економска криза ,.PS, Eee ova konstatacia, mnogu mi se bendisuva, deka ;Vlastodscite -Vladata,Diplomatijata i Ministrite gi krstivte Kako: Zamor na Material.A, site Nie znaeme, Sto e toa material!, i site Nie znaeme, i Razlikuvame Fizicki Material i Intelektualen Merntalen i Intelektualno Sposoben Kadar-kompetenten-Adekvaten ! -! |
| Istocna Makedonija, 26.04.2012 07:10:15 | Vo edno opstestvo vo koe rabotive,ni za drza-
vata,ni za graganite ne odat vo pristoen i na-
goren trend na kvalitetno funkcioniranje i zive
enje,sekoja aktuelna vlast panicno se plasi i
prioritetno,da ne ja zagubi vlastaTaka,da se
uzivaat privilegiite,irelevantno sto vidni rezul
tati ne mozat da se napravat,a kutriot poda
nik ke se tormozira,kluka deka ima i poloso.
Ili uste pobezobrazno,kutete neli gledate kol-
kue dobro!Ima li kraj na iracionalnosta,ili nekoi
navistina se vo zabluda deka e dobro,deka
inventivno kreiraat i deka sde od Gospod da-
deni kako mesii na ovoj narod,bez idnina.
Non sens!
|
| Drugo pakuvanje, 26.04.2012 07:41:16 | Nie u maalo imavme edna izreka vo stilot: Isto takvo, samo drugo pakuvanje. Taka e i sega, se nagraduvaat poslusnite kadri i odat vo diplomatija, a na nivno mesto novi kradaci. Se nadevam deka makedonskiot narod konecno razbra kakva vlast imame i kolkava greska napravi lani podlazena od reklamokratijata na Grujo. Dosta im bese, vreme e cunamite site da gi odnese, kako matna voda. |
| seirdzija, 26.04.2012 07:42:48 | Erol,slavnata Oktopodska izjava e nadminata so Entuzijazmot na policijata od Gruevski,a mislev deka prvata glupost e nenadminiliva!!!Denesnata siromastija e vistinsko bogatstvo vo odnos sto ne ocekuva vo slednite godini,oti ovie sto se na vlast vece gi potrosija parite na nerodeni deca. |
| Nikola, 26.04.2012 07:55:21 | Opozicijata e anemicna so cel. Gruevski da go promeni imeto! Pa nema postojano da vadat vreli kosteni, kako priklucuvanje na albanska partija vo Vlada, etnicka ramnopravnost, izbegnuvanje na vojna, stedenje zaradi zgolemuvanje na drzavnite rezervi, reformi vo pravec na evropsko zakonodavstvo... |
| Вербален Командос, 26.04.2012 08:14:52 | Промени со цел ништо да не се промени. |
| nato-jato, 26.04.2012 08:18:23 | Site se umorija samo premiero-lidero ostana neumoren -da zivee lidero i da sadi uste vrbi na Vardar i uste spomenici na plostad i uste .... |
| Istok, 26.04.2012 08:57:17 | Samo sminka i kozmetika, malku botoks i nisto drugo, nema da proizleze od noviot bran. Detskata gradinka igrajki deka rabotat 24/7 ke ne dovede do pogolema beda i siromastija i do uste nekoe vdomuvanje na zasluzen VMROvec koj ostanal nevdomen vo dosegasnite branovi na vrabotuvanje vo drzavni jasli i nisto poveke od toa. Kud plovi ovaj brod? |
| Миле - Охрид, 26.04.2012 09:11:16 | Да„... крупен адут за одржување на власта останува зачувувањето на името на државата...“ наспроти адутот на здружената група која заговара прифаќање на грчките шовинистички уцени и промена на името на Република Македонија, како сеопфатно решение за сите проблеми во државава. Потребна е промена (макар и заради промена) на актуелната власт.Но, никако не можеме да дозволиме алернатива на власта да бидете група која отворено ја поттикнува дестабилизацијата на државата и ги опструира сите напорите на македонскиот нар��д да си го зачува своето право да постои. Притоа групата поттикнува национална и верска омраза користејќи навреди, клевети, непристоен речник и лични дисквалификации. Групата која сака да покаже дека оваа држава не ја бидува и затоа за неа не важат правото и правдата, не може да биде власт. Таа може да биде само стечајна управа која ќе ја укине државата. Пропуштивте навреме да застанете зад вредностите, начелата и стандардите кои се применуваат во функционалните демократии.
|
| ФЕЛИКС, 26.04.2012 09:46:51 | Веќе навикнавме на селектирано гледање на работите,па така и овој напис е дел од еден куп пишувања со селективен пристап. Нормално тука е да се опсервира победникот за тоа дали се плаши или не а се избегнува да се опсервира губитникот.Вероватно авторот е убеден да лидерот опозициски и нема што повеќе да изгуби па од тие причини и нема страв,а за кадрово внатрешно реформирање,,мало сутра,, Па така победникот во стилот на големите фудбалски екипи прави освежување поради зачувување на формата,додека губитникот ништо не прави,има алиби со она ,,успешен пораз,, и путуј Мишко кон зајдисонцето.Инаку авторот е во право во една рака кога споменува стравови кај власта,која власт не би стравувала ако случајно редовниот изборен муштерија одлучи да одјава во политичкиот заборав. |
| Оливер, 26.04.2012 10:00:14 | Најавите за темелна рекострукција на ВМРО предизвика паника кај опозицијата, оти таа никогаш не била склона кон промени и сеуште не е склона, бидејќи како што гледаме од повеќето Совети кои ги формираше СДСМ нивните членови потекнуваат од времето на Југославија односно биле функционери во тој систем. Нормално и Вас „не ви е јасно“ бидејќи не сте далеку од менталитетот кој се плаши од промени. Што се однесуваа на овој бран, ВМРО покажува дека има капацитет во редовите своите кадри, односно, постарите кадри знаат да отстапат место на помладите кадри,кои се мотивирани и можат да внесат ведрина, иновативност и убрзување на процесите за интеграција. Да, ВМРО е колку СДСМ речиси на власт,не палат обвинувањата што правеле „15 години“,туку што е направено и колку се разликуваат овие два правци на владеење, а дистинкција прават изборите. Зачувувањето на името не е адут на власта, туку на македонецот, а не на ВМРО оти и тие не го дале тоа име на државава ниту па можат да го сменат по своја воља |
| Ice, 26.04.2012 10:01:08 | Demek, ce gi menuvame nekoi direktorcinja koi nedovolno se zalagale.A,koj ne znae deka tie direktorcinja ne smeat i doma so zena im da si legnat bez da go prasaat pastirot? |
| Rezzilov, 26.04.2012 10:23:51 | Со сите свои залагања за промена на нашето име,а со тоа и ништење на нашиот идентитет,господинот Ризаов со право е во “неговото ќоше“.И тоа му е премногу! |
| Внимателен читател, 26.04.2012 11:06:13 | Секогаш кога една група партиски активисти се јавува на сите текстови и притоа не се полемизира со текстот, туку се навредува авторот со цел да се дискредитира, ние партиски неоптоварени читатели знаеме дека тоа е полн погодок на новинарите. Само тие што немаат аргументи за полемика се служат со валкани методи. Така и во овој случај Феликс, Оливер, Миле сите од комуникацискиот штаб на ВМРО ДПМНЕ вртат постојано една иста плоча, не чинел авторот. Да го прашам Феликс јавно каде се чуло видело власта и опозицијата подеднакво да бидат одговорни за состојбите во државата.
Престани да ја навредуваш интелегенцијата на читателите. Реагираш на сите текстови прилично глупо и нанесуваш штета на ВМРО ДПМНЕ. |
| Aleksandra, 26.04.2012 11:07:10 | Ako Единствена среќна околност за Груевски е што опозицијата се уште е анемична и лошо организирана без доволна мотивација да се порази политиката на Груевски., zasto togas opozicijaa ne bran, tuku CUNAMI ne i podgotvi na vlasta?
Mojot predlog e koga veke odamna se konstatira deka opozicijata e anemicna i loso organizirana, naucena na langzam borba, a ne agresivna i sekojdnevna, presing borba, da proba da napravi reekipiranja, vo svoite redovi, vnesuvanje na nov nacin na vodenje sekojdnevni presovi i nacin na vodenje voopsto na kampanja i politika. Ajde vnesete ni malku nadez deka ima koj da i bide jaka konkurencija na vlasta, pa i naskoro idna vlast. |
| Jana, 26.04.2012 11:15:53 | Дали ќе го сменат мобинг човекот бр.1 во РМ - првиот „цариник„ кој зацрни 100-тина фамилии? |
| читател-ВМРО, 26.04.2012 11:54:25 | Се согласувам потполно со колумната на г. Ризаов, а и��то така се согласувам со дел од читателите, а посебно со читателит под псевдоним Внимателен Читател. И би ги замолил читателите кои даваат коментари на статиите од новинарите да не се замораат со т.н.ФЕЛИКС и сл како него, туку реално да ги коментираат колумните и да дадат свој суд за актуелните состојби. Конкретно, еве јас сум ВМРОВЕЦ од основањето на партијата и активен учесник во сите изборни циклуси, повеќе од 20 години. Лично сметам доколку нешто не чини во работењето по вертикала и хоризонтала, треба тоа да се критикува. Во спротивно правиме лошо прво за себе, потоа за своите деца а и за државата. Таквото нешто комплетно не носи во АМБИС. Лично не можам да се сложам со проектот компјутер за секое дете (бидејќи наместо да се искористат компјутерите тие се на куп по ќошовите), не можам да се сложам со непродуктивни вложувања од типот-безброј споменици. што не значи дека сиум против сите. Милиони евра се фрлени. Има уште многу ра |
| No pasaron, 26.04.2012 11:59:37 | Pokraj osnovnata borba/poenta za vlast, opozicijata treba da ima i motiv i zelba za osvojuvanje na istata. Po se izgleda toa i nedostasuva i bi rekol opravdano, bidejci so prevzemanjeto na vlasta ce ja prevzemat i odgovornosta za seta neodgovornost na momentnata vlast. A vo takvi uslovi sekoj normalen bi se zaprashal ,,shto mi toa treba?,, Zatoa na SDSM bi mu preporachal da voopshto i ne izleguva na izbori. Eve neka pochekat malce da vidat kako ce pomine Z.Milanovic so SDP vo Hrvatska. Seta odgovornost za site zlodela na HDZ ce padne vrz SDP i HDZ triumfalno ce se vrati. Garant! E taka ce bide i ovde. Zarem ne gledate da Gruevski i po 6 godini, seushte ja prefrluva odgovornosta na SDSM. A Feliks, Oliver i nim slichni, bez imalku kritichko sogleduvanje, veruvaat vo seto toa. Nazalost, vo ovaa drzava ima mnogu, premnogu Feliksi, Oliveri, USA-i i slichni, pa sme tamu kaj shto sme. |
| apostol, 26.04.2012 12:32:59 | nema takov strav vo dpmne zatoa sto najvnosnite direktorski i javni funkcii veke gi zazedoa ili se vo vaza na zazimanje od bivsi clenovi i aktivisti na sdsm koi ja promenia partijata i sega se aktivisti i clenovi na dpmne, taka da bivsoto vmro-dpmne e veke prevzemeno i odvnatre se kontrolira od bivsi clenovi i aktivisti na sdsm i so toa konecno se ostvaruva agendata na bivsiot sojuz na komunisti na makedonija od koj poteknuvaat dvete partii dpmne i sdsm |
| lektor, 26.04.2012 12:48:17 | Bravo za avtorot,denes vo Makedonija retki se novinarite koi znaat da ja lociraat i pogodat celta na porakata,a toa Rizaov go pravi visokoprofesionalno i analitichki izdrzano.
No,mojata zabeleska e na del od komentarite kade sto se upotrebuva imenkata pastir,ve molam dosta e,vo makedonskiot jazik ima mnogu ubav zbor kako zamena,odnosno pastir=ovcar.Znachi,bidejci stadoto e sostaveno od ovci,normalno e da gi vodi OVCAR! |
| olivera, 26.04.2012 13:32:18 | nisto ne naucivte, gledajte i ucete kako se odrzuva, siri jakne ne samo partijata tuku i nadezite i stremezite na clenstvoto |
| Не е така, 26.04.2012 15:57:02 | Македонија е демократска земја а ЕУ членките Грција и Бугарија не се демократски. Примери има. Ги знаеш ли шкрапателу. Не ти е точно ни друго ни тоа за Нато. Македонија е како членка на Нато. Се исполни. Ама нема и несакам ни член да бидеме ако се исполни грчкиот фашистички услов. Значи ти имаш некој проблем. |
| do Nikola, 26.04.2012 16:34:26 | Ako opozicijata ceka Gruevski da smeni ime,opozicijata ke ceka i ceka,ama nema da doceka.Nema da se smeni imeto i zatoa opozicijata nema vekje da pobeduva na izbori.I novinarov da ne ja amnestira juznata sosedka za blokadata sto ni ja pravi. |
| Karolina, 26.04.2012 16:57:02 | Najjakiot adut na ovaa vlada e zgolemuvanje na brojot na javnata administracija. Novite najaveni vrabotuvanja kje go preoptovarat i oanaka vekje p[regolemiot budzet, no kje bidat sigurni glasovi za DPMNE na lokalnite izbori.Najaveno e deka platite i penziite nema da se namalat. I jas taka mislam, no toa kje bide do lokalnite izbori. A potoa??? |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 28°C
Ведро
|
Четврток
Сончево
Макс: 30°C, Мин: 13°C
|
Петок
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 17°C
|
|
|
|
|
|