25.04.2012, 17:22 Што криe Смилковското езеро
Пребарувањето на езерото e еден од клучните моменти за истрагата
Горан Адамовски
Што крие Смилковското езеро? Останаа ли траги во него што ќе и' помогнат на истрагата да ги фати бруталните убијци? Направија ли тие некоја грешка во чекори што ќе ја одведе полицијата до нив?
Рибари што го познаваат теренот, велат дека станува збор за езеро длабоко и до петнаесет метри. За форензичарите се важни и најмали траги, затоа пребарувањето на езерото е значаен дел од истрагата. Дали т.н. „железарско езеро“ беше пребарано и што е најдено во него?
Од Министерството за внатрешни работи тврдат дека езерото било пребарано во првите три дена по петкратното убиство, колку што траеше увидот.
„Тоа беше најдолг увид, траеше 3,5 дена. За тоа време, го пребаравме целиот терен во и околу езерото“, тврди Иво Котевски, заменик-министер за односи со јавност при МВР. Пребарувањето го извршиле специјалните нуркачи на Министерството.
Дали и какви докази биле пронајдени - не се знае. Извори од Институтот за судска медицина во Скопје велат дека кај нив до сега не бил донесен никаков материјал за вештачење, кој што бил изваден од езерото. Вештаците од Институтот беа ангажирани околу обдукцијата на телата на четирите убиени момчиња и рибарот, и ги вршеа првичните анализи на доказниот материјал пронајден при увидот. Од тогаш наваму, целата истрага сега е само во рацете на МВР, чии криминолози вршат реконструкција на настанот и анализа на увидниот материјал. Според судските медицинари, станува збор за пракса која што била применува и до сега и нема ништо спорно што експерти од МВР ќе ги вршат сите понатамошни анализи.
Новинарските екипи кои изминативе две недели речиси постојано известуваа од теренот околу Железничкото Езеро, каде што се случи злосторството, не забележаа нуркачки екипи како ја пребаруваат водената површина.
Рибарите, кои често го користат езерото за своето хоби, велат дека станува збор за води што се користат за наводнување и не се користат за пливање. Длабоко е од 10 до 15 метри и полно е со рипчиња како караш, сунчица, американски сомчиња, костреж и крап, поради што секогаш има рибари. Нема ниту чувари што е дополнителен плус за посетителите.
Што се однесува до истрагата за Велигденскиот масакр, МВР уште еднаш уверува дека напредува добро.
„Секојдневно имаме нови моменти, но не можеме да ги споделиме со јавноста“, тврди Котевски.
Суровата егзекуција на четирите момчиња на возраст од 18 до 21 година, како и на 45-годишниот рибар од Црешово се случи пред две седмици. Најмалку тројца убијци, според истрагата, со автомобил дошле кај езерото и ги застрелале Кире Тричковски, Филип Славковски, Александар Наќевски и Цветанчо Ацевски, кои се подготвувале да си одат дома. Убиен е и Борче Стефковски за кој се претпоставува дека бил случаен сведок на злосторството и затоа бил ликвидиран. Мотивите за злосторството какво што не памети Македонија, се' уште се непознати. Јавноста бара одговори и очекува успешна полициска истрага. |
|
Статијата е прочитана 5149 пати.
|
Испрати коментар
|
|
jovan, 26.04.2012 00:40:55 | Motivot do nekade e i poznat, a toa e destabiliziranje na drzavata. No mozebi imale i nekoj sosema drug motiv, iako za toa nema nekoe logicno objasnuvanje koj motiv bi mozel da bide. Denovive prebaruvav po netov nekoj informacii za i okolu razlicni teroristicki organizacii i nivni metodi, pa dojdov do edna informacija, deka Iranskata sluzba finansira i obucuva luge za vrsenje vakvi slicni akcii vo Izrael. Zrtvite sekogas se birani slucajno i treba da bidat Izraelci/Evrei, a celta ne im e tolku za da predizvikaat nemiri (i onaka tamu se tepaat non-stop), nego da go drzat Izraelskiot graganin postojano vo nesigurnost i strav i da go prinudat eden den, koga se ke im dojdi preku glava, da pocnat da ja napustaat teritorijata. Ovaa taktika im bila dosta uspesna, bidejki Izraelskata Vlada *priznava* deka mnogu mladi Izraelci razmisluvaat da go napustat Izrael, pogotovo problematicnite teritorii(a znaeme kakvi fanatici se za odbrana na Izrael od islamskata naezda).Inaku, Iran ovde e prisuten |
| Zvonko, 26.04.2012 05:28:57 | Ova pocnuva da nalikuva na zbidnuvanjata na Kosovo od pred 30 godini.Albancite vrsea razni formi na zaplasuvanje na site NeAlbanci,siluvanja na zeni i mazi(na eden mu imaa nabieno flasa vo zadnikot i ostaven taka na niva),ubivani braka ili tatko i sin na niva.Od druga strana se vrsese pritisok za otkup na imot po astronomski ceni i taka zapocna od edna strana rasprodazbatana Kosovo,a so doagjanjeto na Milosevik na vlast,se napravi obid seto toa da se spreci,megjutoa predizvika obraten efekt,pa ispadnaa srbite(Milosevik) deka pravat genocid i svedoci sme na rezultatite od toa.Ona sto ne go ostavrija so t.n.vojna za covekovi prava,sega zapocnuva specijalna vojna za zaplasuvanje i tivko isseluvanje na Makedoncite. |
| Трпе, 26.04.2012 09:24:02 | Овој немил трагичен настан е за некој да може да сее ветер и магла.Да бре, безбедноста во државата ни е таква што никогаш не сме имале поубава.Некои тврдат, дека гарант мафијата нема замешано прсти. |
| prijatel, 26.04.2012 12:25:09 | Potpolno se soglasuvam so Jovan i Zvonko. Mi gi zemaa zborovite od usta. |
| сузе, 26.04.2012 12:47:51 | Дајте веке сменете ја реченицата ,четворицата убиени и рибарот,ја користите во сите досегашни текстови, најдете друга формулација.Па и момците рибареле.Зошто цело време го издвојувате повозрасниот маж? |
| milkov, 26.04.2012 15:31:53 | abe jovan vidi sto pisuva zvonko da svatis logika ti si izgleda kako vmro i da im nacrtat ovca ce baras opis sto e toa ovca. |
| BitolaHamiltonCanada, 26.04.2012 17:04:31 | Za site onie shto prifatile deka ubijcite se Albanci....Nikakva destabilizacija,nikakva politicka zadnina,nepotrebno izmisluvanje na konspiracii.Ednostavno, KRVNA OSVETA.A za onie shto se strplivi i mu davaat vreme na MVR da gi najdi izvrshitelite,da istrajat vo nivnata strplivost oti taka najdobro pomagaat za rasvetluvanje na ubistvata. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 32°C
Делумно облачно
|
Сабота
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 17°C
|
Недела
Сончево
Макс: 35°C, Мин: 17°C
|
|
|
|
|
|