04.12.2011, 19:28 Самрак за еврото
Откако еднаш со презир го одбија ММФ, лидерите на еврозоната сега молат за негова помош
Крајот е близу. Оли Рен, европски економски комесар, вели дека еврозоната има 10 дена да се спаси (па што ќе се случи точно на 12 декември?). Радек Сикорски, полски министер за надворешни работи, вели дека повеќе стравува од германска парализа отколку од германската моќ (или руските проектили). Барак Обама изјави дека еврозо��ата претставува најголем ризик за благостостојбата на Америка.
Откако еднаш со презир го одбија ММФ, лидерите на еврозоната сега молат за негова помош. Во европските канцеларии се зборува за тоа кој треба да биде избран. Дали тоа ќе биде 27-члената Унија или само 17. кои се во еврозоната? Или дури ако тоа е невозможно, дали шесте членки во еврозоната со ААА рејтинг меѓусебно се поврзани?
Време е, накратко, да се покајат. Но, кој е првичниот грев? За Германија тоа е претераната задолженост. Иако на проблематичните земји може да им се помогне, вистинскиот спас мора да дојде преку индивидуални акции за намалување на дефицитот, враќање на долговите и зајакнување на конкурентноста.
Прекумерни дефицити за некои имплицираат прекумерни вишоци за други. Дизајнот на еврото беше оштететн, без фискална интеграција или централна банка која ќе дејствува како позајмувач во крајна нужда. Ако биде така, она што е потребно е поголема меѓусебна поддршпка: заеднички еврообврзници што ќе реорганизираат барем дел од долгот, како што е сугерирано од Европската комисија, и можеби промена на статутот на Европската централна банка (ЕЦБ).
Таквите позиции ќе биде тешко да се помират пред самитот закажан за оваа недела. Германија и Франција обично се обидуваат да презентираат заедничка позиција, но овој пат тоа изгледа ќе биде тешко, германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Никола Саркози неделава ќе дадат одделни говори. Германија не сака да слушне за фрлање готовина за проблемот: нема повеќе за фондот за спас на еврозоната, нема повеќе еврообврзници и нема отворен притисок на ЕЦБ за купување на повеќе обврзници. Во Брисел минатата недела министрите за финансии од членките на еврозоната се тетеравеа. Тие ја одобрија следната транша заеми за Грција да избегне нагло неисполнување на обврските; ги финализираа плановите за зголемување на нивниот фонд за спасување преку финансиски инженеринг, иако може да не ги исполнат првичното ветување за 1 билион евра; ветија нови напори за зголемување на фондовите на ММФ. Останува нејсано од каде ќе дојдат тие пари; ММФ сам не може да го спаси еврото. Можеби, некои сугерираат, би можел да позајми од ЕЦБ.
Останува на Херман ван Ромпуј, претседател на Европскиот совет, да најде компромис и спречи крах. Познато е дека е внимателен во отворање на договорите. Но, ако мора да има дополнувања, голема е веројатноста дека тој ќе се обиде да ја избалансира тевтонската суровост со латинската солидарност. Ова би можело да вклучува „насока“ за еврообврзниците. Исто така, би можело да инволвира ублажување на претходниот договор што приватните кредитори треба да го потпишат ако должниците не можат да ги исполнат нивните обврски. Но Ван Ромпуј се соочува со неколку загатки.
Прво, Германија се противи на какво било големо пазарење. Иако Меркел предходно мина многу црвени линии, конверзијата во нешто слично на еврообврзница или на неограничена ликвидност на ЕЦБ, мала е веројатноста да се случи за неколку дена, или некогаш. Второ, Британија има невозможна листа на барања ако има нов договор. Тие вклучуваат репатријација на социјалната политика, специјална заштита за градот Лондон и мерки за заштита за сопирање на 17. членки да се здружат против 10. „не членки“. Трето, отворената кампања на Франција за помало, поекслузивно внатрешно јадро ги поттикнува стравувањата на Британија и некои други. „Мислам дека нема доволно економска интеграција во еврозоната, кај 17., но има премногу интеграција во ЕУ кај 27.“, изјави Саркози во октомври. Француски ЕУ дипломати неодамна ги запрепастија колегите со тврдењето дека, кога ќе се дебатира за предлозите на комисијата за новите буџетски правила во Европскиот парламент, само парламентарците од земјите од еврозоната треба да имаат право да гласаат.
И се' падна на Полска, земја што не е во еврозоната, да им ја каже вистината на најголемите членки на ЕУ. Во моќниот говор во Берлин неделава, Сикорски изјави дека Германија е „неопходна држава“ во Европа и треба да обезбеди лидерство. Со особено внимание на Франција тој објави: „За оние кои сакаат да ја поделат Европа, им велам: што мислите за природна поделба на Европа во која има раст и Европа во која нема раст?“. Тој на Британија и' кажа: „Преферираме да бидете со нас, но ако не сакате да ни се придружите, ве молиме дозволете ни да продолжиме напред“. (Економист)
ММФ од сенка ќе и' помага на Европа
Директорката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристин Лагард, најави дека нема да ја остават Европа и дека ќе и' помагаат, но играјќи заднинска улога. Лагард, која се наоѓа во посета на Латинска Америка, истакна дека ризикот од ширењето на должничката криза сега е материјализиран. Лагард изрази подготвеност ММФ да биде ангажиран во помагањето за излез од кризата, „но на ефикасен начин, кој не мора задолжително да биде видлив“. Делор: Грешкиод самиот почеток
Еврозоната е осудена на пропаст уште од почетокот, смета еден од архитектите на заедничката европска валута, Жак Делор, според кого проблемот не лежи во идејата за единствена европска валута, туку во начинот на кој се спроведува таа политика. Во интервју за британскиот весник „Дејли телеграф“, Делор вели дека е трагична реакцијата на актуелните лидери на ЕУ, истакнувајќи ја тврдоглавоста на Германија за монетарна контрола.
|