Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
04.12.2011, 18:40

Мрачно расположение во Атина

Медиумите го обвинуваат Костас Караманлис дека неговиот „триумфализам“ ќе им донесе негативна пресуда во Хаг

Од нашиот дописник
Миркица Поповиќ


Атина - Гласниот патриотизам и популистичкото бркање гласови преку фалбите и говорите на Костас Караманлис ќе ја чини Грција пресуда во Хаг дека ја прекршила Привремената спогодба со Македонија. Голем дел од грчките ��едиуми токму на ваков начин ја објаснуваат прогнозираната негативна одлука за Грција, која Меѓународниот суд во Хаг ќе ја објави денес.

Одлуката од Хаг доаѓа во недела со интензивна агенда ако се земе предвид дека неделава заседава и Советот за надворешни работи на ЕУ, Европскиот совет на кој ќе се одлучува за можното проширување на Унијата и од кој Македонија чека датум за преговори. Одлуката на Хаг доаѓа во период кога политичката и финансиската стабилност на Грција стојат на стаклени нозе. Одлуката ќе биде и голем тест за преодната влада на Лукас Пападимос во која учествуваат три партии и во која има три нијанси во врска со спорот за името.

Како Грција ќе ја протолкува одлуката и како ќе реагира ќе се види откако ќе биде објавена одлуката. Според анализите на грчките медиуми и политичките аналитичари, се очекува грчкото МНР да се фокусира на позитивниот аспект од одлуката, односно фактот дека Судот нема да и' наметне на Грција правила на однесување за иднина. Најголемото стравување во Грција е дека и покрај најоптимистички обид да не се гледа негативната пресуда, македонската Влада може да побара од Советот за безбедност да се направи притисок за користење на одлуката од Хаг во процесот за решавање на спорот за името и прием на нашата држава под уставното име. Се предвидува дека македонската Влада ќе се нафрли на прослави и политичко искористување на одлуката во сите меѓународни организации, а медиумите коментираат дека е можно позицијата на македонскиот премиер Никола Груевски да стане уште поцврста и порадикална во однос кон Грција. Негативната одлука би можела дополнително негативно да влијае на меѓународниот имиџ на Грција кој и онака е ослабен и влошен поради економските проблеми и несогласувањата меѓу партиите во државата за европските одлуки.

Најголемите критики во грчките медиуми беа насочени кон грешките што довеле до негативна одлука за Грција во Хаг. Се оценува дека негативната одлука во Хаг не е поради грчкото вето, туку поради изјавите на грчкиот државен врв за вето пред Самитот на НАТО во Букурешт и по него. Според грчкиот печат, Судот го изоставил фактот дека во НАТО одлуката за замрзнување на членството на Македонија била едногласна од сите членки и се фокусирал само на изјавите на грчките лидери. Прв на тапет е поранешниот премиер и лидер на Нова демократија, Костас Караманлис, и неговата триумфална изјава дека благодарение на грчкото вето Македонија не била примена во НАТО.

Медиумите вчера ги осудија сите слични изјави од Караманлис, тогашната шефица на дипломатијата, Дора Бакојани, и ред други политичари кои со вакви изјави, со намера да им се додворуваат на граѓаните за повеќе гласови на изборите, во суштина, и' дале автогол на Грција кој ќе резултира со меѓународна шлаканица од Хаг. Според анализата на новинарката Агелики Спану, која подолго време го следи македонско-грчкиот спор, најсрамно е тоа што ваквите изјави целосно ги урнале обидите и успехот на грчката дипломатија за заклучоците од Самитот на НАТО да бидат забележани како едногласна одлука на Алијансата. „Самиот Караманлис создаде мит околу себе дека им пркоси на САД околу спорот со Скопје и енергетската соработка со Русија, а неговите обожаватели го гледаат како голем патриот што не се повлекуваше пред големите светски сили. Вистината е дека ’патриотизмот‘, кој се создава за да се добие добар рејтинг, е само гол популизам затоа што љубовта кон татковината се пресметува врз основа на тоа колку добро правите за државата кога ќе се исклучат светлата на камерите“, се вели во анализата на Спану.

Не треба да се заборави ни фактот дека новиот лидер на Нова демократија, Андонис Самарас, се пофали на ист начин минатата година во грчкото Собрание, по што беше укорен од тогашниот шеф на дипломатијата, Димитрис Друцас, да внимава што зборува за да не и' наштети на Грција.

Медиумите пишуваат дека Грција направила грешка зашто не реагирала прва во Хаг против Македонија за прекршување на Привремената спогодба, иако на вакви чекори апелирал уште од 2007 година, односно пред Самитот во Букурешт, првиот грчки амбасадор во Македонија, Александрос Маљас.

Одлуката од Хаг ќе биде тест и за новата грчка влада, која покрај економската криза, сега ќе мора да и' посвети повеќе внимание и на една тема од надворешната политика. Се шпекулира дека премиерот Пападимос веќе размислува да свика состанок на лидерите на трите партии во владата, односно на Јоргос Папандреу, Адонис Самарас и Јоргос Караџаферис од ЛАОС, кој ми��атата недела значително го крена тонот околу македонско-грчкиот спор, заканувајќи се дека ќе ја напушти владата ако се одлучи на решение за спорот со сложено име во кое ќе биде вклучен и зборот „Македонија“. Пападимос, наводно, веќе разговарал со новиот шеф на дипломатијата, Ставрос Димас, од Нова демократија, кој денес е во Брисел на состанокот на Советот за надворешни работи, околу тоа како да се постапува следните денови во врска со одлуката од Хаг. Од Пападимос се очекува многу внимателно да се справи со темата, особено оваа клучна недела. Денес тој ќе се сретне и со американскиот потпретседател Џо Бајден, од кого барем во прогнозите грчките медиуми очекуваа поддршка за Грција и за македонско-грчкиот спор. За „Етнос“, владата на Пападимос треба да најде начин да не се вмеша во решавање на спорот, затоа што каква било иницијатива може да доведе до нестабилност на владата, а со тоа и нови проблеми не само за Грција, туку и за еврозоната.

Грчките медиуми пренесуваа дека постои страв како одлуката ќе се одрази внатре во државата, затоа што покрај изразените политичка и економска криза, не и' е потребна и криза поради национално прашање. Некои шпекулираат дека Грција ќе мора да најде начин некако да го замрзне прашањето за да не дојде до гласни националистички протести кои ќе бидат негативни и за двете страни. Аналитичарите оценуваат дека од никаде целиот потиснат гнев за економските и политичките проблеми би можел да експлодира за македонско-грчкиот спор затоа што негативна одлука од Хаг ќе биде нова шлаканица од меѓународната заедница врз грчкото општество.


Статијата е прочитана 2765 пати.

Испрати коментар



Љупчо Георгиевски
Ревизорските извештаи во фиока
И Македонците со свои сценарија
Дали е ова навистина крајот
Самрак за еврото
Опозициските совети како влада во сенка
Хаг денес ќе и' пресуди на Грција
Новинарите бараат итна средба за законот за медиуми



BRISEL, 05.12.2011 09:09:28
Grcija ,potajno BARAT poftorno MAKEDONIJA DA SE ZRTVOVAT za Evropska ljubov.Zasto ednas Grcja ne se zrtvovat za Evropskata ljubov i stabilnost
прашање, 05.12.2011 09:25:32
Што и е гајле на Грција каква ќе биде пресудата на судот во Хаг,кога одлуката БЈРМ да не се прима во НАТО, се доденка не се реши проблемот со разликите за името не ја донесе Грција,туку ја донесоа сите земји членки на НАТО со ЗАЕДНИЧКА ОДЛУКА!Значи без разлика што ќе пресуди судот во Хаг,БЈРМ ќе биде примена во НАТО кога ќе ја исполни заедничката одлука на земјите на НАТО.
Tina, 05.12.2011 09:59:29
Nikoj ne moze da gi zadovoli Grcite. Za zal.
ФЕЛИКС, 05.12.2011 11:08:43
Нема само во Атина мрачно расположение,има и тук�� кај поединци на кој им се урна одработката свесна или несвесна за соседот.Сигурно нема да бидат многу радосни оние од некогашен ГЕМ кој не убедуваа колку добро да се смени името по терк на соседот.па оние олеснувачи Охридски,кој никогаш не беа повикани во Грција да ја олеснат работата околу проблемот со името.Па оние експерти по ништо кој беа секидневни гости некогаш на трибините на А1 и т.н Сите тие имаат моментален самрак на одработаното во корист на нашата штета.Но ако биде негативна пресудата за нас,тогаш ќе имаме изрипување од дотичните со она ,,нели ви реков,,.Сега им преостанува да ја пласираат тезата да сето ова е необврзувачко но и да многу не се радуваме да не им се замериме на оние од Брисел и нормално соседот.
vasil, 05.12.2011 11:32:50
GAME IS OVER!
MKD, 05.12.2011 13:46:50
slusaj Prasanje ako kletnicite ne narekuvaat BJRM ne moras i ti .. Barem ako si Makedonec !

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 3°C

Облачно

Вторник
Обилни врнежи
Макс: 8°C, Мин: 1°C

Среда
Обилни врнежи
Макс: 6°C, Мин: -8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
 
Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |