Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Македонија
23.03.2012, 17:23

„Топлификација“ ќе наплаќа и за исклучено парно

И оној што веќе и' откажал доверба на компанијата ќе мора да плаќа 50 отсто од сметката, за да не се префрли трошокот кај соседот

Соња Маџовска


Корисниците на парно греење не се веќе лути, туку се несреќни што не знаат кого да обвинат, каде да се пожалат и каде да ја бараат вината за високите цени што ги плаќаат за топлинска енергија. Но најлошото очигледно ќе дојде кога ќе разберат дека и нема веќе да имаат можност ниту да се исклучат кога нема да можат да ги плаќаат сметките, или дека оние што веќе го сториле тоа ќе мора да плаќаат 50 отсто од сметката.

Новиот правилник што го подготвува Регулаторната комисија за енергетика ќе ја прелее чашата. Според првата можност, оној што ќе се исклучи од парното ќе мора да плаќа и натаму 50 отсто од сметката, за да не се префрли трошокот кај соседот. За ова прашање најверојатно ќе се расправа на следната седница

на Регулаторната комисија за енергетика, со што ќе се врати всушност стара одредба, која се применувала пред четири години. Тоа значи дека оние кои се откажале од централното греење ќе мора да плаќаат 50 отсто од сметките, без разлика од местоположбата на станот во зградата.

Ова би требало да важи за оние што веќе се исклучиле, но уште полошо е за оние што допрва размислуваат за излегување од мрежата на "Топлификација", а нив ги има многу. Тие тоа воопшто нема да можат да го сторат тоа поединечно, односно тоа ќе може да се направи само доколку станарите од цела зграда се согласни да преминат на друг начин на греење. Тоа важи за оние згради каде што цевките поминуваат низ сите станови. А такви се речиси сите постари згради, додека во новите тоа не е случај.

"Ова е веќе лудост, што мисли оваа држава. Цената парното од една страна постојано расте. Кога и да побара 'Топлификација', Регулаторната комисија тоа го одобрува, па сега уште и да не може да се исклучиме е навистина е претерано. Неодамна донесов одлука да го откажам ова греење и да се топлам на струја, преку директни грејачи вклучени на постојните радијатори. И тоа и ќе го сторам. Пресметав дека ми е тоа многу поисплатливо и дека месечно ќе плаќам по околу 100 евра за струја. Барем ќе се греам јас кога сакам", вели М.Д. од Скопје, жителка на Аеродром.

"Со оглед на тоа што се грееме шест месеци во годината, а плаќам 12 месеци во годината за парно греење по 3.500 денари, тоа значи дека за шест месеци греење на 'Топлификација' и плаќам по 7.000 денари. Тоа го нема никаде".

Ова се само дел од острите реакции на граѓаните, кои не знаат каде да се обратат за да побараат помош за проблемите што ги имаат со "Топлификација".

Од Организацијата на потрошувачи на Македонија велат дека не се известени од Регулаторната комисија за новите правилници што се подготвуваат, но дека ќе реагираат, бидејќи и кај нив деновиве почнале да се јавуваат потрошувачите и да прашуваат што навистина опфаќа тој.

"Со оглед дека имаме доста прашања околу подготовката на нов правилник, а бидејќи немаме информација директно упатена до Организацијата на потрошувачи дека истиот е во подготовка, ние ќе доставиме приговор до Регулаторната комисија, до Министерство за економија, како и до Народниот правобранител во кој ќе бараме доколку се носи нов правилник да се слуша и ставот на граѓаните по ова прашање. Носењето на правилникот секако е врзано за Законот за енергетика и треба да се види и правната основа за ова. Куќните совети сигурно доколку се организирани ќе имаат свои мислења, можеби ќе бидат и поделени, но не смееме да ги запоставиме", вели Маријана Лончар-Велкова од Организациајата на потрошувачи.

Таа додаде дека не може да ја присилат Регулаторната комисија да ги повика да учествуваат во подготовката на правилата.

Од Регулаторната комисија и од "Топлификација" не сакаат да коментираат, но потврдија дека се подготвува нов правилник. Во состав на новиот правилник Регулаторната комисија во моментов разгледува и уште неколку други, по се' изгледа за да ги одоброволи граѓаните за овие првите, кои се знае дека ќе предизвикаат големи реакции. Регулаторната комисија размислува и да го зголеми времетраењето на дневното греење и наместо до 21 часот да се грее до 22, како и тоа порано да започне грејната сезона, уште во септември.

Само што се стопли надвор, „Топлификација“ не' излади дома

И додека Регулаторната комисија размислува да го продолжи греењето, "Топлификација" само го чека првиот зрак потопло сонце за да го исклучи парното.

Само што почнаа високите надворешни температури, веднаш се изладија становите. "Топлификација" одлучи да ги исклучи радијаторите, повикувајки се на правилникот за испорака на топлинска енергија според кој, доколку три дена по ред температурата во 21 часот е над 12 степени се исклучува греењето во становите. И што е бесмислено, за ова исклучување потрошувачите нема да добијат пониски сметки. Скопјани, деновиве велат дека е крајно време некој да го стопира монополот на "Топлификација" , бидејќи не се во прашање веќе само високите сметки, туку и тоа што при парно тие вклучуваат радијатори, греалки и клима уреди, што е случај деновиве. Ако уште им се скрати и правото да го изберат видот на енергија за затоплување, е тогаш веќе ќе биде премногу. (С.М.)

 


Статијата е прочитана 3074 пати.

Испрати коментар



Фоторетровизор
Цвета бизнисот со нелегални абортуси во Гостивар
Работниците од „8 Ноември“ в понеделник пак на протест
Тубрекулозата напаѓа се' повеќе деца



jovan, 24.03.2012 00:09:32
Ne veruvam deka ova ke pomine od pricina sto nekoj stanovi se prazni, i? Ke gi grejat za lepe oci? Toplifikacija neka si go resi problemot so kalolimetri, pa ke se prikluci sekoj, i sekoj ke si plati za potrosenoto. Denes lugeto po 12-13 casa vo denot ne se doma, doagaat prikvecer (koga Toplifikacija isklucuva) i nemaat potreba da plakaat parno pausalno.
Baki, 24.03.2012 00:51:18
Ova e nesto ,poradi koe Vladeackata partija ,na slednite izbori ,ke bide opozicija.
jimmy1, 24.03.2012 03:56:21
Treba da se likvidira ova toplifikacija, gi dere graganite kako sto saka. Poeftino ke kosta da se sprovede greenje na gas pa makar da se gasovod od Rusija, barem ke znaes deka stvarno si se stoplil. So smetkata na toplifikacija neznaes za kogo plakas, mozebi plakame i za niv sto se great. Bez meraci nema pravilni smetki, loso e koga se plaka na guture.
glasac, 24.03.2012 04:35:52
Ako im se dozvoli vakva glupost na toplifikacija da naplakaat za toa sto sum isklucen od niv, togas ke pobaraat i telekom da im plakam smetki zatoa sto i od kaj niv se iskluciv kako pretplatnik. Nemojte, ne si igrajte ke ima GRAGJANSKA NEPOSLUSNOST !!!
Набљудувач, 24.03.2012 06:18:09
Пред две години се исклучив од Топлификација заради ужасен квалитет на услугата. Сакам да пријавам нешто: Јас никогаш, повторувам, НИКОГАШ, нема да и плаќам на таа компанија ниту еден денар.
gragjanin, 24.03.2012 06:37:42
Do Baki: vladejackata partija i na minatite izbori bese opozicija. Ja spasija bugarskite vozovi.
Велимир Цвејиќ, 24.03.2012 07:10:52
Тогаш јас ке ги пресечем цевките кој што минувтаат низ мојот стан, па нека Топлификација надвор ги поврже за да може да ги грее становите над мојот стан. Или тие мислат дека располагат и со мојот личне простор! Па ајде да видиме! Тие не знаат дека никој не може да ви влезе ва личен протор неповикан, инаку во САД можеш и да пуакаш во него, па нека му помогне медицина ако не си го дотепал или си го пoгодил така да си го ипратили пред Бога на распит.
ber, 24.03.2012 08:37:22
Bravo! Konecno neto pametni! Vo mojata zgrada od 60 stanovi iskluceni se 18. Smetkata mi iznesuva 5.556 den. Dokolku uslugata ja koristat site 60, togas taa bi iznesuvala 2.900 za stan od 90 m2. Ke se soglasite, pristojno, a i ne veruvam deka za tie pari ke se greete so bilo koj drug izvor na energija. Da ne zboruvame deka ti e toplo vo cel stan i ne se treses koga ke treba da odis vo wc. A ako se great site na struja, ogromna e moznosta od pregoruvanje na instalacijata, zatoa sto starite zgradi ne se praveni za da izdrzi mrezata tolkavo opteretuvanje. Mozen pozar, isto taka. I na kraj, nemoze be braka da ziveeme u centar, a da se ponasame ko da sme na selo. Koj saka ima izbor, selata se prazni!
sime, 24.03.2012 08:55:13
Znaci ovie potezi sto gi pravi nekoj se nelogicni,iracionalni so narodski zborovi kazano bezumni.
Aramiski sojuz- Regulatorna- Toplifikacija, 24.03.2012 08:57:22
Vakvi zakoni donesuvase vo nalunicava sostojba Kaligula, koj vo edna takva sostojba go proglasil i svojot konj za konzul. Ova me potsetuva i na onaa prikazna koga Itar Pejo pregladen sedel vo nekoja meana vo Prilep i mirisal od jadenjata dodeka crevata mu krkorele a ligi mu tecele, a meandjijata dosol i mu pobaral pari za mirisanjeto na jadenjata. Abe kakvi ne gluposti nema da izmisli ovaa Regulatorna. I ajde posle ne pomisluvaj deka e korumpirana. Se nadevam deka Ustaven sud e pameten i ovaa aramiska odluka na onie ajduci od Regulatorna i Toplifikacija ce gi ponisti., oti tie se spremni na narodot i dusa da mu zemat za pusti profit i car vo nivnite dzebovi.Sramota i mizerija vo mizerna Makedonija.
Petre, 24.03.2012 09:05:14
Дефинитивно Топлификација работи на тоа, нејзиното самоубиство да се случи што е можно побрзо. Можат да се коментираат илјадници аргументи дека со ваквите размислувања на надлежните, важи изговореното од Исус Христос: „Боже, прости им, не знаат што прават“. Да споменам еден аргумент: нели има правосилна и извршна пресуда од Уставниот суд дека за исклучени станови нема плаќање 50%? Како мислат да ја прекршат таа пресуда?
Oliver, 24.03.2012 09:12:27
Ova e totalno NE-PRIFATLIVO za obicniot covek vo Makedonija!!! ALO BE!!! Ne mi sporeduvajte kako bil zakonot vo Slovenija i Germanija za toplifikacija, vo zemji kade po drzavna statistika, prosecna plata iznesuva nad 1500 evra i Makedonija kade sto prosecna plata e malku nad 200 evra. Kogo pravite budali? Toplifikacija se igra so narodot, benzinot probiva granici od 90 denari, prevozot poskapuva, hranata poskapuva.... Braka, ova vaka ne ide. Bilo koja naredna ili segasna Vlada vo ovaa drzava rizikuva so vakvite postapki i cekori, socijalni nemiri i gragjanska neposlusnost.
македонска реалност, 24.03.2012 09:34:29
Верувале или не македонската реалност е трагикомична.50% од кавгите во семјствата се по вина на овие дерикожи. На времето со сопругот дојдовме пред развод за фиксната телефонија-тој тврдеше дека сума од 100 марки месечно е чиста кражба. За жал излезе по негово.Парите заради мојата верба во институции и дека децата зборуваат отидоа на сметка на некој некаде.Сега сме сите за - време е да го откажеме парното бидејки за 10 000 -вкупната сума за една сметка во грејна и една во негрејна сезона бидејки ние на Топлификација и плаќаме и кога не не грее,но еве не можеме да се откажеме оти регулаторната не ни дозволува.Уште пострашно е што дома до 17 часот нема никој ипарното фактички грее празен стан т.е. зидовите на комшиите. Значи кога би грееле со нешто друго ние би зштедиле бајаги. Има ли право едно семејство во Македонија да се избори за свое право на избор со што да се грее?Имаат ли права воопшто граѓаните на Македонија или правото е на страна на монополите?
Зевзекмен, 24.03.2012 09:45:54
а искључување на цела потстаница !!
milan, 24.03.2012 10:07:52
Resenie e evtiniot gas.Dodeka ne se napravi asalna gasifikacija ke si stradame od monopolot toplifikacija.Pred nekoe vreme citam deka vo Strumica se na pat letovo da go resat toj problem. Ako e taka bravo za strumicani i nivnoto rakovodstvo. POZDRAV.
skopjanec, 24.03.2012 10:37:08
Makedonija i se e mozno.Pa ova go nema nikade vo svetot.Drzavata go favorizira monopolot na edna tipicno monopolska firma kako sto e toplifikacija ad Skopje.Se prasuvam dali nadleznite od regulatornata komisija se zapoznaeni deka Ustavniot sud na RM odamna go ukina toj famozen clen od pravilnikot so koj toj sto ke go .otkaze parnoto greenje e DOLZEN da plaka 50% od cenata.!!Pa ve molam toa vo najmala raka e grabez vrz gragjanite i toa so podrska na drzavata ili vlasta,kako sakate.Toplifikacija ad Skopje treba dlaboko da se zamisli zosto gagjanite na Skopje se poveke se otkazuvaat od uslugite na toplifikacija.Toj problem se resava so kvalitetna usluga a ne so prisila.Vprocem iluzorno e da se diskutira za edna firma so somnitelna privatizacija/pred toa bese javno pretprijatie/koja zari i pali vo Skopje od koga e formirana pa do denes i sekoj pat zad niv stoela drzavata i aktuelnata vlast.Samo se ima kraj pa i ova diveenje na toplifikacjia ad i nejzinite sponzori.Koga togas.!!
sale, 24.03.2012 11:07:25
Ako se iskluchi celo Skopje, toplifikacija nema da mora da raboti a site ke mora da i plakaat 50%. Woowwww, mislam deka vo Makedonija izmslija Perpetuum mobile. Edno e sigurno CAO VMRO, odite vo Butel i tamu brkjate kampanja za lokalni izbori bidejki zzivite nema da glassta za vas.
WD40, 24.03.2012 12:24:19
Ova e veke KRIMINAL.Ednostavno ne moze nikoj da me primora da ziveam so parno greenje t.e da ne se isklucam.Toa e isto kako na primer kupuvam vo TINEX i SP otvori prodavnica do TINEX i jas pocnam da odam da kupuvam vo SP.Tinex sega naplaka poveke za lebot oti 100 kako mene otisle vo SP pa ostanatite ke mora da plakaat poveke pa toa e ludilo.Jas licno bi se soglasil so ova pod uslov TOPLIFIKACIJA DA INSTALIRARA vo domovite uredi za reguliranje na toplinata i temperaturata pa jas da odlucuvam kolku i koga ke pustam greenje vo mojot dom.I vo leto da ne mi naplaka posto ne dava nikakvi uslugi. i uste nesto ako im e skapo pa prvo neka poglednat vo svoite redovi neka otpustat rabotnici da zastedat .pa tamu imaat 100 ekonomisti i pravnici i drugi legaci neka gi otpustat i ke zastedat mene ne mi e galje za niv tuku za mojata smetka.Ednostavno ne dobivam protivusluga za moite pari.I na krajot ako TOPLIFIKACIJA ima pravo na ova zasto TELEKOMOT nema pravo da rece site mora da plakaat MAX-TV
NIKOLA, 24.03.2012 15:25:21
@WD40 mnogu interesno razmisluvanje. Mi se dopagja tvojot stav. Ajde i telekomunikacii neka kaze mora so zakon site da plakate MAX TV, ajde neka vlezat vo ring vero i tineks, pa koj pobedi so zakon ke bide regulirano site da kupuvame od kaj niv.... ajde so zakon da uredime site gragjani da se vozat so jsp ..... Ne mi e jasno na koja planeta ziveat tie vo regulatorna komisija, potplatenite novinari koi ja forsiraat prikaznava, i one koi sedat vo parlamentot i vladata. Ne trujat deka se razvivame, deka rasteme deka e sve bajno i prekrasno, deka nadvor letaat rozevi sloncinja i site se srekni i nasmeani. Denot koga nardot ke izleze na ulica da vi pobara smetka, ne ocekuvajte deka ke ima milost i proska, bez razlika dali vasta partija e Trajko, Mitko ili Stanko. DOSTA BESE!
Toplinomerac, 24.03.2012 15:36:30
Kako toa bese vo ednoumieto? Ajde PATRIOTI, izjasnete se?! Sto e ova? DEMOKRATIJA,?!PLURALISTICKO EDNOUMIE???? SILUVANJE? E pa vo vremeto na crnite denovi i koga ziveevme vo mrakotnemase vakvi DEMOKRATSKI MERKI, neli?! Ako nisto drugo sega NE RAZDENI?! Vo Otomanskata imperija imalo danok, go vikale letnina ili harac. Kako ke go kazeme ovoj???? Ajde patrioti, objasnete, onaka vo Vas stil, lucidno!Se kti nokta crna, se ruti karpa v mrak, i petli v selo peat! I zorata se zori ! Nad karpa v krv se lie i temninata pie SILNO SVETNAL DEN!Napisal golemiot Racin.Tu pa kaj bas so takvi LEVI idei???? Koj ke e sega kriv?Partizanite, Tito??? A od sto svetna denot OSLEPEVME, od ubani de!
kumbe, 24.03.2012 16:16:52
Jas se soglasuvam so ovaa merka ama i ako se usvoi i ako ne rabotis da zemas po 50 % prosecna plata!
od nezasegnat, 24.03.2012 18:05:34
Da,jas ne sum od Skopje,i ne sum zasegnat so ovoj APSURD .No, ovaa e klasicna diktatura i od TOPLIFIKACIJA i od tie sto im odobruvaat takvoto samovolie ili diktatura ! Ovaa e ugnetuvanje....gospod da gi cuva od TOPLIFIKACIJA ! Ovaa e uzasno nesto ne videno!!!
caci, 24.03.2012 18:55:12
ova go nema nikade ama so VMRO I SE E MOZNO. SITE NA NOZE NEMOZE VAKA I VOZDUHOT STO GO DISEME KE GO NAPLATUVAAT I TOA SO DDV.
До Велимир Цвејиќ, 24.03.2012 19:59:49
Кога веќе се повикуваш на запад и Америка, дали знаеш дека на запад комшиите т.е. куќен совет може да те иселат од станот ако не се однесуваш соодветно. Цевките не се на Топлификација, а на зградата.
Biljana, 24.03.2012 22:37:31
A ke moze li nekoj da mi odgovori zosto vo Drzavnite institucii parnoto greenje e tolku jako, pa vrabotenite po cel den vo kancelariite sedat so otvoreni prozori, dodeka nie vo nasite domovi se smrznuvame, ova mozam da go potkrepam i so fotografii.
Јовковски Зоран, 24.03.2012 22:49:18
инспекции кои од ракав пишуваат(за споменици пари требаат нели),извршители кои глоба за некои свои трошоци земаат колку што ти е долгот(за лекови ли),фирма која за 5 пари се блокира поради тоа што државата пари не му префрла,бензинот кој е поскап од 2 литра тетрапак млеко??зошто акцизата нели буџетот го полни,топлификација не е.. во здрав мозок ама да плачеш несмееш зошто владата ја брани а се повеќе луѓе без скршен денар по улици шетаат... јас почитувани само го прекажу��ам она што го слушам а слушам и разбирам доволно...ВМРО освести се и разбери дека народот е твојата сила додека уште имаш време...ти на народот душата му ја земаш и тој веќе започнува да те мрази...
Nikola, 25.03.2012 08:57:40
Ludje ! Izdrzete ! Ostanaa uste samo 97 cekori
Makedonec, 25.03.2012 12:59:59
Site sto ve zasega ste vo pravo no treba da stanat i da se solidariziraat i tie sto ne gi zasega da bide sploten Makedonskiot narod Inaku kako sto ni naplakaat MTV a najlosh kvalitet i programa vo Evropa i si plakame i kablovska i MTV ne bi me cudelo i ova cudo Ubavo rece eden ke plakam koga ne rabotam a da zemam pola plata normalno treba da imam za smetki i ako ne rabotam ili drzavata te tera na sila da lazesh i kradesh za da platish smetki
Mirjana, 25.03.2012 13:16:28
Ako mora isklucenite da placaat za toplinska energija, toa bi trebalo da bide maksimum 20 procenti,nemame ni cevki vo sekoja soba plus toa tie se tolku tenki,.Mora da ima nekakva pravda a ne sega najsiromasnite sto ne mozat da si dozvolat parno , da moraat pokraj strujata da placaat parno koe ne go koristat.Na ovoj monopol treba da mu se najde nekoe pravedno resenie vo odnos na gradjanite.Pozdrav

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 


Site Meter


Време
Скопје, 22°C

Ведро

Сабота
Ведро
Макс: 37°C, Мин: 18°C

Недела
Сончево
Макс: 41°C, Мин: 18°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ФОТО) Повеќе интервенции во Скопје по силното невреме
Противпожарната единица во текот на ноќта интервенирала на 28 места...
(ИНТЕРВЈУ) Сузан Сарандон: Се уште сум хипи-девојка
Моите синови десет години не ги гледаат моите филмови и немаат интерес за тоа, ни изјави холивудската актерка во Карлови...
(ФОТО) МПМ добитник на награда за филантропија
Во име на вработените на Медиа Принт Македонија наградата ја прими Виктор Доневски, извршен директор во компанијата...
(ФОТО) Го истетовираа Тодор Александров
На околната ограда со црн спреј е напишано „Грујо носи си го“, а петметарската бронзена скулптура е испрскана со бела бо...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |