Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
14.08.2012, 17:34

Треба да се чуе гласот на граѓаните

Потрошувачите се мобилизираат по најновите поскапувања

Маја Томиќ



Парното од 1 август поскапе за околу 4 отсто, струјата за 10, а од завчера и бензините пак скокнаа за 3,5 денари, по којзнае кој пат годинава. И додека Организацијата на потрошувачи на Македонија се' уште ги сумира и ги анализира писмените реакции од граѓаните за да реши кога ќе достави писмена реакција до Регулаторната комисија за енергетика, граѓаните решија самите да се организираат и да протестираат за серијата поскапувања што ни се случуваат. Тие спонтано се здружија преку социјалните мрежи и синоќа се собраа пред Регулаторна, на плоштадот „Пела“, за гласно да го искажат својот револт од повисоките цени на парното, струјата и горивата, кои го допираат сечиј џеб. Организатор на протестот е социјалната група „Аман“, на која спонтано и' се приклучија стотици граѓани. Протести ќе има секој вторник во 18 часот, а освен во Скопје, граѓаните ќе го искажат својот револт и во Битола и други градови во земјава.

„Треба да се чуе гласот на граѓаните, без разлика дали станува збор за млади или повозрасни луѓе, дали имаат или немаат средства за егзистенција. Поскапувањата не' допираат сите подеднакво и сите треба да реагираме, не да бидеме воздржани“, вели Инес Ефремова од „Аман“. Таа додава дека на неколку меѓусебни средби што ги имале на отворено членовите на групата одлучиле да се именуваат како „Аман“. Засега не се размислува оваа група да прерасне во некаква невладина или друга организација. Инаку, во „Аман“ членуваат лица на различна возраст, има и средношколци и студенти и повозрасни лица, вработени и невработени.

„Јас лично сум вработена, но живеам сама и со својата плата ги плаќам сите месечни трошоци. Животните трошоци станаа веќе неиздржливи за сечиј буџет, без разлика дали станува збор за повеќечлено семејство или за самци, за пензионери... Сите треба да се избориме за сопствените права. Време е да кажеме дека ни е доста од она што ни се прави врз грбот. Во време на беспарица, Регулаторна постојано ги зголемува цените на парното, струјата, горивата..., а со тоа растат и сите други цени“, вели оваа млада скопјанка.

Според Ефремова, протестот е инициран сосема спонтано, преку социјалната мрежа „Фејсбук“, односно преку креирање „Фејсбук-настан“ од кој произлегоа понатамошните средби како и формирањето на иницијативата - „Аман“.

„Цениме дека со одредени одлуки, како со Правилникот на „Топлификација“ се кршат основните човекови права, што е недопустливо. Познато е дека од 2008 година платите се во застој поради кризата, а цените постојано се зголемуваат. Стасани сме сме до точка кога и базичната егзистенција за македонскиот граѓанин станува неиздржлива. Оттаму ги формулиравме нашите барања“, вели Ефремова.

Инаку, „Аман“ до Регулаторна и до Владата ќе достави писмени барања за враќање на цените на струјата и на парното на нивото од 2008 година, враќање на евтината тарифа на струјата, укинување на ставката за ангажирана моќност од 33 отсто на секоја сметка, намалување на цените на горивата според стандардот на граѓаните, повлекување на новиот правилник за парното на „Топлификација“, како и спречување на продажбата на ЕЛЕМ и почнување инвестиции во обновливи извори на енергија.






Статијата е прочитана 1769 пати.

Испрати коментар



Ахмети сам ги дуваше свеќите
Рано е за салутирање на УЧК
„За идеале гину будале“
Донев, Јанкуловски и Лазаревски предавачи на „Евро-Балкан“
„Заедно можеме повеќе“ - ново мото на ВМРО-ДПМНЕ
Филе гледа позитивен тренд во Македонија
Дилемите за Ламбринидис без основа во ЕУ
СДСМ бара од Владата мерки за ублажување на ценовниот шок



Наташа, 15.08.2012 07:18:26
Да! Редно беше да се чуе гласот на граѓаните. Доста со манипулации и разно разни реклами на (не)реализирани проекти божем во интерес на граѓаните а ние, граѓаните тонеме во се поголема и поголема беда. Навистина, АМАН, доста е. Се надевам дека протестите ќе бидат се помасовни и помасовни. Власта, опозицијата, политичарите треба да разберат дека доста се бавеа сами со себе. Треба да почнат сериозно и одговорно да работат во интерес на граѓаните, во интерес на државата. Движењето Аман треба доследно да остане како социјално движенје во интерес на сите граѓани без разлика на вера, националност или партиски определби.
Chainsaw, 15.08.2012 10:05:34
hehe regulatornata komisija gi zgolemuva cenite? Regulatornata komisija, osobeno za benzinot, samo gi soopshtuva novite ceni koi se veke formirani na svetskite pazari. Ako Obama beshe sposoben da gi kontrolira cenite na benzinite tie nemashe da bidat 4$ po galon kako shto e sega vo US, tuku ke bea poniski. A poshto cenata na gorivoto e vkalkulirana vo site proivodi kako troshoci za transport i proizvodstvo normalno e cenata na produktite da raste so cenata na benzinite. Nema nekoj golem izbor ili ke ostavite pazarnata ekonomija da si ja vrshi rabotata ili vladata veshtachki ke gi namaluva cenite koe posle nekako ke mora da se plati, i toa najchesto e so povisoki danoci. E sega birajte, pari ne izviraat, istite pari samo odat od edno kupche vo drugo
gragjanin na Skopje, 15.08.2012 10:30:13
Se nadevam deka ovie protesti nema da se zagadat od politika i deka ke bidat adresirani i organizirani pred vistinskite mesta, a toa se privatnite kompanii koi stanaa samovolni monopoli. Vo sprotivno pak na politickoto neboto ke lansirame novi zvezdicki. Daj boze da ne sum vo pravo.
Трпе, 15.08.2012 13:23:52
Се додека не се случи народ,ова власт ќе се мајтапи со овој ваков таков народ.Не е секогаш молчењето е злато.Некој и железо краде за да му се најде за прафнуците.Народот треба да е со дигната глава да не витка кичма и да и каже ДОСТА Е.
D.V., 15.08.2012 14:09:40
iskrena podrshka za *Aman*, cije ime sosema pdgovara na denesnava polozba na narodot od zalna i ponizena Makedonija. Aman od poskapuvanja, Aman od gradenje spomenici i vodoskoci,Aman od rasfrlanje pari za neproduktivni gradenja, bez koi mozeme da ziveeme ...AMAN, za spas! Se nadevam deka sekoj den sobirite ke bidat sé pomasivni i pomasivni, pa belki odgovornite za ovaa nasa nesrekje, ke svatat deka preteraa so arogancijata i nepocituvanjeto na zelbata, potrebite i moznostite na gragjanite.Neka straot od odmazda i teror ne go sprecuva ovoj cekor, na mirn izrazeniot revol, na osiroùmasheniot i ponizen, nas nardot.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 19°C

Ведро

Сабота
Ведро
Макс: 32°C, Мин: 15°C

Недела
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 15°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Остри меѓународни реакции по пресудата за „Пуси Рајот“
Руската православна црква вчера ја повика државата да биде милостива кон членките на контроверзната панк група...
Депонијата се празни, комуналците добија една плата
Инспекторите за животна средина веруваат дека до понеделник сето ѓубре ќе биде изнесено од центарот на Тетово и депонира...
(ФОТО) Последно „светнување“ на „Паднатите херои“
При крај е уредувањето на покриениот Прометеј, обелискот со жената-ангел со венец во рацете и четирите исправени коњи, д...
Соларен брод чека да заплови во Охридско Езеро
Иноваторот Горан Ангелковиќ има проект за брод кој се движи на сончева енергија и бара инвеститор за да го изгради...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |