Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
06.08.2012, 14:50

Кризата во еврозоната добива контури на психолошки распад на Европа

Италијанскиот премиер Монти изрази загриженост дека тензиите во еврозоната доведуват до свртување на земјите едни против други

Италијанскиот премиер Марио Монти во интервју за денешното издание на германското списание „Шпигел“ ги повика европските партнери на Италија за поголема ангажираност во надминувањето на финансиската криза во еврозоната.

- Тензиите кои се појавија последите години во еврозоната веќе добиваат контури на психолошки распад на Европа, истакна Монти и предупреди дека доколку еврото се претвори во фактор за распаѓање на Европа, тогаш ќе бидат разурнати основите на самиот европски проект.

Монти изрази загриженост дека тензиите во еврозоната доведуват до свртување на земјите едни против други.

Тој нагласи дека за тоа прашање разговарал со германската канцеларка Ангела Меркел и `и пренел дека Италијанците чувствуваат се поголема огорченост кон Германија и понекогаш кон неа поради начинот, на кој Берлин управува со должничката криза.

Монти ги повикува своите колеги од еврозоната да не дозволат одлуките на нивните парламенти да ги спречат да преземат одредени чекори и побара од нив да ја задржат слободата на дејствување, бидејќи во спротивно Европа ќе биде изложена на ризик целосно да се распадне.

Во меѓувреме гувернерот на италијанската Централна банка Инацио Виско изјави дека Италија во моментов нема потреба од помош од европскиот спасувачки фонд за да се справи со растечките камати на италијанските обврзници.

Тој во интервју за италијанскиот весник „Република“ истакна дека од пазарите ќе зависи дали Рим во иднина ќе побара помош.

- Доколку пазарите се уверат дека Италија го променила текот на финансиската криза, ги надминала препреките пред економскиот раст и покажува дисциплина во трошењето на државните средства, тогаш потребата Рим да бара помош отпаѓа, нагласи Виско.

Тој прогнозира дека растот на италијанската економија во 2013 година ќе биде мошне мал.


Статијата е прочитана 899 пати.

Испрати коментар






od ostrijot, 06.08.2012 19:33:32
se dodeka bogatasite imat korist od zaednicka evropa do togas i ke postoji momentalno neveruvam oti bise raspadnala.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 18°C

Претежно облачно

Петок
Делумно облачно
Макс: 32°C, Мин: 15°C

Сабота
Ведро
Макс: 30°C, Мин: 14°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Светски рекорд за Давид Рудиша од Кенија
Кениецот во трката на 800 метри златниот медал го освои со време на нов светски рекорд – 1:40.91 минута...
Преглед на освојувачи на медали – Лондон 2012 – 13.ден
По тринаесеттиот натпреварувачки ден 80. држави имаат освоено медали...
Болт без конкуренција
Јамајканецот влезе во историјата на Олимписките игри како првиот атлетичар кој успеал да го одбрани златниот медал во тр...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |