Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
05.08.2012, 15:31

Почина уште едно лице повредено во пожарот кај Струмица

Тоа е четврта жртва во пожарот кај Струмица, a на Клиниката е хоспитализирано уште едно дете со 40 отсто изгореници кое е во добра здравствена состојба

На Клиниката за хирушки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје, изутрината почина уште едно лице, 54-годишниот Војо Гркланов од стумичкото село Вељуса, кој беше повреден во пожарот кој избувна на 23 јули во местото Чамчифлик кај Струмица.

Тоа е четврта жртва во пожарот кај Струмица. На 28 јули почина 30-годишниот струмичанец Митко Георгиев, а на 24 јули на повредите им подлегнаа браќата, 46-годишниот Пено и 50-годишниот Блажо Стојкови, вработени во „Македонски шуми“.

На Клиниката е хоспитализирано уште едно дете со 40 отсто изгореници од втор и трет степен кое е во добра здравствена состојба.

За огнената стихија кај Струмица е осомничена 24-годишната Струмичанка Е.М., која запалила стари алишта под еден жбун, при што предизвикала пожар од поголеми размери.


Статијата е прочитана 879 пати.

Испрати коментар



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 18°C

Претежно облачно

Петок
Делумно облачно
Макс: 32°C, Мин: 15°C

Сабота
Ведро
Макс: 30°C, Мин: 14°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Светски рекорд за Давид Рудиша од Кенија
Кениецот во трката на 800 метри златниот медал го освои со време на нов светски рекорд – 1:40.91 минута...
Преглед на освојувачи на медали – Лондон 2012 – 13.ден
По тринаесеттиот натпреварувачки ден 80. држави имаат освоено медали...
Болт без конкуренција
Јамајканецот влезе во историјата на Олимписките игри како првиот атлетичар кој успеал да го одбрани златниот медал во тр...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |