27.09.2012, 18:15 Иванов бара достоинствено именување на Македонија
Шефот на македонската држава, во својот говор на Ист ривер, им се заблагодари на сите 134 земји што ја признаа Македонија под уставното име
Слободанка Јовановска
Претседателот Ѓорге Иванов побара индиректно од Генерално собрание на ОН да го актуализира статусот на македонското малцинство во Грција, а Атина да престане да го спори и место тоа, да му обезбеди право да се декларира како македонско. Исто така, тој побара од генералниот секретар, Бан Ки-мун, да го употреби својот авторитет за да се деблокираат преговорите за спорот за името во ОН, а како политичко мото Иванов порача дека денес во 21 век изгледа сосема апсурдно да се биде именуван „бивша нација“ или „бивша колонија“.
„Во име на дигнитетот на мојот народ, ја користам оваа можност јавно да им се заблагодарам на сите 134 земји-членки на Обединетите нации кои го признаа уставното име на мојата држава, а тоа е Република Македонија. И да упатам апел до сите вас: обраќајте ни се од аспект на иднината!
Владеењето на правото и човековите права се базични принципи и со нив не може да се прави компромис. Должност на Обединетите нации, и на сите нас, е да не дозволиме да се прави компромис со владеењето на правото и со човековите права. Затоа, побарав од генералниот секретар повторно да се актуализира извештајот на независниот експерт за малцински прашања, госпоѓата Геј Мек Дугал“, изјави Иванов на говорницата.
„Да ве потсетам на препораката од извештајот дека владата на нашиот јужен сосед треба да се повлече од спорењето околу тоа дали има македонско малцинство и целосно да се фокусира на заштитата на правото на самоидентификација, слобода на изразувањето и слобода на здружувањето на таа заедница. Во препораката се повикува нашиот сосед да ги почитува пресудите на Европскиот суд за човекови права. Пресуди според кои на здружението треба да му биде дозволено да го користи зборот македонски во своето име и слободно да го изразува својот етнички идентитет“, потсети Иванов.
Откако соопшти дека барал од генералниот секретар да го вложи својот авторитет и да се ангажира за да се деблокираат разговорите што се водат под негово покровителство, а се однесуваат на разликата околу името, тој додаде: „Почитувањето на пресудата на Меѓународниот суд на правдата ќе значи почитување на меѓународното право и владеење на правото во практика. Верувам во процесот. Верувам дека процесот може да доведе до решение. Но, не можеме да чекаме уште 19 години за да се оствари тоа.
Целосно се согласувам со кажаното од претседателот на САД, Барак Обама, пред неколку дена, од оваа говорница: ’Веруваме дека слободата и самоопределувањето не се уникатни за една култура. Тие не се само американски вредности или западни вредности. Тие се универзални вредности‘.
Во минатото на ОН им се случувало на некои земји да добијат дополнителни услови, но советодавното мислење на Меѓународниот суд на правдата од 1948 година кажа дека тоа не е исправно. Освен во нашиот случај, досега не се случило некој некому да му ја оспори слободата на самоидентификација. Македонија треба да го добие она што и' припаѓа. Скратувајќи и' го тоа на Македонија, и' се скратува правото да биде еднаква и рамноправна со сите земји-членки.
Тука разговараме и за меѓународното право. Зборуваме за владеењето на правото. Еве ја пресудата на Меѓународниот суд на правдата донесена пред 10 месеци во корист на Република Македонија. Бараме оваа пресуда, донесена од орган на Обединетите нации, да се почитува. Ова го бараме зашто дури и на оваа говорница се случувало да не' спречуваат да го користиме нашето име. Меѓународниот суд на правдата со член 95 од пресудата експлицитно утврди: Македонија има право себеси да се именува како Република Македонија во нејзините односи со другата страна и во рамките на меѓународните организации.
Поаѓајќи од духот на добрососедските односи и силната определба за надминување и решавање на отворените прашања, ја користам оваа можност да го повикам нашиот сосед, заеднички да работиме во таа насока. Од ова место, од срцето на ОН, ги повикувам да ја почитуваат пресудата на Меѓународниот суд на правдата и да ги почитуваат меѓународно преземените обврски“, рече Иванов во говорот.
По обраќањето во ОН, Иванов имаше договорено средба и со медијаторот Метју Нимиц. |
|
Статијата е прочитана 2686 пати.
|
Испрати коментар
|
|
mene, 27.09.2012 20:11:28 | B R A V O ! |
| пријател, 28.09.2012 01:39:29 | Не е точно дека ни се поставени дополнителни услови.Ние станавме членка на ОН како сите други држави.Разликите околу името условија Советот за безбедност да ни додели привремено име ФИРОМ додека не се најде решение со цел ЗАЧУВУВАЊЕ НА МИРНИТЕ ДОБРОСОСЕДСКИ ОДНОСИ.Значи целта не е да ни се одземе накакво право.Ни една од тие 134 земји членки на ОН не ни се обраќа официјално со Република Македонија туку со ФИРОМ и сите тие во заедничка одлука на Генералното собрание не` прекстија во ФИРОМ.Најголема невистина во излагањето на Иванов е дека во чл.95 од пресудата се вели дека РМ има право себе си да се именува како РМ „во рамките на меѓународните организации.Таму стои дека РМ има право да се именува себе си како РМ во ОДНОСИТЕ СО ГРЦИЈА,а не и во меѓународните организации.И судот од Хаг не ни се обраќаше како РМ туку како ФИРОМ.Извртувањето на вистината ништо нема да ни помогне. |
| ПЕТАР, 28.09.2012 04:06:11 | ДО ПРИЈАТЕЛ: НЕМА БЛАГА ВРСКА СО РЕАЛНОСТА ОНА ШТО ТИ ГО ПИШУВАШ. ЕДНОСТАВНО СЕТО ШТО СИ ГО НАПИШАЛ Е НОТОРНА ЛАГА. |
| Marioec od Azija, 28.09.2012 06:49:11 | Nekoi komentatori se tolku isfrustrirani i polni so omraza kon se sto e Makedonsko,a ovamu se narekuvaat kvazi prijateli.Gospod neka im e napomos neznaat sto praat od slepata omraza,oprostete im ne se tie vinovni sto se rodile takvi.Inaku nema sto da se kaze povece toa e toa sto pretsedatelot go kaza,a koj razbira dobro koj ne,djabe i da mu se crta,toj pak ce tera po svoe.Mislam netreba partisko prepukuvanja i vredjanje na pretsedatelot,toj ne ja predstavuva dpmne nego Makedonija. |
| совет, 28.09.2012 06:57:26 | Оставете го на страна „почитувањето на пресудата од Хаг“ затоа што во пресудата, покрај тоа што се кажува дека Грција го прекшила чл.11 став 1 од ВС,исто така се кажува дека се одбива барањето на ФИРОМ да и`се наложи на Грција во иднина да не ја попречува РМ како ФИРОМ да се зачленува во разни организации.Почитување на пресудата би значело ДА НЕ СЕ БАРА од Грција во иднина да ја попречува нашата земја за членство во организации каде таа е членка.Нашето право на името Македонија не се брани на начин како ВМРО на Груевски и Иванов го прават тоа. |
| Jas, 28.09.2012 08:01:27 | Bravo Pretsedatele! uste eden mandat za Vas!!! |
| dedo dimo, 28.09.2012 08:30:42 | Chovekot shto se javuva PRIJATEL ,toj e sve samo priatel ne ,na MAKEDONIJA I MAKEDONSKIOT narod . Za Predsedatelot Ivanov samo pofalbi. Navistina ima hrabrost poveke od site dosega da mu dokazi na svetot deka i toj a i Makedonskiot narod ziveat ogorcheni i ponizeni za poslednive 19 godini od glupavite politichari na dvete zemji koj se vovlecheni vo ovaj glupav spor.Vo svetot e edna Republika Makedonija. Makedonskiot narod imaat pravo da sie vikaat zemjata svoja kako tie shto sakaat kako i ostanatiot svet . |
| pile, 28.09.2012 08:38:18 | do prijatel;Извртувањето на вистината ништо нема да ни помогне.Za zjal na site Makedonski gragjani so izvrtuvawe na vistinata vo bilo koja svera na opstestvenoto zjiveenje, pomaga samo na vladeackata struktura rakovodena od DPMNE za da opstojuva na vlast.A kako opstojuva i samite veke se svesni.Gragjanite se usloveni da veruvaat na informacii od provladini mediumi na koi nema debati so pretstavnicite na vlasta, tuku ima samo monolozi na pres konferencii,i bezobzirno ignoriranje na prasanja na poedini novinari vo stilot,denes toa ne e tema ili za neglasanje na izmeni na Zakonot za subvencii zosto DUI ne glasase za zakonot,na toa prasanje nemozjam da odgovoram.Vo nitu eden medium ne se objavi prevodot na Haskata presuda, barem vremenata spogodba izleze vo Sl vesnik i vo nedelnikot Fokus,za informiranjeto od sosedna Grcija na poedini dopisnici-jugonostalgicari,toa e posebna tema dali treba da prerabotuvaat izjavi ili treba citati da davaat.KRAJ za ovaa Vlada koja ja Makedonizacira Evropa |
| Kiro, 28.09.2012 08:54:43 | Istoto go kaza i minatata godina. Do koga breeee. |
| Mora da go poslusaat, 28.09.2012 10:37:55 | Stom taka im rekol, sigurno ce go poslusaat. So Djole znaat deka igracki si nema. |
| Kojco, 28.09.2012 11:09:30 | Do Djordji Ivanov: Na tablata pred nasata delegacija vo Hag pisuvase, Poranesna Jugoslovenska Republika Makedonija.
Kakva presuda od Hag. Pa toj ne napisa kako se vikame.
Super komentar naPrijatel |
| ФЕЛИКС, 28.09.2012 11:34:51 | Сосема накратко до пријател,како сакате да ве почитуваат кога сопствената држава не ја почитувате,при тоа изнапишавте еден куп лаги околу признавањето на 134 земји на уставното име на нашата држава.Дали ова лажење на ангро се должи на омразата кон оваа власт,па ја поистоветувате со државата,или едноставно мразите се што има врска со РМ. |
| demokrat, 28.09.2012 14:11:32 | Feliks, pocituvanjeto drzavata treba da go zasluzi. Toa tebe, za zal, ne ti e jasno, nitu ke ti stane jasno, bidejki edno e nasata Tatkovina Makedonija, koj sekoj ja saka i pokazuva cuvstva kon tea, a sosema drugo drzavata Makedonija. |
| до феликс, 28.09.2012 17:04:38 | Во документот A/RES/47/225 од 98-та пленарно заседание на Генералното собрание на ОН одржана на 8.април 1993г. стои:„ Генералното собрание,по добивањето на препораката на Советот за безбедност од 7.април 1993г.дека државата чија апликација е содржана во документот А/47/876-Ѕ/25147 треба да се прими во членство во ОН,по разгледувањето на барањето...одлучи да ја признае државата во членство во ОН привремено нарекувјќи ја ФИРОМ за сите цели во рамките на ОН во очекување на решавање на разликите околу името“.Значи сите земји чл.на Генералното собрание гласаа да ни се промени името во ФИРОМ.Каде се САД,Русија,Кина, чл.на Советот за безбедност кој не`признаа под уставно име,да побараат да се донесе нова Рез.наместо Рез.817 со која ни е променето името во ФИРОМ?Каде се тие 134 земји да побараат во Генералното собрание да се признае нашата држава како РМ?Дали си ја прочитал Рез.817,пресудата од Хаг и чл.95 од пресудата на кој се повикува Иванов и погрешно го интерпретира?Кој лаже? |
| do prijatel, 28.09.2012 17:43:35 | Site drzavi vo svetot sto ja priznale Makedonija so ustavnoto ime i se obrakjaat so ustavnoto ime.Duri i SAD.I nekoi drzavi sto ne ja priznaa Makedonija so ustavnoto ime isto i se obrakjaat so ustavnoto ime.Makedonija dade predlog do juzniot sosed,a ti pisuvas deka ne dala.Toj predlog e dvojnata formula.Za cel svet ustavnoto ime,a samo za juzniot sosed drugo ime.Juzniot sosed nemal drzava kako celina pred 1830 g.I pred 1913 g.juzniot sosed nemal ni peda makedonska zemja. |
| До сите слепци при очи, 28.09.2012 22:28:22 | Дали досега се случило , во земјите што, во билатералните односи , го користат уставното име РМ , при било која политика , културна или спортска манифестација? Секаде сме Фиром!И Феликс во билатералните односи е „Јован&влада“ , но не и во горското началство. Таму си има официјално име и презиме! |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 16°C
Ведро
|
Недела
Ведро
Макс: 30°C, Мин: 15°C
|
Понеделник
Ведро
Макс: 33°C, Мин: 14°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз - Титова Совладетелка (13)Африканската турнеја на Тито. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“ |
|