Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
31.01.2012, 18:02

Вељаноски ги притисна пратениците за кодексот

Шефот на парламентот бара од координаторите на пратеничките групи до понеделник да се изјаснат за текстот на Етичкиот кодекс

Претседателот на Собранието Трајко Вељановски ги опомена координаторите на пратеничките групи и од опозицијата и од власта поради тоа што се' уште не доставиле мислење за предложениот Етички кодекс на парламентот. Предлогот на овој Кодекс е составен според примерот на британскиот парламент, земјите од регионот и балтичките земји и го уредува однесувањето на пратениците, кои пак, треба да го штитат угледот и достоинството на секој пратеник во Собранието.

„За жал, координаторите на пратеничките групи од опозицијата и од власта се' уште не ми доставија мислења по предложениот текст на Етичкиот кодекс. На последната координација го покренав ова прашање, со оглед на досега поставените рокови при што ги задолжив, до наредната координација в понеделник, писмено да ги достават своите забелешки и мислења. Етичкиот кодекс ни е потребен на самите нас, за нашата работа, за самиот парламент, но тој истовремено е одредница за нашиот ЕУ-напредок. Според плановите за реализација на ЕУ-одредниците, очекувам Етичкиот кодекс заеднички да го донесеме до април годинава“, наведува во забелешката Вељаноски.

Предлогот на кодексот беше подготвен од шефот на парламентот уште во јули 2010 година, но тогаш не се постигна заеднички консензус за негово донесување. Овој вид правилник за етичко однесување на народните избраници, Вељановски го актуелизираше пред неколку месеци, а деновиве на координаторите повторно им даде дополнителен рок до понеделник, до кога ќе треба да се изјаснат за неговата содржина и воедно да достават свои предлози, измени или дополнувања.

Од пратеничката група на СДСМ ги отфрлаат забелешките околу поставувањето рокови, но велат дека сепак деновиве ќе го достават својот извештај за текстот на Кодексот.

„Секако дека имаме свои забелешки за овој предлог на текстот, кој секако треба да го донесеме со консензус од сите пратенички групи. Мислам дека не може да стане збор за некакви рокови и, иако правниот тим на СДСМ се' уште го разгледува, ние навреме ќе ги доставиме нашите предлози“, изјави Игор Ивановски, координатор на пратеничката група на СДСМ.

Забелешки ќе има и од пратеничката група на НСДП и ЛП.

„Мислам дека се претерало во некои делови во тој Кодекс, кои се дури и навредливи за самите пратеници. Се одело до таму што се наведуваат и основни работи од општа култура и ние таму ќе реагираме“, наведува координаторот Горан Мисовски. И неговиот колега од пратеничката група на ДУИ Талат Џафери рече дека ќе го достават својот извештај на време, но не сакаше ништо друго да искоментира.

Единствено, потврда не добивме од Силвана Бонева, координатор на ВМРО-ДПМНЕ, која беше на состанок. (Св.У.)


Статијата е прочитана 261 пати.

Испрати коментар



Контоминас посредувал за поткупот во Телеком?
Младите лидери на ВМРО-ДПМНЕ остареле, бараат нови
На Балканот ќе се менуваат границите?
Jа викаат Владата да го гаси пожарот
Напрегнато на запад - Како Струга нема друга
Одете во Струга
МВР на тапет во годишниот извештај на комисијата на Петковски

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, -1°C

Слаби снежни врнежи

Сабота
Слаби снежни врнежи
Макс: 0°C, Мин: -3°C

Недела
Мешавина од дожд и снег
Макс: 2°C, Мин: -6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |