22 Сиромаштијата не може да се намали за една година
Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Економија
15.04.2010, 18:22

Сиромаштијата не може да се намали за една година

Aпсурдно е да се мисли дека националната стратегија за намалување на сиромаштијата може да се имплементира и да даде резултати за една година, смета министерот за труд и социјала, Џељаљ Бајрами.

Се надевам дека во наредните две-три години стратегијата ќе се имплементира и во наредниот период ќе почне да дава резултати“, истакна Бајрами, на вчерашната конференција за Национална стратегија за сиромаштија. Тој додаде Владата презема и други мерки за намалување на сиромаштијата и исклученоста, како што се вработување, поттикнување на образованието и заштитата на најранливите групи. „Намалувањето на сиромаштијата е голем предизвик за сите земји. Таа не е само недостиг од средства, туку и недостиг од можности и еднакви шанси за сите за пристоен живот“, истакна Боид, додавајќи дека честопати граѓаните што се борат со сиромаштијата паралелно се справуваат и со други тешки проблеми. Според неа, исклученоста и маргинализацијата се пренес��ваат и генерациски. „Нужно е да се спречи пренесувањето на оваа исклученост. Сметаме дека пристапот до образование е најефективен начин да се скрши маѓепсаниот круг на сиромаштија и исклученост“, рече таа.

Во 1997 година, во Македонија имало 19 проценти сиромашни. Највисок процент е забележан во 2003 година - 30,2 отсто, а последните податоци од 2008 година покажуваат дека кај нас има 28,7 отсто сиромашни граѓани. (МИА)


Статијата е прочитана  пати.


Испрати коментар

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 4°C

Магла

Четврток
Сончево
Макс: 6°C, Мин: -3°C

Петок
Делумно облачно
Макс: 7°C, Мин: 0°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – ТИТОВА СОВЛАДЕТЕЛКА (43)
Дилемите по шлаканицата.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Втора страница | На прво место | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Едиторијал | Анализа | Мислења | Писма | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Некролог | Хороскоп | Што прават денеска | Магазин | Дипломатски магазин |