Бијонсе
Добрата тетка ќе биде супер мајка
„Бијонсе не може да го дочека моментот да има деца со својот Џеј Зи, а кога ќе се случи тоа таа ќе биде најдобрата, најприродната мајка на светот“, мисли нејзината сестра Соланж.
Сексапилната пејачка планира деца и тоа во најскоро време, открива понатаму нејзината сестра, која го има шестгодишниот син Даниел.
„Таа го обожава Даниел. Секаде шетаат заедно, пред неколку дена бевме низ Европа, а тие двајца како да се натпреваруваа кој ќе биде попалав, како детството да не поминува никогаш... Сите добри тетки потоа стануваат супер мајки“, изјави Соланж за „Дејли мирор“. |