Број 3633  понеделник, 18 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Македонија

Избрани 12 судии и еден претседател на суд



18.07.2011, 13:46

Милка Стефкова од скопскиот Апелационен суд и Јелица Крстовска од Управен Суд се новоизбраните судии на Врховниот суд на денешната седница на Судскиот совет. Останува уште едно празно судиско место.

Судијката Стефкова беше дел од Судскиот совет во случајот за тутунскиот бос Бајруш Сејдиу и гласаше против негово ослободување, а колегите Јордан Митриновски и Исмаил Лимани беа разрешени поради одлуката на Сејдиу да му се одреди домашен притвор.

Министерот за правда Михајло Маневски, кој денеска за последен пат го искористи своето право на глас, на вчерашните обвинувања од СДСМ дека за судијата Владимир Туфегџиќ ќе издејствува унапредување, рече дека не се вистинити, бидејќи Туфегџиќ денеска не беше ниту предложен за судија во Апелациониот суд.

„Судскиот совет е во постојано заседание и мислам дека не е точно дека специјално е свикан судскиот совет во време на годишни одмори и дека наменска била седницата. Судскиот совет континуирано заседава затоа што има одредени ситуации кога судскиот совет мора да се состане во зависност од тоа кога и каква одлука треба да се донесе“, рече Маневски.

Во Апелациониот суд – Скопје се селат судиите, гостиварскиот адвокат Африм Фидани и Лидија Тасева. Во Основен суд 1 нови судии се Лирие Елези и Лидија Грубиќ-Трајковска.

Според одлуката на Судскиот совет, во битолската апелација судиско место добија Лилјана Чочкова и Славица Мирковска, а за трет судија повторно ќе се распише оглас. На судиското столче во Основниот суд – Куманово ќе седне Марија Скалова.

Основниот суд во Штип ги доби судиите Анита Јорданова, Маја Џорлева и Александар Цацков. За Штипската апелација и Основниот суд во Крушево, членовите на Советот не дадоа предлог за судија така што овие две места остануваа непополнети.

Судскиот совет требаше да избере вкупно 16 судии, но денеска беа избрани 12 судии и претседател на Основен суд - Штип



#
Статијата е прочитана 769 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Насловна
10 прашања
Цвета бизнисот во улицата на црвените фенери
Хилари Клинтон во Атина
Од уметност можеш секаде да живееш
Добро се снајде во лезбиска улога
Колапс на совеста
Владата ќе се бира на 27. јули
Добрата тетка ќе биде супер мајка
Квазипатриотите во акција
Новинарските здруженија реагираат на измените на Законот за радиодифузија
Скара, најомилена машка релаксација
Европа без Турција
Дамовски сведочеше во процесот за обвинетите од „Перо Наков“
Живкица Каленикова - радио и ТВ-водителка
Поскапуваат бензините и дизелот
Државата ќе заплени стан од најблиските на Даравелски
На прагот сме на нова финансиска криза
Карикатура
Сити го продаде Тевез за 45 милиони евра
Изгласани измените на Законот за знамиња
Меркел - Еврото не е во опасност
Онлајн вести

"""