Новинарите реагираат на измените на Законот за радиодифузија
18.07.2011, 15:18
Здружението на новинарите на Македонија, Македонскиот институт за медиуми и Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници денеска изразија загриженост за предложените измени на Законот за радиодифузна дејност со кој се предлага зголемување на бројот на членови на Советот за радиодифузија .
Тие сметаат дека промената на законот по брза постапка без притоа да се вклучат медиумите, експертите и релевантните организации, дополнително ја комплицира ситуацијата со медиумите. Од здруженијата велат дека побарлае измените да бидат повлечени и за нив да се дебатира.
Од трите организации велат дека писмено ќе се обратат до сите странски релевантни институции во врска со измените на Законот со кои не се согласуваат. Измените на Законот за радиодифузна дејност со кои се предвидува да се зголеми регулаторното тело од 9 на 15 члена се на дневен ред на денешната седница на Собранието.
|