Број 3633  понеделник, 18 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Дамовски сведочеше во процесот за обвинетите од „Перо Наков“

18.07.2011, 15:36

На денешното рочиште за судскиот процес ,,Пајажина“ одбрана даде поранешниот управител на ,,Време еч“ Александар Дамовски кој изјави дека за финансиското работење на весникот одговорни биле службите од „Перо Наков. На неговиот исказ реагираа адвокатите на Рамковски.

„Јас бев само управител и втор потписник, сопственик на фирмата беше Ерхан Чичек, негов застапник беше Велија Рамковски, а за целото сметководствено и финансиско работење беше одговорен тимот на Рамковски од „Перо Наков“, ова денеска пред судот го изјави Александар Дамовски поранешен управител на компанијата „Време Еч“, издавач на весникот Време.

Сведочењето на Дамовски и неговата одбрана предизвика реакции од адвокатите на Рамковски.

Дамовски пред судот рече дека останува на исказот даден пред истражниот судија за време на истрагата, но адвокатите на Рамковски бараа тој да одговара на прашањата бидејќи сведочел пред друг истражен судија и обвинител. Судот сепак реши да го сослуша обвинетиот Дам��вски, кој изјави дека не се чувствува виновен.

Рече дека тој како новинар и уредник во 2003-та заедно со Рамковски и со уште еден новинар, Ѓорѓи Барбаровски, се договориле да отворат нов весник „Време“, кој ќе го издава компанијата „Време ЕЧ“, за која ќе биде впишан како сопственик турскиот државјанин Ерхан Чичек.


#
Статијата е прочитана 487 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Насловна
10 прашања
Цвета бизнисот во улицата на црвените фенери
Хилари Клинтон во Атина
Од уметност можеш секаде да живееш
Добро се снајде во лезбиска улога
Колапс на совеста
Владата ќе се бира на 27. јули
Добрата тетка ќе биде супер мајка
Квазипатриотите во акција
Новинарските здруженија реагираат на измените на Законот за радиодифузија
Скара, најомилена машка релаксација
Европа без Турција
Живкица Каленикова - радио и ТВ-водителка
Поскапуваат бензините и дизелот
Државата ќе заплени стан од најблиските на Даравелски
На прагот сме на нова финансиска криза
Карикатура
Сити го продаде Тевез за 45 милиони евра
Изгласани измените на Законот за знамиња
Избрани 12 судии и еден претседател на суд
Меркел - Еврото не е во опасност
Онлајн вести

"""