Брoj 2765  понеделник, 18 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Волшебни 9,69 сек. на Болт на 100 м

Нов светски рекорд и прво олимписко злато за Јамајка во спринтот, Пауел само петти, Геј не се пласира во финалето

Јусеин Болт од Јамајка супериорно го освои златниот медал на 100 м на Олимписките игри во Пекинг, прославувајќи го со кренати раце во последните 20 м и новиот светски рекорд од шокантни 9,69 сек. Првата олимписка титула за неговата земја во спринтот е дополнителна причина за величање на 21-годишниот атлетичар, во чија сопственост беше и досегашното најдобро време во оваа тркачка дисциплина од 9,72 сек. Ричард Томпсон од Тринидад и Тобаго го освои среброто со 9,89 сек., а бронзата му припадна на Американецот Волтер Дикс со 9,91 сек. Дури шестмина од осумтемина финалисти истрчаа под 10 сек.

Времето што го постигна Болт ќе беше многу подобро ако во финишот од трката не се вртеше наоколу и не ги кренеше рацете во победоносен „танц“ на 20 м пред целта.

„Не се перчев“, изјави Болт откако трпеливо ги прими честитките од навивачите на Јамајка на трибините на Олимпискиот стадион во Пекинг. „Кога видов дека нема никој во близина, едноставно, бев среќен. Отсекогаш сум бил најбрз. Ви реков дека се' што правам е да бидам број еден и го сторив токму тоа. Навистина не се грижев дали ќе истрчам брзо. Мојата единствена цел беше да станам шампион“.

Ова е првпат светскиот рекорд на 100 м да биде урнат на финалето на Олимпијада по Канаѓанецот Донован Бејли во 1996 година. Јамајканецот Асафа Пауел, чиј светски рекорд Болт го подобри во мај, повторно не успеа на големите натпреварувања, завршувајќи на разочарувачкото петто место.

„Моите нозе беа мртви“, изјави Пауел. Тој беше дефинитивно недопирлив вечерва. Јусеин е спектакуларен. Многу сум среќен за него“.

Светскиот првак Тајсон Геј од САД не успеа ни да се пласира во финалето, откако беше само петти во својата полуфинална група, уништувајќи ги очекувањата за директен дуел на тројцата најбрзи мажи во историјата. Но, и без него атмосферата достигна точка на вриење пред финалето во кое настапија дури шестмина спринтери од Карибите и двајца Американци.

Болт, кој е висок 1,96 м, никогаш, па ни сега не беше најбрз на стартот, но тргна доволно добро, со главата надолу и со крупни чекори изби на чело по првите 25 м.

„Имав извонреден старт“, изненади тој. „Добро стартував во сите три квалификациски трки до финалето. Станував се' подобар и подобар. Тоа беше лудо, феноменално“.

Водејќи убедливо на 70 м, тој фрли поглед надесно за да види каде е Пауел и кога не виде ништо друго освен празна патека - почна да слави. Специјалистот за 200 м, кој годинава пред Пекинг истрча само една професионална трка на двојно покусата дистанца, сега ќе го сврти своето внимание кон повторување на успехот на Карл Луис од ОИ 1984 во Лос Анџелес, каде што Американецот беше „златен“ и на 100 м и на 200 м.

Решен да го избегне потешкиот режим на тренирање на 400 м, Болт минатата година се договори со својот тренер дека, во случај да го собори рекордот на Јамајка на 200 м, да му биде дозволено да се испроба на 100 м. Љубителот на регето се оддолжи со импресивни 10,03 сек. во своето деби во оваа дисциплина минатиот јули во Грција. Светскиот вицешампион на 200 м продолжи таму каде што застана со идентичен резултат во првиот натпревар во 2008, но неговата трета трка во Кингстон беше пресвртна. Неговото време од 9,76 сек. тогаш беше второто најдобро во историјата, а тренерот Глен Милс забележа дека ќе го соборел рекордот на Пауел од 9,74 сек. ако во финишот не се свртел за да провери каде се ривалите.

Уште подоброто допрва следуваше. Во Њујорк, во последниот ден од мај, Болт како молња ја помина патеката за 9,72 сек. Јамајка доби нов светски рекордер.

Играчот на крикет пред да премине меѓу атлетичарите, Болт првпат својот талент го покажа кога стана најмладиот светски јуниорски шампион на 200 м во Кингстон 2002, кога имаше 15 години. Сега тој ќе остане запаметен како атлетичарот што му го донесе првото злато на својот остров, кој во Линфорд Кристи, во Донован Бејли и во посрамотениот Бен Џонсон „произведе“ тројца олимписки прваци на стотката за други земји.


Статијата е прочитана 322 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Роси победник во Чешка, Стоунер падна
Македонија ја збриша Романија со 51. поен разлика
Фелпс ги освои осумте злата
Леб седми пат најдобар во Германија
Успешен старт на Арсенал и Ливерпул
Рожман 69. меѓу 85 учеснички на 100 м
Златно крунисување на Рафаел Надал
Магдинчев и Русевски посрамотени во Сомбор
Федерер- Ова е како сон
Тројна победа на Русинките
Емонс го повтори киксот од Атина
Освоени медали
Допингувана бранителката на титулата Халкија од Грција
Троен триумф на Јамајка во женскиот спринт
Полуфинален фудбалски судир на Бразил и Аргентина
РЕЗУЛТАТИ

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.