Брoj 2765  понеделник, 18 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Полуфинален фудбалски судир на Бразил и Аргентина

Во второто полуфинале ќе се сретнат Белгија и Нигерија

Двата јужноамерикански фудбалски џина Бразил и Аргентина сакаа да се сретнат во финалето на фудбалскиот турнир во Пекинг, но ќе мора одлуката за подобриот во моментов да падне во полуфиналето. И двете селекции местото меѓу четирите репрезентации го обезбедија дури по продолженијата.

„Кариоките“ во дополнителните минути го елиминираа Камерун со 2:0, додека „гаучосите“ се изборија за полуфинале, откако ја победија Холандија со 2:1. Регуларниот дел заврши со 1:1, со головите на Меси во 14 минута, и на Бакал во 36 минута. Во 105 минута од продолженијата Ди Марија стана херој на Аргентинците, по одличната асистенција на Меси. Во второто полуфинале ќе играат Белгија и Нигерија. Белгија ја шокира Италија со победата од 3:2, по која го чекаше победникот од дуелот Нигерија - Брегот на Слонова Коска. Нигеријците на крајот славеа со 2:0, со головите на Одемвинге во финишот од првиот дел и на Обина на 10. мин. пред крајот.


Статијата е прочитана 299 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Роси победник во Чешка, Стоунер падна
Македонија ја збриша Романија со 51. поен разлика
Фелпс ги освои осумте злата
Леб седми пат најдобар во Германија
Волшебни 9,69 сек. на Болт на 100 м
Успешен старт на Арсенал и Ливерпул
Рожман 69. меѓу 85 учеснички на 100 м
Златно крунисување на Рафаел Надал
Магдинчев и Русевски посрамотени во Сомбор
Федерер- Ова е како сон
Тројна победа на Русинките
Емонс го повтори киксот од Атина
Освоени медали
Допингувана бранителката на титулата Халкија од Грција
Троен триумф на Јамајка во женскиот спринт
РЕЗУЛТАТИ

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.