Брoj 2765  понеделник, 18 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Емонс го повтори киксот од Атина

И во Пекинг, како и на ОИ 2004, стрелачот од САД го загуби златото со катастрофален последен истрел

Американскиот стрелач Мет Емонс вчера го направи тоа што секогаш го прави кога го испушта златниот олимписки медал со последниот истрел - се насмеа низ заби, се смири и се утеши со чаша пиво. Пред четири години во Атина 27-годишниот сметководител пукаше во погрешна цел во трката по златото, по што ја запозна својата денешна сопруга, која му пријде за да му изрази сочувство.

„Сега ќе излезам и ќе се изнапијам пиво“, им изјави на новинарите спортистот со неверојатна смисла за хумор откако уште поневеројатно во последната серија го прокоцка водството од 3,3 поени.

„Нештата се случуваат со причина“, објасни тој. „Минатиот пат се случи потоа да ја сретнам Кејти. овој пат не знам што ќе биде, но сигурен сум дека нешто добро ќе излезе од ова“.

Емонс ја сретна својата идна жена Катерина Куркова во импровизираната пивница во Атина само неколку моменти по големиот кикс, катастрофалниот истрел во туѓа цел што го фрли од првото на осмото место. Куркова тогаш коментираше за Чешката телевизија откако заврши со својот настап и беше толку вознемирена од неговиот поразителен истрел што отиде кај него за да му се претстави и да му каже дека смета оти тој е најдобриот стрелач во светот.

Чешката стрелачка, денес ѓоспоѓа Емонс откако се венчаа минатата година, освои златен и сребрен медал во Пекинг и се наоѓаше на трибините кога нејзиниот сопруг се натпреваруваше со воздушна пушка од 50 м тростав. ТВ-гледачите од целиот свет ги видоа нејзината стегната вилица и широко ококорени очи во хоророт што му се повтори на Мет Емонс, кој повторно го загуби златото со нервозно притискање на чкрапаолото за дел од секундата пребрзо во последната серија, во која и мизерни 6,7 ќе беа доволни за да го освои златниот медал. Тој истрела 4,4!

„Едноставно, не сакаше да биде“, изјави Катерина Емонс подоцна.

Мет Емонс беше еднакво филозофски настроен, фокусирајќи се на позитивното. Тој беше на дофат на олимпискиот рекорд со брилијантна стрелба во текот на 120. квалификациски серии и во деветте финални, од кои седум му беа 10,0 или подобро.

„По ѓаволите, не знам. Ова покажува дека се случуваат вакви работи. Се разбира дека луѓето ќе го паметат ова - дека бев двапати на Олимпијада, двапати во финалето и двапати во истата положба“, вели тој. „Но, имало и многу други финалиња, во кои мојот последен истрел бил многу добра десетка“.


Статијата е прочитана 126 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Роси победник во Чешка, Стоунер падна
Македонија ја збриша Романија со 51. поен разлика
Фелпс ги освои осумте злата
Леб седми пат најдобар во Германија
Волшебни 9,69 сек. на Болт на 100 м
Успешен старт на Арсенал и Ливерпул
Рожман 69. меѓу 85 учеснички на 100 м
Златно крунисува��е на Рафаел Надал
Магдинчев и Русевски посрамотени во Сомбор
Федерер- Ова е како сон
Тројна победа на Русинките
Освоени медали
Допингувана бранителката на титулата Халкија од Грција
Троен триумф на Јамајка во женскиот спринт
Полуфинален фудбалски судир на Бразил и Аргентина
РЕЗУЛТАТИ

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.