Брoj 2765  понеделник, 18 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Магдинчев и Русевски посрамотени во Сомбор

Најдобрите македонски тенисери Лазар Магдинчев и Предраг Русевски, кои заедно се 611. на АТП-листата во двојки, си дозволија луксуз да загубат во полуфиналето на фјучерсот во српскиот град Сомбор, со награден фонд од 10.000 американски долари, и тоа од дубл рангиран дури 1018 места послабо од нив! Првите фаворити на турнирот го добија првиот сет со 7-6 (6) против третите носители Александар Словиќ од Србија и Горан Тошиќ од Црна Гора, но убедливо го загубија вториот со 6-2, а потоа со 10-8 и тај-брејкот по принципот кој прв до десет поени.

Магдинчев, Русевски, Илија Мартиноски, Димитар Грабулоски и Шендрит Деари од Сомбор се преселија во Суботица, каде што неделава ќе настапат на уште еден фјучерс од серијата турнири од најслаб ранг кај северниот сосед. Првите тројца се директно на главниот турнир, а Грабулоски и Деари ќе играат во квалификациите.

Најмладиот репрезентативец Томислав Јотовски и Васко Здравкин, пак, преку квалификациите ќе се обидат да се пробијат до главниот турнир на фјучерсот во бугарскиот град Добрич. (Р.Д.)

 


Статијата е прочитана 303 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Роси победник во Чешка, Стоунер падна
Македонија ја збриша Романија со 51. поен разлика
Фелпс ги освои осумте злата
Леб седми пат најдобар во Германија
Волшебни 9,69 сек. на Болт на 100 м
Успешен старт на Арсенал и Ливерпул
Рожман 69. меѓу 85 учеснички на 100 м
Златно крунисување на Рафаел Надал
Федерер- Ова е како сон
Тројна победа на Русинките
Емонс го повтори киксот од Атина
Освоени медали
Допингувана бранителката на титулата Халкија од Грција
Троен триумф на Јамајка во женскиот спринт
Полуфинален фудбалски судир на Бразил и Аргентина
РЕЗУЛТАТИ

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.