Брoj 2765  понеделник, 18 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Троен триумф на Јамајка во женскиот спринт

Галкина-Самитова од Русија со нов светски рекорд на 3.000 м стиплчез

Јамајка ја потврди доминацијата во спринтот, откако по фантастичниот светски рекорд на Усеин Болт на 100 м карипската островска држава оствари комплетен триумф во оваа дисциплина и во женска конкуренција. Шели Ен-Фрејзер со личен рекорд од 10,78 сек. го предводеше јамајканското трио, а Шерон Симпсон и Кирон Стјуарт со идентично време од 10,98 сек. го поделија сребрениот медал. Поранешната светска првенка, Американката Лорин Вилијамс, со 11,03 сек. остана без медал.

Русинката Гулнара Галкина-Самитова го освои златниот олимписки медал на 3.000 м стиплчез со нов светски рекорд од 8:58,81 мин. Таа е првата жена со резултат под девет минути во дисциплината што во Пекинг првпат е вклучена во атлетската програма. И претходниот рекорд од 9:01,59 мин. беше во нејзината сопственост, а беше поставен на 4 јули 2004 година во грчкиот град Хераклион на островот Крит.

Јунис Џепкорир од Кенија го освои сребрениот медал со нов африкански рекорд од 9:07,41 мин., а славењето на Русите го надополни минатогодишната светска шампионка Екатерина Волкова, која стигна до бронзата со личен рекорд од 9:07,64 мин. Галкина-Самитова беше во водство од самиот почеток, зголемувајќи ја предноста во однос на најблиските гонителки на цели 50 метри пред да влезе во последниот круг.

Отсуството на бранителката на титулата во маратон Мизуки Ногучи од Јапонија го искористи Романката Константина Томеску за триумф во најтешката атлетска дициплина. Речиси половина од трката 38-годишната ветеранка ја истрча сама откако се одвои од групата, а во последните 10 км имаше една минута предност. Неа во завршницата дури и ја зголеми, освојувајќи го златото со нов личен рекорд од 2:26,44 ч.

Околу 50.000 гледачи на Националниот стадион во Пекинг ја поздравија новата олимписка првенка, а вистинска еуфорија настана кога за среброто рамо до рамо се бореа Кетрин Ндереба од Кенија и Кинеската Чунџеи Жоу. Кенијката беше подобра за само една стотинка и го освои второто место со резултат 2:27,06 ч.

Примож Козмуш и' го донесе првиот златен медал на Словенија на Игрите, победувајќи во фрлање кладиво со 82,02 м во вториот обид. Белорусинот Вадим Девјатовски го освои среброто со 81,61 м., а бронзата му припадна на неговиот сонародник, светскиот шампион Иван Цихан со фрлање од 81,51 м.


Статијата е прочитана 80 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Роси победник во Чешка, Стоунер падна
Македонија ја збриша Романија со 51. поен разлика
Фелпс ги освои осумте злата
Леб седми пат најдобар во Германија
Волшебни 9,69 сек. на Болт на 100 м
Успешен старт на Арсенал и Ливерпул
Рожман 69. меѓу 85 учеснички на 100 м
Златно крунисување на Рафаел Надал
Магдинчев и Русевски посрамотени во Сомбор
Федерер- Ова е како сон
Тројна победа на Русинките
Емонс го повтори киксот од Атина
Освоени медали
Допингувана бранителката на титулата Халкија од Грција
Полуфинален фудбалски судир на Бразил и Аргентина
РЕЗУЛТАТИ

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.