В недела отворање на ЕП (Б) за кошаркарки во Охрид
Женската кошаркарска репрезентација на Македонија до 20 години
В недела (21.30 ч.) на градскиот плоштад во Охрид свечено ќе биде отворено Европското првенство (Б-дивизија) за кошаркарки до 20 години. Селекторот на македонската репрезентација Александар Петровиќ се одлучи за следните 12 кошаркарки: Рајчиновска, Јаневска, Иванова, Тантуровска, Антиќ, Догазанска, Митрашиновиќ, Божиновска, Раденковиќ, Хоџа, Василевска, Решкоска. Првиот меч е на 7 јули против Изреал.
„Сите девојки кои дојдоа на подготовките дадоа се од себе и ми беше тешко да се решам. Имавме кратко време за подготовки и се обидовме да надоместиме некои недостатоци. Атмосферата е одлична и со нетрпение го чекаме стартот“, изјави Петровиќ и додаде: „Ние сме најмлада екипа на турнирот. Ниту една девојка нема 20 години, а две три се со 19. Оваа генерација има талент, а важно е во првиот меч против Изреал да извојуваме победа. |