Број 3027  сабота, 04 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Ѓоковиќ го избрка татко му од ложата на мечот со Хас

Го избрка својот татко Срѓан, братот Ѓорѓе и комплетниот стручен штаб на чудење на присутните гледачи

„Ма, дајте оставете ме веќе! Носите се сите одовде!, викна Новак Ѓоковиќ при водство на Томи Хас од 6:5 во вториот сет од чертвртфиналето на Вимблдон. И додека Германецот се одмораше меѓу двата гема, Ноле правеше ред на трибините. Го избрка својот татко Срѓан, братот Ѓорѓе и комплетниот стручен штаб на чудење на присутните гледачи. И дозволи да остане само на својата мајка Дијана.

Таа чистка во ложата, сепак, не му помогна на Ѓоковиќ, кој загуби од Хас во три сета. Целиот меч српскиот тенисер беше нервозен, а се почна кога во неколку наврати му дофрли неколку тешки зборови на словачкиот тренер Марјан Вајда, ставајќи го прстот на главата, сакајќи да му каже дека е луд. По споменатите 6:5 во вториот сет татко му Срѓан нешто му довикна и тука се пукна. „Не бев лут на никого од ложата. Лут бев на самиот себе. Знаете кого гледате дека не ви оди, се обидувате да најдете поддршка од трибините. Но, тие не можат ништо, освен да ме поддржат“, изјави Ѓоковиќ по мечот.

Ова е само продолжение на приказната за кавгата на Ѓоковиќ со својот татко, која започна на белградскиот Србија опен, кога за време на мечот со Сепи исто така му нареди да си ги собере работите и да ги напушти трибините. Подоцна изјави дека бил загрижен за здравјето на татко му поради можната нервоза, бидејќи претходниот ден бил во болница. Иако, сезонава во главно играше добро на сите подологи, падот во играта е се поочигледен. По судирот со Вајда се поставува прашањето и за нов тренер: „Воопшто не размислувам за смена на тренерот. Очигледно имам проблеми со себе, во главата, бидејќи физички се чувствувам одлично и добро тренирам“, порача четвртиот тенисер во светот.



Влезница за финалето

10.000 евра!



Иако, уште не го ни одигра полуфиналниот меч со Енди Родик Британците беа сигурни дека Енди Мари ќе се пласира во финалето, па затоа цената на влезниците за последниот меч на Вимблдон скокна на 10.000 евра. Црниот пазар постои и на Вимблдон благодарејќи на елитата која има постојани места и јавна тајна е дека ги продава влезниците за солени цени. Од 15.00 места на централниот терен 2.3000 припаѓаат на постојаните „носители“.

Портпаролот на Ол Ингланд Клаб вака го коментираше наведениот судир на интереси: „Благодарејќи на они кои имаат постојани места може да вложуваме во проекти, како што беше покривот. За возврат мислиме дека е фер да им допуштиме да тргуваат со влезниците, ако тоа го сакаат. Но мора да нагласам дека влезниците во секој случај завршуваат во фанатичните љубители на тенисот“.

Инаку, Ол Ингланд КЛуб секои пет години заработува огромни пари на постојаните влезници. На последниот круг во 2006 година заработи фантастични 46 милиони фунти! Секоја петгодишна влезница вреди 23.150 фунти. За таа сума купувачот добива п�� една влезница за Централниот терен секој ден на турнирот. Посебно интересно е што Вимблдон ја поттикнува продажбата на овие влезници на веб страниците како би се продавал официјално - на „белиот пазар“.

Но агенциите за продажба на влезници ги земаат несаканите влезници и од потсојаните посетители за да заработат добро. Така Виагого огласува продажба на вистински влезници за вистинска цена од 8.460 фунти!


#
Статијата е прочитана 1390 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Двајца Македонци на СП до 17 години
Ракометните кадетки на ЕП преслушани и од Чешка
Ренова тврд орев во Минск
Работнички подобар од Хоризонт (Т)
В недела отворање на ЕП (Б) за кошаркарки во Охрид
Бабунски од денеска селектор на младите
Федерер по седми пат во низа финалист на Вимблдон
Русевски отпадна и дефинитивно
Аристократски старт на Тур де Франс
Фудбалски вести